Топ-100
Back

ⓘ Бранислав Саркањац. Саркањац е роден во Скопје во 1958 година каде што ги завршил сите степени на своето образование. По татко има српско и шокачко потекло од Б ..




                                     

ⓘ Бранислав Саркањац

Саркањац е роден во Скопје во 1958 година каде што ги завршил сите степени на своето образование. По татко има српско и шокачко потекло од Барања, Хрватска, додека по мајка води потекло од Миравци, Гевгелиско и од Кукуш. Во 1987 година истражува во Лондон, во Британската библиотека. Во 1989 година е во Лајпциг каде што најмногу работи во Германската национална библиотека. Интересно е неговото сведоштво од Источна Германија во таа историска година. Како што вели самиот: "Целата 1989 година, во Лајпциг, Берлин и Дрезден го гледав подготвувањето на рушењето на Берлинскиот ѕид", Ги издвојува Серен Кјеркегор и Лудвиг Витгенштајн како мислители кои најмногу го одредиле неговиот начин на аргументација. Самиот укажува дека студијата на Даниел Канеман и Амос Тверски, од 1974 година, за тоа како луѓето донесуваат судови во услови на неодреденост, ја нашол најголемата поддршка во истражувањето на односот на поединецот спрема идеологијата. Бранислав Саркањац, заедно со Небојша Вилиќ и Бојан Иванов, се јавува како еден од иницијаторите и основачите на интелектуалната групација 359 степени – Мрежа за локални и субалтерни херменевтики чија основна цел е "пренасочување на императивните дискурси на Исток-Запад кон локалната сцена и нејзината локална прагматика", како и "промоција на локалните и сопствените ресурси и нивно поставување",кои не се во функција на западните интерпретативни методологии". Денес Саркањац е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје каде ги предава предметите "Филозофија на политиката", "Социологија на медицина", "Социологија на здравјето и болеста" и "Современи теории на управување". Работел и како советник во македонската влада. Активен е во локалната власт како советник и претседател на комисијата за образование во Општина Центар. Неделниот весник Глобус го вбројува меѓу стоте највлијателни луѓе во Македонија.

                                     

1. Библиографија

  • "Социологија на здравјето и болеста", Скопје, 2010 соавтор Стефан Костовски
  • "Идеологијата и поединецот", Макавеј, Скопје, 2009
  • "По свое – македонски катахрезис или како да се зборува за Македонија", "Макавеј", Скопје, 2009
  • Branislav Sarkanjac, On Regional Identity
  • "Дома - Идејата на конзервативизмот", Макавеј, Скопје, 2011.
  • "Корени и ризоми", 2001 коедитор со Б. Иванов
  • Комши-капиџик. Култура и Политика приредувач, 359° - Мрежа за локални и субалтерни херменевтики, Скопје, 2000.
  • Komsi-Kapicik Oltre il multiculturalismo. Politica e cultura a cura di Branislav Sarkanjac
  • "Македонски катахрезис", 359, Скопје, 2001
  • "Јавно здравје и здравствена реформа - Политички и социолошки перспективи", Филозофски факултет - Институт за здравје и општество Скопје, 2008
  • "Социологија на медицината", 1999 соавтор со С. Костовски
  • "Идеологијата и субјективитетот", Скопје, 1993
                                     

2. Преводи

  • Лудвиг Витгенштајн, "Јазикот и јазичните игри" во: Иван Џепароски приредил, Естетика на играта, Култура, Скопје, 2003.
  • Валтер Бенјамин, Задачата на преведувачот, објавен во LETTRE INTERNATIONALE 8, 1997, Скопје., стр. 39-46. превод од германски.
  • Лудвиг Витгенштајн, Логичко-филозофски трактат, Магор, Скопје, 2002 "Подарокот на Витгенштајн" – предговор кон преводот.
                                     

3. Надворешни врски

  • Анастасија Ѓурчинова, "Македонија и постколонијалниот дискурс"
  • Зоран Бојаровски - ТВ-графит "Спонтан"
  • Elizabeta Šeleva, "Katahrestički čitajući Sarkanjca"
  • Бранислав Саркањац, НАЗАД КОН МИСИРКОВ Прашањето на народноста
  • Дејан Буѓевац, "Македонската политичко-филозофска ситуација"
                                     
  • Ќулавкова, Задоволство во толкувањето 2009 Бранислав Саркањац Идеологијата и поединецот 2009 Бранислав саркањац По свое македонски катахрезис или како
  • Александар Смилевски Беди Ибрахим Борис Вишински Бојан Јовановски Бранислав Саркањац Васко Наумовски Вели Мумин Велко Неделковски Виолета Аларова Владимир
  • латинскиот наслов. Македонскиот превод излегува дури во 2002, изработен од Бранислав Саркањац Трактатот бил од огромна важност помеѓу логичките позитивисти на
  • раководител на Институтот д - р Јасмина Наумоска, редовен професор. д - р Бранислав Саркањац редовен професор д - р Иванчо Атанасовски, вонреден професор д - р
  • комисијата се академик Томе Бошевски проф. д - р Никола Смилков проф. д - р Бранислав Саркањац проф. д - р Сена Ариф проф. д - р Замир Дика проф. д - р Александар Шиколе
  • јавно здравје и општество, 2010, 347стр. ISBN 978 - 608 - 4508 - 54 - 0 Саркањац Бранислав Јавно здравје и здравствена реформа: политички и социолошки перспективи
  • 1957 Михаил Плетњов - руски пијанист, диригент и композитор. 1958 Бранислав Саркањац - македонски социо - политички филозоф и аналитичар. 1959 Роберто Брунамонти

Users also searched:

...
...
...