Топ-100
Back

ⓘ Јазик. Како и со секој комплексен концепт што се засновува на консензус, јазикот е поим тежок за дефиниција. Тој се состои од репрезентации и некој вид на грама ..




                                               

Ариевски јазик

Ариевски јазик е израз кој општо не се користи од јазичарите, но повремено се среќава со следново значење: Било кој од индоиранските јазици Ведскиот јазик Било кој од индоевропските јазици Староперсискиот јазик праиндоиранскиот јазик праиндоевропскиот јазик

                                               

Бургундски јазик

                                               

E (потврден јазик)

e е потврден јазик за машинска опрема прилагоден за ефикасна примена и висококвалитетен пробен праг. Доста негови предности се: - ориентиран кон аспектно-ориентирано програмирање - Прееупотребливост, посебно кога тестот е напишан по конвенцијата за eVC. - Овозможува случајно и засилено симулантно создавање, која е корисна за достигнување на високофункционална покриеност. - прилагодлив и надоградлив

                                               

Туризам во Кипар

Туризмот на Кипар зазема доминантна позиција во економијата на земјата, и значително влијае на неговата култура и мултикултурен развој низ годините. Во 2006 година, туристичката индустрија сочинувала 10.7% од БДП на земјата, а вкупната вработеност во туристичката индустрија се проценува на 113.000 работни места. Со вообичаен минимум околу 4 милиони туристички пристигнувања годишно, тоа е 40-та најпопуларна дестинација во светот и 6-та по популарност по глава на жител на локалното население. Кипар е полноправна членка на Светската туристичка организација од 1975 година.

                                               

Рушански јазик

Рушанскиот јазик ― еден од памирските јазици што се говорени во Авганистан и Таџикистан. Рушанскиот е релативно близок со сета севернопамирско јазична подгрупа безоглед дали со шугнискиот, јазгуламскиот, сарикулскиот или орошорскиот дели многу граматички и речникови особености на сличен начин со сите од нив, особено со шугнискиот и со тоа некои лингвисти го сметаат како наречје на шугнискиот. Рушанскиот реон е поделен на два дела со реката Панџ, каде што на десниот брег заедно реката Бартанг на исток се наоѓа рушанскиот реон во Горнобадахшанската автономна област, Таџикистан и на левата ст ...

                                               

Партски јазик

Партски јазик - изумрен јазик од северозападната група ирански јазици, на кој зборувале древните Парти, жителите на античката област Партија. Партскиот јазик рано дошол во допир со тогашните источноирански јазици, што може да се види во некои заемки. Писмо со кое се бележел партскиот јазик било пахлави. Бил еден од официјалните јазици во Партското Царство, со кое владеела династијата Арсакиди. Со смената на династијата во 224 година и создавањето на Сасанидското Царство, дошло до смена на јазиците - партскиот јазик како службен јазик бил заменет со средноперсискиот. Ретки се споменици со п ...

Јазик
                                     

ⓘ Јазик

Како и со секој комплексен концепт што се засновува на консензус, јазикот е поим тежок за дефиниција. Тој се состои од репрезентации и некој вид на граматика. Многу јазици користат гестови, звуци, слики, или зборови, и групи на симболи, со цел за комуницирање на концепти, идеи, значења, и мисли, иако проблемот на лигвистичката неодреденост често се јавува кога се прави обид за разликување меѓу овие аспекти.

Некои сметаат дека нашата реалност е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Алберт Ајнштајн дава пример за џебен часовник што лежи на маса. Ако човек никогаш не видел часовник и нема поим што тој претставува, како може да опише звукот "тик-так"? Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност.

                                     

1. Јазикот како комуникациски систем и јазични функции

Јазикот често се дефинира како систем од знаци кои служат за комуникација. Роман Јакобсон, еден од највлијателните лингвисти на XX век, врз основа на комуникациската шема која ја презел од теоријата на комуникацијата, одредува шест јазични функции, и тоа така што на секој елемент од комуникацискиот процес да му одговара по една од тие функции. Иако по правило може да се одреди доминантната функција на една порака, сепак таа не е и единствената функција туку, напротив, доаѓа со уште други помалку или повеќе изразени функции. Јакобсон истакнува дека вербалната структура на една порака секогаш зависи од доминантната функција на пораката.

