Топ-100
Back

ⓘ Религија во Бугарија. Доминантна исповед во Бугарија е источното православие предводено од страна на Бугарската Православна Црква. За време на османлиското влад ..




Религија во Бугарија
                                     

ⓘ Религија во Бугарија

Доминантна исповед во Бугарија е источното православие предводено од страна на Бугарската Православна Црква. За време на османлиското владеење на Балканот, исламот се етаблирал во Бугарија, а Римокатолизмот своите почетоци во земјата ги поставил во средниот век, додека пак протестантството пристигнало во 19 век.

Членот 13 од Уставот на Бугарија од 1991 година ја гарантира религиозната слобода на населението кое живее во истата земја, и исто така ја задолжува бугарската држава и институциите во неа да ги почитуваат принципите на религиозна неутралност. Мнозинство од жителите на Бугарија се христијани. Поголемиот дел од нив 82.6% се православни, 1.7% се римокатолици, а 1.6% се протестанти. Што се однесува до помалите религиозни организации, од вкупниот број на верници, 12.2% се муслимани, а 0.8% се евреи.

                                     

1.1. Христијанство Православие

Бугарската Православна Црква има 6.5 милиона верници во Бугариjа и мегу 1.5 и 2.0 милиони во Европската униja, САД и Австралиja и со 14 епархии - Варненска и Великопреславска, Великотрновска, Видинска, Врачанска, Доростолска, Ловчанска, Неврокопска, Плевенска, Пловдивска, Русенска, Сливенска, Софиска, Старозагорска и Загранични епархии: на САД и Австралиска, како и Западно и Средноевропска. Денес бугарски патријарх е Негово Светеjшество Максим - Патријарх Бугарски и Софиски владика.

Освен верници на Бугарската Православна црква, во Бугарија има членови и на Руската Православна црква, Украинската Православна црква, Романската Православна црква и Грчката Православна црква.

Во Бугарија, христијанството било воведено од страна на Борис I.

                                     

1.2. Христијанство Католизам

Корените на Римокатолизмот во Бугарија датираат од средниот век. Денеска, најголемиот дел на Римокатоличките Бугари живее во Пловдивската област, центрирани околу Раковски, како и во некои села во северна Бугарија. Во времето на царот Калојан, бил склучен сојуз со Ватикан кое сепак не ја променила православна Бугарија.

                                     

1.3. Христијанство Протестантство

Протестантството во своите различни форми во Бугарија се појавило во 19 век преку мисионерите кои главно потекнувале од САД. Според пописот од 2001 година, вкупно 42.308 лица се изјасниле дека протестанти од различни вероисповеди, за разлика од претходниот попис од 1992 година каде вкупно 21.878 се изјасниле дека се членови на оваа религија. Значителниот пораст на бројот на протестанти во последната деценија се должи поради големата сиромаштија која владее помеѓу Бугарските Роми, кои пак се директно финансирани или помагани од протестантската црква во Бугарија.

                                     

2. Ислам

Исламот во Бугарија е застапен од страна на турското малцинство, на муслиманските Бугари и Ромите. Во земјата, исламот зел голем замав во времето кога истата била завладеана од страна на Османлиското Царство. Следувал процес на исламизација на бугарското население. По создавањето на новата бугарска држава, голем дел од турското население ја напуштило земјата.

Денеска најголемите муслимански општества се наоѓаат во областа Крџали и Разградска област главно Турци и Смоенската провинција.

                                     
  • значења погледнете Бугарија појаснување Бугарија бугарски: България или официјално Република Бугарија Република България е држава во Југоисточна Европа
  • од средновековната историја на Бугарија во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во Европа а посебно во Југоисточна Европа, којашто често
  • сите провинции во Бугарија според пописот од 2011 година: Главна статија: Религија во Бугарија Традиционалната религија на Бугарија според Уставот
  • за различни намени, но најчесто се однесува на следбеник на еврејската религија дете на еврејска мајка, или некој со еврејско потекло кој е поврзан со
  • христијанството како официјална религија за Бугарија и по редица спорови и политички настани го прави тоа преку византиското духовенство во периодот 863 - 865. Актот
  • мезхеб во Башкортостан. Ширењето на исламот продолжило кога исламот бил прогласен како државна религија во 922 година во Волшка Бугарија во чија територија
  • основањето на Кнежевство Бугарија Уставот станал најголемиот закон на Бугарија откако земјата била издигната во царство во 1908 година. Врз основа на
  • Хасково, Бугарија Хасково бугарски: Хасково се наоѓа во jугоисточниот дел на Бугарија Градот е административен центар на истоимената општина и на Хасковска
  • ако се сметаат католицизмот и православието одделно, во спротивно државата нема доминантна религија Од културна гледна точка, Западните Словени политички
  • политеистичка религија Словените имале свои богови, митологија и преданија. Дури и денес се зачувани некои остатоци од оваа политеистичка религија Сепак денес

Users also searched:

...