Топ-100
Back

ⓘ Јаворница. Селото Јаворница се наоѓа на 14 километри западно од Петрич. Сместено е во подгорието на реката Јаворница. Реката го оградува селското земјиште на се ..




Јаворница
                                     

ⓘ Јаворница

Селото Јаворница се наоѓа на 14 километри западно од Петрич. Сместено е во подгорието на реката Јаворница. Реката го оградува селското земјиште на север. На југ на селото се крева стрмен наклон од Беласица, а ридското подножје на релјефот се спушта малку на север. Најниските делови на селото имаат надморска височина од 190 метри, а највисоките се наоѓаат веднаш до планината на 500 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 13.626 км 2. Соседните села се Камена и Клуч. Климата е преодна медитеранска со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 750 мм. Почвите се претежно делвијално-ливадани. 1.5 км јужно од селото се наоѓа водопадот Јаворник, до кој се стигнува преку обележана патека.

                                     

1.1. Историја Рана историја

Во околината и во самото село биле пронајдени археолошки остатоци од антиката и средниот век. На подрачјето на Грка чука, северно од селото, се наоѓа тракиска гробница или некропола од доцното железо доба и антиката.

                                     

1.2. Историја Османлиско Царство

Првите жители на селото биле Македонци. Ова се гледа од фактот што дури и по падот на Македонија под османлиска власт, Турците ги користеле словенските имиња на месностите околу селото. Такви се Балабаница, Садината, Куманица, Виниште. Нема прецизни податоци за изгледот на населбата. Се претпоставува дека датира од десет столетија. Селото се наоѓало на истото место по доаѓањето на Османлиите. Единствено словенското соседство се преселило од исток кон запад, каде денес се наоѓа центарот на селото.

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година. Во истата година, во селото живееле 131 христијански и 16 муслимански семејства.

Селото било со мешано население во текот на 19 век. Во "Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника" се вели дека во 1873 г. Јаворовица Yavorovitza се состоела од 63 куќи од кои 75 жители муслимани и 100 Македонци Според статистиката на Васил К’нчов "Македонија. Етнографија и статистика" во 1900 година селото имало 350 жители, од кои 230 Турци и 120 Македонци.

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев "La Macédoine et sa Population Chrétienne" во 1905 година во селото живеале 200 македонски патријаршисти и гркомани.

                                     

1.3. Историја Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По 1912 година, во селото се населиле жители од Гега и Кукурахцево. Денес селото е дел од Општина Петрич и има околу 350 домаќинства.

                                     

2. Редовни настани

Традиционалниот селски празник е на 24 мај. На 24 мај, на селскиот плоштад се одржуваат традиционални борби од најистакнатите борци во областа. Редовно се слават и муслиманските празници на Рамазан бајрам и Курбан бајрам.

                                     
  • Јаворница грчки: Τρίλοφος, Трилофос или Τρίλοφο, Трилофо, книжевно: Τρίλοφον, Трилофон, до 1926 година: Διαβόρνιτσα, Дјаворница, до 1954 година: Νέα
  • областа Сланица и планината Каракамен Вермио Општински оддел Јаворница село Јаворница Τρίλοφο, Трилофо 661 жител Општински оддел Јанчишта село Јанчишта
  • запад се наоѓаат следните села: Беласица, Коларово, Самуилово, Камена, Јаворница Кључ, Скр т и Габрене. Во македонскиот дел на Подгоријата во истиот редослед
  • област на западниот брег на реката Камешница. Соседни села се Самуилово и Јаворница Климата е преодноо - медитеранска со летни минимални и зимски максимални
  • Мишев La Macédoine et sa Population Chrétienne во 1905 година во Јаворница Yavornitza имало 240 жители. Во 1910 година во Туркохор Τουρκοχώρι

Users also searched:

...