Топ-100
Back

ⓘ Небесна Кула. Небесната Кула е кула на аголот од улиците Викторија Ст. и Федерал Ст. во центарот на Окленд, Нов Зеланд. Висока е 328 м, од приземјето до врвот н ..




Небесна Кула
                                     

ⓘ Небесна Кула

Небесната Кула е кула на аголот од улиците Викторија Ст. и Федерал Ст. во центарот на Окленд, Нов Зеланд. Висока е 328 м, од приземјето до врвот на јарболот, и со тоа е највисоката самостојна градба на јужната полутопка. Интересно е тоа што архитектот јавно се откажал од своето дело. Кулата е 12-та највисока членка на Светската федерација на големи кули. Оваа кула е дел од казино-комплексот SKYCITY Auckland сопственост на фирмата SKYCITY Entertainment Group.

                                     

1. Намени

Покрај забава, кулата служи за телекомуникации и пренос кои простории се наоѓаат на 48-миот спрат. Исто така тука неколку радио станици делат предавател. ТВ компанијата Канвест во чија сопственост се каналите ТВ3 и Ц4 тука има спореден предавател - додека нивниот главен предавател е во Ваиатаруа. Горниот дел од кулата има два ресторана од кои еден е вртлив и разни нагледни платформи. Кулата има 600.000 посетители годишно или по околу 2 посетитела во минута.

Кулата исто така нуди банџи-скокање, т.н. SkyJump помогнато од кабел од висина од 192 м од една нагледна платформа на кулата.

                                     

2. Изградба

Пои две ипол години изградба, кулата била свечено отворена на 3 март, 1997, шест месеци порано од предвидениот рок. При изградбата употребени се 15.000 кубни метри цемент, 2.000 арматура и 660 тони градежен челик. Јарболот тежи повеќе од 170 тони.

Одговорна за изведбата била фирмата Флечер Констракшн. Оваа фирма обезбедила координација, стуктурни, геотехнички, градежни, механички, електрични, водоводни услуги, како и осветлување и противпожарен систем.

Кулата е направена да издржува ветрови посилни од 210 км/ч и да издржува земјотреси низ период од 1000 години. Според анализите, земјотрес со епицентар на 40 раздалеченост и јачина од 7.0 на Рихтеровата скала не ѝ може ништо на кулата. Дури и земјотрес со јачина од 8.0 по Рихтеровата скала, што е речиси невозможно во овие краишта, не може да ја сруши кулата.

                                     
  • направил познат експеримент за гравитацијата каде испуштил топчиња од Кривата кула во Пиза. Подоцна, тој ги стркалал топките надолу по наклоните. Со овие експерименти
  • нова гранка на математичката физика. Следни најважни дела се статиите за небесна механика, во која се докажал како достоен следбеник на Лаплас. Од овие
  • гравитација, старото прашање за планетарното движење е одново проучувано како небесна механика. Усовршените телескопи дозвилија скенирање на површините на планетите
  • хоризонтално поларизирана. Но, вертикалната камшик антенаa или AM емитувачка кула употребена како елемент на антена повторно, за набљудувачи кои се хоризонтално
  • Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот Барон е погоден и убиен во небесна битка над Во на Сома, Франција. 1946 Во Скопје е изведена првата премиера

Users also searched:

...