Топ-100
Back

ⓘ Превозни средства ..




                                               

Превозно средство

Превозно средство е општ поим за разните видови на транспорт за превоз на луѓе и товар. Кога при едно патување се користи повеќе од едно превозно средство, патувањето нарекува "повеќеначинско" или "мултимодално".

                                               

Автобус

Првиот автобус во светот бил произведен во 1801 година, од страна на Ричард Тревитик, а неговата демонстрација се одржала на 24 декември истата година во Кемброн, Англија. Тоа бил автобус со парна машина, а можел да носи осум патници. Првиот автобус со мотор со внатрешно согорување работел на бензин, а бил изработен во Германија во периодот 1894-1895 од страна на "Бенц". Тој располагал со 8 седишта. Првиот градски автобус со мотор со внатрешно согорување се појавил на 12 април 1903 година, во Лондон. Тој бил дизајниран за 25 патници, тежел 6 тони, а силата на моторот изнесувала 26 кс.

                                               

Автомобил

Автомобил или моторно возило е возило за превоз на патници кое има сопствен погон. Повеќе дефиниции за овој израз нагласуваат дека автомобилите се направени да се движат по сувоземни патишта, да обезбедат место за седење за патници - од еден до осум патника, да имаат главно четири тркала и да бидат конструирани првенствено за транспорт на патници. Сепак, изразот "автомобил" не е воопшто прецизен, затоа што постојат многу видови на возила кои извршуваат слични задачи.

                                               

Балон

Балон е флексибилна кеса за надувување која се полни со вид на гас, како што се хелиум, водород, диазотен оксид или воздух. Современи балони може да се направени од материјали како што се гума, латекс, неопрен, ткаенина или најлон, а раните балони понекогаш биле направени од исушен животински мочен меур. Некои балони се исклучиво декоративни, додека други се употребуваат за специфични цели, како што се уметностите, медицински третман, воената одбрана, или превоз. Релативно ниската цена како и ниската густина на балонот му доведело до широк опсег на апликации во модерниот свет.

                                               

Велосипед

Велосипед - возило придвижувано од човек со помош на педали. Велосипедот има две тркала прикачени на рамка, едно зад друго. Човекот кој го вози велосипедот се нарекува велосипедист. Велосипедите се појавиле во XIX век во Европа и до 2003 година се произведени повеќе од една милијарда, двапати повеќе отколку бројот на произведени автомобили. Тие се едно од основните средства за превоз во многу области. Исто така се широко распространет облик на рекреација, прифатени се да се користат како детски играчки, за физичка активност, се користат во војска и полиција, курирски служби и велосипедски ...

                                               

Гондола

Гондола е чамец за пловидба на плитки води и е единствен во Венеција и нејзините бројни канали со што го симболизира угледот на романтичен град. Потеклото на зборот гондола никогаш не е точно утврден и покрај многуте интересни теории.

                                               

Лежипед

Лежипед - велосипед на кој велосипедистот се наоѓа во лежечка или полулежечка положба. Лежечката положба има ергономска и аеродинамичка цел. Што се однесува до ергономијата, тежината на велосипедистот е распоредена по целиот грб на велосипедистот што ѝ погодува на удобноста на возењето и ја исклучува можноста за концентрација на поголема телесна тежина на помал дел на телото како што е случај со карлицата, дланките и стапалата како што е случај кај исправениот велосипед. Легнатата позиција на телото на велосипедистот прави помал отпор на воздухот во однос на исправениот велосипед и со тоа ...

                                               

Моторно возило

Моторно возило е секое возило на моторен погон, со исклучок на мотоцикл, кое вообичаено се користи за превоз на лица или стока на патишта или за влечење на возила на патишта што се користат за превоз на лица и стока и кое има најмалку четири тркала и максимално проектирана брзина над 25 км/ч.

                                               

Пајтон

Пајтон – луксузна отворена, со настрешница, коњска кола за превоз на патници. Пајтоните се појавиле на почетокот на 19 век и биле влечени од еден или два коња. Типично за пајтоните се 4 големи тркала и сразмерно мало тело што го прави брз, но нестабилен и опасен. Пајтоните служеле за превоз на патници и багаж, но некои од нив биле специјализирани за превоз на пошта. Денес пајтоните се користат како туристичка атракција и за забава. Во знак на екстравагантност понекогаш матурантите ги користат за да стигнат на матурската вечер или младоженците за на свадба.

                                               

Саморамнотежна двоколка

Саморамнотежна двоколка, жироскопска двоколка или саморамнотежен скутер, често наведуван како лебдечка даска - преносливо возило на електричен погон кој се напојува од акумулатори. Се состои од две тркала поставени паралелно едно покрај друго, со мала платформа меѓу нив на која стои управувачот. Управувачот го контролира уредот со своите стапала, стоејќи на вградените жироскопски сетилници. Во 2014 година повеќе вакви уреди се појавиле во Кина, а во 2015 година, станале многу популарни во Соединетите Држави по бројни појавувања на славни личности со нив.