Топ-100
Back

ⓘ Факултет за образовни науки - Штип. Факултетот за образовни науки во Штип е основан со Одлука на Универзитетската управа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј” в ..




                                     

ⓘ Факултет за образовни науки - Штип

Факултетот за образовни науки во Штип е основан со Одлука на Универзитетската управа на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 13 јуни 1995. Факултетот на повисоко наставно-образовно и научноистражувачко ниво во областа на педагогијата и означува нова етапа во развојот на овие дејности чии почетоци датираат од времето на формирањето на Вишата педагошка школа во 1959 година, односно Педагошката академија од 1961 година. До септември 2007 година, Педагошкиот факултет беше во составот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј”. Од септември 2007 година, Педагошкиот факултет влезе во состав на новоформираниот државен Универзитет "Гоце Делчев", со своето богато искуство во наставно-научната дејност. Факултетот ја збогати својата дејност со формирањето на Центарот за перманентно образование на оние воспитувачи и одделенски наставници коишто одамна ги завршиле своите студии.

Денес Факултетот за образовни науки подготвува кадри за професори по одделенска настава и кадри за предучилишно воспитување. Факултетот за образовни науки меѓу првите направи значителни измени во наставниот процес и наставните програми со имплементирањето на ЕКТС. Студентите студираат по методот на Европскиот кредит-трансфер систем ЕКТС. Меѓутоа, секогаш се поставува како отворена можноста за доусовршување и подобрување на студиските програми.

                                     

1. Организација и структура

Функцијата декан на Педагошки факултет ја врши проф. д-р Емилија Петрова Ѓорѓева, а продекан е проф. д-р Ирена Китанова.

Студиски програми се организирани во:

  • Прв циклус студии
  • Втор циклус студии

Носител на студиите е Факултетот за образовни науки, а реализатор на студиите се катедрите за педагогија, дидактика и методика и општествени и хуманистички науки како составен дел на Факултетот за образовни науки.

                                     

2. Прв циклус на студии

Студиите се остваруваат врз основа на акредитирани студиски програми дизајнирани според кредит-трансфер системот. Услови за запишување на Факултетот за образовни науки е кандидатот да има завршено средно образование во траење од 4 години и положени матурски испити.

Наставата во првиот циклус е организирана преку предавања, вежби аудиторни, консултации групни или поединечни, семинарски работи и самостојна работа. Активна присутност на предавања и вежби, завршена и позитивно оценета семинарска работа или проектна задача, задолжително присуство на тестови колоквиуми, се услов за појавување на испит. Минимум 60% од поединечните бодови предвидени активности, предвидени да се остварат во текот на семестарот, се услов за завршен испит.

Во првиот циклус на студии на Факултетот за образовни науки се изучуваат следниве студиски програми:

  • Одделенска настава
  • Историја со археологија – применета насока
  • Историја со археологија – наставна насока
  • Предучилишно воспитување

Студиските програми за основните академски студии се структурирани како високоинтердисциплинарни и мултидисциплинарни студиски програми. Истите се структуирани од општествено-хуманистички и природно – математички дисциплини меѓу кои: Педагогија, Психологија, Социологија, Филозофија; природно-математичките дисциплини: Основи на природните науки, Детето и природата, Еколошко воспитание, Географија; стручно уметничките дисциплини: Естетика, Музички инструмент, Кукларство и Сценографија, Детското ликовно, Литературно и музичко творештво; македонскиот јазик и книжевност: Лингвостилистика, Култура на јазичното изразување и сл. Во програмата е предвиден и модул за рано учење на странски јазик, кој се состои од: Англо-американска култура и цивилизација, Англиска граматика, Фонологија, Детската странска литература и сл. и методиките од одделените наставни предмети, како и соодветната педагошка практика од истите.

                                     

3. Втор циклус на студии

Во вториот циклус на студии на Факултетот за образовни науки се изучуваат следниве студиски програми:

  • Социјална педагогија - едногодишни студии
  • Менаџмент во образование и образовна политика - едногодишни студии
  • Универзитетски специјалистички студии од областа на предучилишното воспитание и образование
  • Специјалистички студии стекнување на наставнички компетенции за предметните наставници - едногодишни студии
  • Предучилишна педагогија - едногодишни студии
  • Училишна педагогија - едногодишни студии
  • Методика на наставата по религиско образование
  • Дидактика и методика - едногодишни студии
                                     

4. Научноистражувачка и издавачка дејност

Дел од наставниот кадар на Факултетот е носител на научноистражувачки проекти, а дел е вклучен во научноистражувачки проекти што се реализираат при други научни институции. Моментално во тек на реализација е проектот" learning and teaching with technology” – Tempus. Во тек на триесетгодишното постоење на Факултетот, има издадено голем број на книги и зборници од поранешните и сегашните вработени на Факултетот.

                                     
  • во Штип се организираат универзитетски стручни студии од прв, втор и трет циклус. Единици во состав на Универзитетот се: Факултет за образовни науки
  • д - р Никола Смилков Универзитет Гоце Делчев - Штип Официјално мрежно место на Факултет за образовни науки Репозиториум на УГД Електронска библиотека на
  • место на Факултет за музичка уметност - Втор циклус на студии Официјално мрежно место на Факултет за музичка уметност Универзитет Гоце Делчев - Штип
  • Педагошки факултет во Штип при Универзитетот Св.Кирил и Методиј - Скопје, а во 2011 година е избран како професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот
  • Факултет за природни и технички науки Факултет за образовни науки поранешен Педагошки факултет Филолошки факултет Земјоделски факултет Факултет
  • Делчев во Штип на Факултетот за образовни науки катедра за општествени и хуманистички науки Економските и политичките промени во Штип и штипско низ

Users also searched:

декан на медицински факултет штип, факултет за психологија штип, машински факултет штип, медицински факултет штип форум,

...
...
...