Топ-100
Back

ⓘ Национални паркови во Нов Зеланд. Нов Зеланд има 13 национални паркови под управа на Службата за заштита на природата на Нов Зеланд. Со Законот за национални па ..




Национални паркови во Нов Зеланд
                                     

ⓘ Национални паркови во Нов Зеланд

Нов Зеланд има 13 национални паркови под управа на Службата за заштита на природата на Нов Зеланд.

Со Законот за национални паркови од 1980 г., национални паркови и резервати се создаваат во области каде пределите и пределите се од особен квалитет, или пак природните одлики или еколошките системи се од таква научна важност, што се смета дека нивното запазување е од национален интерес. Законот и овозможува на јавноста слобода на влез и пристап во парковите, но со услови и ограничувања кои се неопходни за зачувувањето на автохтоните растенија и животни, или воопшто за благосостојбата на паркот. Постојат и особено заштитени подрачја 550 км 2 во кои може да се влезе само со писмена дозвола.

Законот налага националните паркови да се одржуваат во што поприродна состојба, со што би се одржала нивната вредност како почва, вода и шуми. Автохтоните растенија и животни се заштитени, додека донесените растенија и животни се отстрануваат доколку нивното присуство ги пореметува пропишаните цели. Градежните активности во дивите предели се ограничени на правење планинарски патеки и колиби кои се од суштинска важност за контролирање на дивите животни и вршење на научни истражувања. Законот ѝ дозволува на Службата за заштита на природата да гради планинарски домови, колиби, кампови, жичници и слични објекти, како и паркинзи, патишта и патеки. Сместувањето, превозот и други услужни дејности на влезните места во парковите го овозможува службата, други владини установи, доброволни организации и приватни фирми. Некои услуги во парковите, како обиколки со водич и обука по скијање, ги овозможуваат приватни фирми со повластици од службата.