Топ-100
Back

ⓘ Мокрински Извори - извори кои се наоѓаат во близина на селото Мокрино, Општина Ново Село, Македонија. Се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморск ..




Мокрински Извори
                                     

ⓘ Мокрински Извори

Мокрински Извори - извори кои се наоѓаат во близина на селото Мокрино, Општина Ново Село, Македонија.

Се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри. На ова место секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села каде се дава курбан, во чест на изворите, кој обичај на давање курбан е многу стар.

Според легендата, годината кога не се дало курбан, изворите пресушиле, поради кое жителите веќе на 4 август повторно дале курбан по кое водата повторно протекла. Поради тоа, оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот.

Од трите Мокрински извори истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се смета дури дека тој е поврзан со Дојранско Езеро. Поради количеството и силината на овие води, во минатото околу овде имало многу воденици.

                                     
  • наоѓаат Мокринските Извори каде секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села. Од трите Мокрински извори истекуваат 40 литри

Users also searched:

...