Топ-100
Back

ⓘ Мозаикот претставува редење природен камен или мали, префабрикувани коцки од различен материјал во разни орнаменти или слики. Овие коцкички, во склад со претход ..




Мозаик
                                     

ⓘ Мозаик

Мозаикот претставува редење природен камен или мали, префабрикувани коцки од различен материјал во разни орнаменти или слики. Овие коцкички, во склад со претходно изработен нацрт, се втиснуваат во сѐ уште свеж малтер, а потоа површината се полира заради израмнување.

                                     

1. Историја

Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во Вавилон и потекнуваат од IV век п.н.е. Во V век п.н.е. во Грција се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат илузионизам и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на хеленизмот. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во римската уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во ранохристијанската и во византиската уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред сè се користеле за украсување на таваните и ѕидовите.

Со надминувањето на Maniera greca во периодот на треченто, опаѓа и интересот за мозаиците. Дури т.н. југендстил донел привремено оживување на интересот.

Освен во сакралните простори во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во социјалистичкиот реализам и мурализмот.

                                     

2. Техника на изведба

Уште од античкиот период познати се два начина на изведба на мозаик:

  • opus vermiculatum - составен од поситни коцкички, меѓусебно тесно поврзани, така што одвај се гледаат рабовите и меѓупросторот меѓу нив. Коцкичките, главно се со иста големина, а изработени се од камен, стакло или глазирани парчиња керамика.
  • opus tesselatum - составен од камени коцкички не се секогаш со исти димензии, а меѓу коцкичките е видлив поврзувачкиот материјал т.н. фуги

Освен" обичниот" мозаик, постои и техника на микромозаик, која е многу посложена, со иста основа, но со многу повеќе впечатливи резултати. Таа е резервирана само за посебно упорните и стрпливи уметници, кои не жалат да изгубат повеќе време за да постигнат што повпечатлив резултат.

                                     
  • Мозаик англиски: Mosaic - македонска група која создава електронска музика. Електронското дуо Мозаик го сочинуваат Дени Трајков и Иван Сарамандов
  • значи Мајката на Господ. Овој мозаик освен апсиден, се нарекува и мозаик на Богородица со нејзиното дете. Овој мозаик бил првиот кој бил направен по
  • можност и да се изложат во наменски објект до црквата. Мозаик од базиликата Мозаик од базиликата Мозаик од базиликата Список на археолошки наоѓалишта во Струшко
  • и во други поважни ликовни центри во светот Мозаик на гробот од семејството Пиркер на Мирогој Мозаик на гробот од семејството Шефер на Мирогој Ликовно
  • уметност во Белград. Специјализирал фреско - сликарство и мозаик Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за убави уметности во Равена. Мозаиците
  • има во позначителен број. Поглед кон наоѓалиштето Изложен мозаик на ѕид Детаљ на поден мозаик Список на археолошки наоѓалишта во Охридско Ќе се конзервира
  • Поглед на црквата Фреската - мозаик на Свети Атанасиј и натписот со годината на обновата над влезната врата Фреската - мозаик на Свети Атанасиј Црква Св.
  • нејзината северна страна, каде во 1969 година случајно е откриен дел од поден мозаик работен со камчиња во три бои. Се работи за мозаичен под од старохристијанска
  • работи за објект со повеќе простории во кои се најдени: поден мозаик подлога од поден мозаик под од тули украсени со пластично изведени крстови, ѕидови
  • монофора. Влезната врата е сместена на западната страна и над неа има ниша со мозаик на кој е претставен Свети Илија. На источниот ѕид има полукружна апсида

Users also searched:

...
...
...