Топ-100
Back

ⓘ Религија во Малта. Црквата во Малта е опишана во книгата на Апостолските Дела 27:39-42; Дела 28:1-11 според која таа била основана од страна на Свети Апостол Па ..




Религија во Малта
                                     

ⓘ Религија во Малта

Црквата во Малта е опишана во книгата на Апостолските Дела 27:39-42; Дела 28:1-11 според која таа била основана од страна на Свети Апостол Павле и Свети Публиј, како нејзин прв епископ. Се смета односно се верува дека на островот Свети Павле престојуал во 60 година, време кога од овде заминал за Рим. Денеска постојат неколку катакомба|катакомби кои го потврдуваат ранохристијанскиот карактер на Малта. Според традицијата, Публиј, римскиот гувернер на Малта во времето на Свети Павле, станал првиот епископ на Малта по неговото покрстување во христијанството.

Додека малтешки острови биле под власта на витешкиот ред Болничари, од 15 век до крајот на XVIII век, Големиот мајстор имал статус на управител на Католичката црква, и уживал посебна врска со папата. Со текот на годините, моќта на витешкиот ред била намалена како и нивната власт, која завршила по доаѓањето на Наполеон Бонапарт во 1798 година на островот, на патот кон неговиот поход кон Египет.

Во 1814 година, Малта станала дел од Британската Империја во согласност со Договорот од Париз. Британското владеење траело 150 години до 1964 година кога Малта се здобила со независност. Британска власт на островот ги донела првите протестантски односно англикански мисионери, но сепак британска власт имала верска толеранција кон римскиот католицизам, како доминантна форма на христијанството во текот малтешки историја.

                                     

1. Јудаизам

Еврејското населеое во Малта било едно од најголемите верски заедници во средниот век во времето на Норманите. Во 1479 година, Малта и Сицилија паднале под Арагонска власт и според указот издаден од страна на шпанските власти во 1492 година сите Евреи биле принудени да ја напуштат земјата доколку не се преобратат во христијанство. Неколку малтешки Евреи биле христијанизирани, со цел да можат да останат во земјата.

                                     
  • Малта малтешки: Malta е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море. Трите најголеми и населени
  • религиозни земји во Европа, заедно со Турција, Малта Романија, Грција и Полска. Освен православните христијани и муслиманските заедници, во земјата живеат
  • дел од Пиринејскиот Полуостров, западна Сицилија, Корзика, Сардинија и Малта По уништувањето на старогрчката култура од страна на Римската република
  • Муслиманите во Црна Гора ја формираат најбројната малцинска религија во земјата. Според пописот од 2011 година, во Црна Гора има 118, 477 муслимани и тие
  • но најчесто во банките и туристичкиот сектор. Главна статија: Религија во Луксембург Постојат поголем број на верски организации во Луксембург. Најголема
  • во периодот од септември до октомври, додека од мај до август е многу потопло. Главна статија: Демографија на Ватикан Главна статија: Религија во
  • со преминот од неолит во бакарно време. За време на овој период огромни мегалитски споменици, како Мегалитските храмови на Малта и Стоунхенџ, се конструирале
  • Европа, без околните острови. Во најчеста смисла, поимот ги исклучува континенталните острови грчките острови, Кипар, Малта Сицилија, Сардинија, Корзика
  • дел од Пиринејскиот Полуостров, западна Сицилија, Корзика, Сардинија и Малта По уништувањето на старогрчката култура од страна на Римската република
  • калвинизмот како државна религија но се практикува верска сакале да го наметнат католицизмот. Католиците, кои доминирале во јужните провинции на земјата
  • во земјата. Во 1530 година Малта заедно со Гоцо биле отстапени на витешкиот Малтешки ред како награда за нивната помош во војната за Родос против Османлиите