Топ-100
Back

ⓘ Истанбулски универзитет. Истанбулскиот универзитет се наоѓа во населбата Еминону, во истоимениот град во Турција, во близина на плоштадот Бајазит. Како институц ..




Истанбулски универзитет
                                     

ⓘ Истанбулски универзитет

Истанбулскиот универзитет се наоѓа во населбата Еминону, во истоимениот град во Турција, во близина на плоштадот Бајазит. Како институција за високо образование под името Дарулфунун била основана на 23 јули 1846 година. Како претходник на универзитетот се смета дека е медресата која била основана веднаш откако османлискиот султан Мехмед II го зазел Цариград во 1453 година. Во 2003 година, универзитетот прославил 550 години од основањето.

                                     

1. Историја

Германскиот историчар Ричард Хониг верува дека историјата на медресата која прво еволуирирала како Дарулфунун, а подоцна како Истанбулски универзитет, всушност започнала на 1 март 1321, за време на владеењето на Осман I во Витнија, т.н. лулка на османлиската држава.

Првите модерни курсеви по физика биле воведени на 31 декември 1863 година, на 20 февруари 1870 година, училиштето било преименувано како Дарулфунун Османи Отомански Дом на повеќе науки. Во 1900 година, училиштето било преименувано како Darülfünûn-u Sahane Империски дом на повеќе науки, на кој веќе се изучувале курсеви по математика, литература и теологија. На 20 април, името повторно било преименувано како Istanbul Darülfünûnu Истанбулски дом на повеќе науки, каде по тој период бројот на предметите се зголемиле. Така, се изучувале и медицина, право, применети науки, литература и теологија.

На 1 август 1933 година, Istanbul Darülfünûnu, по реформите на Ататурк, бил преименуван под денешното име.

                                     

2. Универзитетски кампус

Универзитетот има седумнаесет факултети на пет кампуси, од кој главните се наоѓаат на плоштадот Бајазит, односно на негогашниот Форум на Теодосиј. Универзитетот има персонал од 2.000 професори, и околу 4.000 асистенти и соработници во административната управа. На него студираат околу 60.000 студенти и околу 8.000 постдипломци.

Во неговиот двор се наоѓа Бајазитската кула. Во периодот од 1971-1984 година, универзитетот бил насликан на банкнотата од 500 турски лири.

                                     

3. Надворешни врски

  • Историја на универзитетот Turkish
  • Факултет за медицина турски
  • Istanbul University Alumni Association of USA
  • Медицинска лабораторија
  • Istanbul University Faculty of Business Administration
  • Официјална интернет страна турски англиски
                                     
  • Турција. Универзитет Богазичи Универзитет Галатасарај Истанбулски технички универзитет Истанбулски универзитет Универзитет Мармара Универзитет Мимар Синан
  • Техничкиот универзитет во Истанбул ITU, турски: Istanbul Teknik Üniversitesi е меѓународен технички универзитет кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Тој
  • дипломирал на Mühendishane - i Berr - i Hümâyun денес познат како Истанбулски технички универзитет и бил еден од двата изучувачи на уметноста избрани да бидат
  • модернизиран и преименуван во Истанбулски универзитет Сузан Кахраманер ги започнала своите дипломски студии на Истанбулскиот универзитет во 1934 година, на Одделот
  • 1930 Градот официјално преименуван во Истанбул. 1933 Основан Истанбулски универзитет 1938 10 ноември : Смртта на Мустафа Кемал Ататурк. 1940 Изграден
  • Блискоисточниот технички универзитет Стекнала позиција во НАСА и го формирала астрофизичкиот оддел на Блискоисточниот технички универзитет МЕТУ каде ја извршувала
  • болница Сент Џејмс и катедрала на Светиот Дух. Музеи и историски места: Истанбулски воен музеј Музеј на Ататурк Палата Ихламур Споменик на слободата Спортски
  • основани неколку манифестации, и тоа: Истанбулски меѓународен музички фестивал 1973 Истанбулски маратон 1979 Истанбулски меѓународен филмски фестивал 1982 итн
  • година, традиционалните истанбулски превози на фериботи биле преземени од страна на компанијата Istanbul Deniz Otobüsleri Истанбулски морски автобуси Istanbul

Users also searched:

...
...
...