Топ-100
Back

ⓘ Агломер. Во геометријата, агломер е транспарентна кружна или полукружна алатка за мерење на агли. Единиците мерки кои се употребуваат на агломерот се степени. С ..




Агломер
                                     

ⓘ Агломер

Во геометријата, агломер е транспарентна кружна или полукружна алатка за мерење на агли. Единиците мерки кои се употребуваат на агломерот се степени. Симбол на степенот е °.

Секој агломер има центар и основна линија, како и две скали со броеви во степени за мерење на агли во двете насоки во насока на движењето на стрелките на саатот, или во спротивната.

Основната линија не е дното на агломерот, туку е паралелна со дното и врви низ центарот. При мерење на агол со агломер, центарот се поставува врз темето на аголот, а едната страна од основната линија врз едниот крак на аголот. Гледајќи ја скалата која започнува на 0° се бара бројот на таа скала кој одговара на другиот крак од аголот.

Агломери постоеле уште од антиката. Попрецизните агломери имаат по еден или два крака кои помагаат при мерењето, а во денешно време најчесто се користат компјутерски апликации кои се уште попрецизни.

                                     
  • степени. Азимутот и аголот на правец се мерат од карта со компас, агломер и тетивен агломер Географскиот азимут е хоризонтален агол меѓу географскиот север
  • или за мерење на големина на веќе нацртан агол може да се користи агломер види агломер Пример: Нека е даден еден агол, а гледаме дека 5 такви агли формираат
  • на еден милирадијан Град Радијан Стерадијан Вртеж Квадратен агол Компас Агломер Географски координатен систем Брошура на SI - Табела 6 англиски Beckmann
  • Терезија 2.1.2.13.3 Тег 2.1.2.13.4 Шестар 2.1.2.13.5 Висок 2.1.2.13.6 Агломер 2.1.2.13.7 Либела 2.1.2.13.8 Линијар 2.1.2.13.9 Хорологиум мерен инструмент

Users also searched:

...