Топ-100
Back

ⓘ Јужни Алпи. Јужните Алпи се планински венец кој се протега долж западната страна на Јужниот Остров на Нов Зеланд, и го дели Јужниот Остров на два дела по целата ..




Јужни Алпи
                                     

ⓘ Јужни Алпи

Јужните Алпи се планински венец кој се протега долж западната страна на Јужниот Остров на Нов Зеланд, и го дели Јужниот Остров на два дела по целата должина. Поимот "Јужни Алпи" се однесува на целиот венец, но помалите венци во склоп на него имаат свои имиња.

Аораки/Кукова Планина е највисоката планина на венецот и во земјата со 3.754 m. Венецот има уште 16 врва кои надминуваат 3.000 метри во височина. Голем дел од венецот е заштитен како дел од разни национални паркови, од кои позначајни се националниот парк Вестленд, Маунт Аспајринг, и Аораки/Кукова Планина. Според едно пребројување од доцните 1970-ти, Јужните Алпи имале над 3000 ледници поголеми од еден хектар, а најголемиот од нив – Тасмановиот Ледник – е долг 29 километри.

Јужните Алпи ги именувал капетанот Кук на 23 март, 1770, опишувајќи ја нивната "запрепастувачка височина". Пред Кук ги видел и Абел Тасман во 1642, чиј опис на западното крајбрежје на Јужниот Остров честопати се преведува како "крај издигнат на високо".

Јужните Алпи се протегаат долж тектонска граница, дел од т.н. Тихоокеански Огнен Прстен, при што Тихоокеанската Плоча на југоисток турка западно и се судира со северно насочената Индоавстралиска Плоча на северозапад. Во текот на изминатите 45 милиони години, судирањата од Тихоокеанската Плоча истиснале карпи со широчина од 20 км образувајќи ги Алпите, иако најголемиот дел од овој истисок денес е одронет. Нагорниот раст бил најбрз во последните 5 милиони години, и ова извишување продолжува и денес благодарјќи на тектонскиот притисок, кој предизвикува земјотреси во Алпскиот Расед. И покрај значителноото извишување, највеќето релативни движења на Алпскиот Расед се странични, а не вертикални.

Бидејќи венецот е ориентиран нормално на предоминантните западни ветришта, венецот создава одлични услови за летање со едрилица. Гратчето Омарама, која е во заветрина од планините, има стекнато меѓународно реноме за неговите услови за воздушно едрење. Предоминантните западни ветришта исто така создаваат и временска појава наречена "Северозападен Лак", каде влажниот воздух се истиснува нагоре над планините, обликувајќи облачен лак во инаку синото небо. Оваа временска појава честопати е видлива во текот на летото преку Кантербери и Северен Отаго. Тамошниот северозападен ветер е фенски ветер сличен на Чинукот во Канада, каде влажните ветришта удираат во планинските венци и го истиснуваат воздухот нагоре, така разладувајќи го воздухот и кондензирајќи ја влажноста во дожд, па со тоа се добиваат суви топли ветрови во спуштениот воздух во заветрина на планините.

                                     
  • Јужни Варовнички Алпи германски: Südliche Kalkalpen, словенечки: Južne apneniške Alpe, италијански: Alpi Sud - orientali - група планински венци во состав
  • Јулиски Алпи словенечки: Julijske Alpe, италијански: Alpi Giulie - планински венец, дел од поголемиот комплекс наречен Јужни Варовнички Алпи кој се протега
  • проза на српскиот писател Иво Андриќ. Северни Варовнички Алпи Јулиски Алпи Динарски Алпи Јужни Алпи Нов Зеланд Јакоб Грим, Германски речник Albe Alpe
  • јужната граница. Во Австрија, Источните Алпи се поделени на Северни Алпи Зона Грауваке, Централни Алпи и Јужни Алпи Крајните се наоѓаат во јужна Корушка
  • поголеми области: Северни Варовнички Алпи Централни Источни Алпи Јужни Варовнички Алпи Западни Варовнички Алпи Швајцарскиот алпски клуб SAC се води
  • Cicerone, ISBN 978 - 1 - 85284 - 476 - 9. Варовнички Алпи Јужни Варовнички Алпи Геолошки состав на Северните Варовнички Алпи www.ahabc.de - списание за почва и градинарство
  • Нов Зеланд. Ова е четврта највисока планина во земјата, со височина од 3.309 м. Планината е дел од венецот Јужни Алпи Список на планини во Нов Зеланд
  • планина во Нов Зеланд, со височина од 3.440 м. Сместена е во венецот Јужни Алпи помеѓу планините Хикс and Куковата Планина. Честопати ја преминуваат
  • највисока планина во Нов Зеланд, со височина од 3303 м. Сместена е во венецот Јужни Алпи долж еден од сртовите што водат до Тасмановата Планина. Список на планини
  • Erebia euryale isarica Heyne, 1895 Северни Алпи Erebia euryale ocellaris Staudinger, 1861 Источни и Јужни Алпи Erebia euryale syrmia Fruhstorfer, 1909
  • превои на Доломитите. Белуно Национален парк Белунски Доломити Јужни Варовнички Алпи Saussure le fils, M. de 1792 Analyse de la dolomie. Journal de

Users also searched:

...