Во секој комуникациски настан, па така и во секоја говорна ситуација, испраќачот емитент, адресант му праќа порака на примачот рецепиент, адресат во врска со одреден предмет референт, кој Јакобсон го нарекува контекст. Пораката мора да биде испратена во код шифра кој е заеднички за примачот кој ја шифрира пораката и за испраќачот кој пораката је декодира, во спротивно комуникацијата е невозможна, или пак се воведува посредник на пр. преведувач.

  • Експресивна емотивна функција - означува насоченост кон емитентот испраќачот на пораката. Оваа функција го искажува субјективниот став на говорителот кон пораката, таа е насочена кон искажување на емоциите на испраќачот на пораката вистинските или оние кои тој сака да ги испрати преку пораката. Поради тоа оваа функција е доминантна во пораките во прво лице еднина, во исказите со емоционално-експресивни средства на различни јазични нивоа. Таа се препознава преку употребата на извици, кои се "чист емотивен слој на јазикот", во специфичното должење на самогласките и слично. Еве неколку примери: Толку сму среќен што би пеел гласно. Леле, тешко мене! Ух, колку сум уморен. Аааај-дееееееее таааа-тооооооо!
  • Референцијална функција денотативна, когнитивна - се однесува на предметот на пораката т.е. го искажува односот меѓу пораката и референтот. Таа е најчестата функција на секоја порака со оглед на тоа дека во прв план ѝ е преносот на пораката, односно да даде што пообјективни и поточни информации за референтот. Оваа функција се карактеризира со "неутрални" јазични средства, објективност, отсуство на емоционално-експресивни елементи, доминираат формите за трето лице, како и безлични и пасивни конструкции. Следниве реченици имаат примарна референцијална функција: Денес во Скопје врнеше дожд. Нобеловата награда за мир за 2008 г. ја доби Марти Ахтисари.
  • Конативна апелативна функција - насочена е кон примачот на пораката. Во тие случаи, комуникацијата, по правило, има за цел на некој начин да влијае врз примачот, односно да "апелира" на неговите чувства и мисли и да предизвика одредена реакција. Во вербалната порака нејзини карактеристични средства се вокативната форма, второ лице еднина или множина, и особено императивот заповеден начин: Момче, отвори го прозорецот! Дај ми ја книгата, веднаш! Драги гледачи, добро утро!

Оваа функција е особено застапена во различните форми на пропаганден говор - во политичката и економската сфера, во ораторските текстови и слично. Поради тоа во таквите текстови оваа функција се искажува со второ лице еднина или множина, особено со второ лице кое има општо значење на пример: Купувајте македонско! Гласајте за нас! Јавете се на тел. и сл., а исто така и во реторичките обраќања.

  • Фатичка функција - насочена е кон контактот т.е. кон каналот на комуникацијата. Таа служи пред сѐ за воспоставување, продолжување или прекинување на комуникацијата формули за поздравување, ознаки за почеток и крај на некој разговор, проверка на исправноста на каналот. Фатичката функција е доминантна во секојдневните ситуации чија цел не е размената на информации, туку првенствено одржувањето на комуникацијата.

Едно од типичните прашања е Како сте? Како си? на кое обично се дава предвидлив одговор. Секој опширен одговор, со детеалн опис на здравствената ситуација, не е очекуван со оглед на тоа дека во случајните средби ова прашање на бара давање на информации туку ја прикажува добронамерноста на говорникот.

На оваа јазична функција се темелат обредите, свеченостите, церемониите, семејните и љубовните разговори, накусо, сите ситуации во кои се повторуваат исти зборови, гестикулации. Според Роман Јакобсон, ваквиот вид комуникација е воедно и првата вербална комуникација која се јавува кај децата. Во драмските дијалози можат да се искористат фатички елементи за создавање различни едфекти, на пр. комични: "Е!" - рече момчето. "Е!" - рече таа - "Е па ете нѐ" - рече тој. "Еве нѐ" - рече таа - "А!" "Па да" - рече тој.

