Топ-100
Back

ⓘ Подземен свет. Подземниот свет или подземјето било место каде што мртвите преминувале после нивната смрт. Старогрчките поети не биле многу прецизни при неговото ..




Подземен свет
                                     

ⓘ Подземен свет

Подземниот свет или подземјето било место каде што мртвите преминувале после нивната смрт. Старогрчките поети не биле многу прецизни при неговото опишување. Хомер сметал дека подземјето било место на сенки, место каде ништо не било сосема реално. Според него, подземниот свет бил исполнет со кошмарни чувства. Според верувањето на Старите Грци, во Лебадија, Трофониј и Агамед имале пештера која претставувала едно од местата низ кои се слегува во подземниот свет. Често, во пештерата доаѓале луѓето и ја поминувале ноќта лежејќи на земјата, со желба Трафониј, Агамед или некое друго хтонско божество да им се појават на сон. Понекогаш, некои од нив се враќале на земјата и раскажувале за тоа што им се случило во пештерата, како: Тракиецот Замолксис, Ер во десеттата книга на Платоновата "Република", итн.

Подоцна, латинските поети, како Вергилиј, го опишале подземниот свет како место во кое злобните биле казнети, а добрите наградени со животот после смртта. Виргилиј и географски ја одредил положбата на подземјето, патот до него водел низ местото каде реката Ахерон се влевала во реката Кокитус.

Смртниците, и добри и зли, откако ќе починеле преминувале во подземниот свет. Таму нивниот дух го очекувал судот. Нивната судбина зависела од тоа колку биле храбри и праведни во животот. Оние кои на било кој начин ги навредиле Боговите со сигурност исчекувале страшни измачувања, но оние кои правеле добрини биле наградувани со задгробен живот исполнет со среќа.

За разлика од јудеохристијанските верувања, според Вергилиј, времето течело во подземниот свет, и живите и мртвите можеле да општат. Правилата, се чини, биле создавани само за некој да може да ги прекрши. Постојат многу митови сместени во подземјето во кои некој од светот на живите се обидува да спаси некого од подземниот свет, или пак Боговите го праќаат да им донесе нешто токму од таму. Токму од овие митови најдобро се дознава за распоредот на нештата во подземниот свет, за неговите правила и за неговите жители.

                                     
  • во филмот Подземен свет Underworld од 2008 година и оттогаш глуми во филмот Ван Хелсинг Van Helsing од 2004 година, Подземен свет Еволуција Underworld:
  • долги речиси 530 километри. Индијанците го познавале овој фантастичен подземен свет уште пред 4.000 години - во неа се пронајдени камени врвови од копја
  • како Один, Тор, Фриг, Балдер, Тир... Хел, пеколниот подземен свет и дом на мудрите џуџиња. Секој свет потоа, има свои посебни значајни места, како Валхала
  • мајка на Огдоадата, а дека таткото е Тот. Во Дуат Дуант египетскиот подземен свет срцето на умрените било мерено со нејзиниот единствен пердув од богот
  • пол Тартар голема пеколна дупка која се сметала и за божество и за подземен свет машки пол Ерос љубов, копнеж машки пол. Најчесто, родословот
  • Саронскиот Залив бил низа од шест влеза во подземниот свет секој од нив под стража на подземен непријател во облик на крадец или разбојник. Во заливот
  • на пештерата, со исклучок на влезниот канал 85 м присутен е постојан подземен водотек. За време на пролетните месеци при топењето на снегот и висок водостој
  • образуваат фамилија на глодачи која обединува ријачки цицачи адаптирани кон подземен начин на живеење: слепото куче, бамбусовиот стаорец и цокорите. Оваа фамилија
  • станишта со меки почви, меѓу кои и песочни пустини. Начинот на живеење е подземен и ријачки. Златокртовите, како и обичните кртови, градат сложени системи
  • имал неколку работни места, а од 1927 година станал дел од парискиот подземен свет На 23 март 1930 година бил застрелан со еден истрел сутеньора Роланд
  • напиша: Hüsker Du одигра огромна улога во убедувањето на т.н подземен музички свет дека помелодичната музика и панк рокот не се антитеза. Бендот

Users also searched:

...
...
...