Топ-100
Back

ⓘ Просторен план на Република Македонија се донесува за територијата на целата држава и претставува стратегија за просторен развој на Републиката, кој дава насоки ..




                                     

ⓘ Просторен план на Република Македонија

Просторен план на Република Македонија се донесува за територијата на целата држава и претставува стратегија за просторен развој на Републиката, кој дава насоки за намената, користењето, заштитата, организацијата, уредувањето и управувањето со просторот на државата.

Во Просторен план на Република Македонија се врши планирање на просторот за период од најмалку петнаесет години.

Генералните урбанистички планови мора да бидат во согласност со даденостите од Просторниот план.

                                     

1. Содржина

Просторниот план на Републиката содржи:

  • мрежа на населени места;
  • просторна разместеност на сообраќајна и друга инфраструктура;
  • мерки за заштита на недвижното културно наследство;
  • параметри за спроведување на планот и соодветни графички прикази.
  • насоки и мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата;
  • насоки за уредување и користење на просторот;
  • основна намена на земјиштето;
  • просторна разместеност на градбите од стопанството и нестопанството;
  • мерки за заштита од природни и технолошки катастрофи и хаварии;
  • мерки за заштита од воени разурнувања;
  • стратешка проценка на влијанијата врз животната средина;

Просторниот план на Републиката се разработува преку просторен план на регион и просторен план за подрачје од посебен интерес за Републиката.

                                     

2. Методологија за изработување на Просторниот План

За изработување на Просторниот план, Владата на Република Македонија донесува годишна програма за финансирање на предлог на Министерството за животна средина и просторното планирање. Изработката на Просторниот план се финансира директно од Буџетот на Република Македонија.

За изработката на Просторниот план на Републиката е надлежна специјализирана државна институција, односно Агенцијата за планирање на просторот, формирана од Владата на Република Македонија.

Откако Агенцијата ќе го изработи предлог-планот, се врши стручна ревизија на планот од страна на стручна комисија што ја формира министерот за животна средина и просторното планирање и е составена од членови од стручно-научни институции, истакнати научни и стручни работници од областа на просторното и урбанистичко планирање и од други области суштествени за изработка на планската документација.

По завршувањето на расправата, предлог-планот се доставува до Собранието на Република Македонија, кое е државниот орган надлежен за донесување на планот. Собранието спроведува стручна расправа со учество на стручна јавност, претставници на органите на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, институции надлежни за заштита на недвижното културно наследство, научно-стручни институции, комуналните претпријатија и невладини организации. По расправа, планот се изгласува или не се изгласува.

Донесениот Просторен план на Републиката се заверува во четири примероци од кои еден се чува во архивот на Собранието, еден во Државниот Архив на Република Македонија, еден се доставува до Министерството за животна средина и просторното планирање и еден се доставува до Министерството за транспорт и врски.

                                     
  • на весникот Нова Македонија бр.22239, четврток, 24.3.2011 печатено издание Просторен план на Република Македонија 2002 - 2020. Влада на Република Македонија
  • земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 86. Посетено на 2 февруари 2021. Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 нацрт PDF Скопје:
  • на Република Македонија предвидува донесување на следниве планови: Просторен план на Република Македонија план за намена и користење на просторот на
  • разработка на простор за градби до ниво на идеен проект, кои се вон планските опфати на урбанистичките планови, а се во согласност со Просторниот план на Република
  • Ораовица има доста голем и просторен атар, бидејќи се наоѓа во Радовишко - Струмичката котлина која е и најплодна во Источна Македонија Ораовица е населена од
  • 1923. Градежен институт Македонија Скопје, Геолошки податоци за Преспа. Институт за просторно планирање, Просторен план на охридско - преспанскиот регион
  • и уметностите. Скопје, 2009. с. 573 - 574. ISBN 978 - 608 - 203 - 023 - 4. Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 нацрт PDF Скопје: Министерство

Users also searched:

...
...
...