  • Поетска естетска функција - се дефинира како насоченост на пораката кон самата себе и притоа пораката престанува да биде средство на комуникација и станува нејзина цел. Оваа функција е особена пред сѐ но не и единствено за книжевно-уметничките текстови, односно за уметноста воопшто. Имено, естетската функција може да биде застапена и во друг вид на текстови, во други функционални стилови, секогаш кога пораката станува цел на комуникацијата, кога се "враќа" сама во себе. Тоа е особено изразено во разговорниот стил, но исто така и во рекламниот, во политичките слогани и сл. Јакобсон поради тоа нагласил дека проучувањето на поетската функција не смее да се ограничи само на полето на книжевноста, но и дека функциите на јазикот во книжевниот дел не можат да се сведат само на поетскатаа функција.
  • Метајазична функција - означава насоченост кон кодот на пораката. Таа е секогаш застапена во исказите во кои учесниците на комуникацискиот настан проверуваат дали употребуваат ист код, во дефинициите "Семиологијата е наука за знаците" или пак во наводите. Секој навод претставува говор за говорот, текст во текстот и текст за текстот. Лингвистиката како наука за јазикот е базично метајазично концепирана, но метајазичната функција ја среќаваме и во другите науки на пример Екологијата е наука за заштита на животната средина. Секојдневниот говор исто така изобилува со бројни примери за оваа функција на пр. кога се обраќаме на некое дете: Речи "Благодарам!". Многу недоразбирања во комуникацијата произлегуваат од фактот што учесниците не се свесни како им се разликуваат кодовите односно подкодовите.
                                     

2. Јазикот како тема во уметноста и во популарната култура

  • "Мајчин јазик" англиски: Mother Tongue - песна на британската група "Дед кен денс" Dead Can Dance од 1988 година.
  • "Јазик на љубовта" Langue Damour - песна на американската музичарка Лори Андерсон Laurie Anderson од 1984 година.
  • "На родот за јазикот" Rodu o jeziku - песна на хрватскиот поет Петар Прерадовиќ.
  • "Јазикот на сонот" - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.
  • "Изумирањето на јазикот" - песна во проза на полскиот поет Тадеуш Ружевич.
  • "Збогум на јазикот" Adieu au langage - филм на режисерот Жан-Лик Годар од 2014 година.
                                     

3. Поврзано

  • Превод
  • Општа семантика
  • Измислен јазик
  • Странски јазик
  • Фонологија
  • Формален јазик
  • Филологија
  • ISO 639 код за имиња на јазици со 2 и 3 букви
  • Лингвистика
  • Социолингвистика
                                     
  • Долногерманскиот јазик герм. Plattdüütsch или долносаксонски јазик - јазик кој спаѓа во групата на западногерманските јазици и се говори во северна
  • јазици на казашкиот јазик се ногајскиот јазик и каракалпачкиот јазик Главно писмо за пишување на јазикот е кирилицата. Казашкиот јазик се зборува воглавно
  • Отомански турски јазик или само отомански јазик لسان عثمانى Lisân - ı Osmânî - историска варијанта на турскиот јазик кој се користел како административен
  • Англиски јазик самонар. English language - западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска
  • Грузиски јазик ქართული ენა, картули ена - картвелски јазик мајчин јазик на Грузијците и службен јазик на кавкаската држава Грузија. Се пишува со уникатното
  • Француски јазик самонар. le français, la langue française - јазик од романската група на јазици. Негова матична земја е Франција, а мајчин јазик е и во
  • Кинескиот јазик 汉语 漢語, Ханји 中文, Џунгвен - јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од ханските Кинези во Кина. Тој ја сочинува една од
  • за современиот јазик За стариот јазик кој воедно бил службен јазик во Ацтечката Империја, видете класичен ацтечки јазик Ацтечки јазик nāhuatl, наватл
  • Турски јазик - јазик што го зборуваат околу 63 милиони луѓе во светот и доста зборуван јазик во туркиските држави. Најмногу е зборуван во родните Турција
  • Хрватскиот јазик хрватски: hrvatski jezik е јужнословенски јазик Се зборува од околу 6, 5 милиони луѓе, главно Хрвати. Хрватскиот јазик најмногу се зборува
  • Украинскиот јазик украї нська мо ва е јазик од источнословенската подгрупа на словенските јазици. Украинскиот е службен и национален јазик на Украина

Users also searched:

институт за македонски јазик, лекторати по македонски јазик, македонски јазик за странци, совет за македонски јазик,

...
...
...