Топ-100
Back

ⓘ Гора, област. Гора - историско-географска област која се наоѓа помеѓу областите Љума и Полог. Од планините Коритник на север, на југ од мостот Торбешки. Во крај ..




Гора (област)
                                     

ⓘ Гора (област)

Гора - историско-географска област која се наоѓа помеѓу областите Љума и Полог. Од планините Коритник на север, на југ од мостот Торбешки. Во крајниот југозападен дел на Косово има околу 18 села и 1 гратче распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина) и североисточниот дел на Албанија 10 села. Областа е планинска, со густи зимзелени шуми и низ него протекува реката Бел Дрим, а во делот под Косово се наоѓа изворот на реката Црн Камен.

                                     

1. Географија

Планинска ообласт што се наоѓа помеѓу планините Шара, Кораб и Коритник, во горниот тек на реката Љума, лева притока на Бел Дрим. Површината на областа изнесува 433 км 2. Од нив во Косово Призренска Гора се 385.6 км 2. Најголем простор е покриен со пасишта - 303 км 2, што овозможило да се развие сточарството, и тоа претежно овчарство. Делот на Гора во Албанија се нарекува Кукушка Гора според недалечниот град Кукуш Кукс.

                                     

2. Население

Горанците се посебен народ. Сепак, многумина од нив се самосознаваат како Македонци од исламска вероисповед. Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25 000 жители во најголемо мнозинство околу 82 %, според тврдењата на Здружението на Македонците од Гора во Албанија Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци Горани кои говорат македонски јазик. Други тврдат дека зборуваат српски јазик, а трети дека зборуваат бугарски.

Поради тешко пристапниот предел населението на Гора особено во Косово постојано се намалува, па така од некогашните 25.000 жители на косовскиот дел на Гора денес живеат околу 15 000 жители. Горанци од Гора често се селат во Македонија, а 10 000 од нив имаат и македонско државјанство.

Потеклото на населението е словенско. Во поголем дел е староседелско. Подоцна имало и мали доселувања на Власи.

                                     

3. Села во Гора

Призренска Гора Косово

Напомена: Горна и Долна Рапча и Горни и Долни Крстец административно се сметаат за целини - села Рапча и Крстец. Затоа, населението е дадено заедно, бидејќи статистичката служба ги смета горното и долното село за маала. Оттука, други називи се "Големо" и "Мало".
                                     

4. Тековни состојби

Македонците што живеат во делот на Гора што ѝ припаѓа на Албанија се организирани во свое македонско здружение кое е во најтесна соработка со здруженијата на Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо и преку заеднички активности се залагаат за поголеми малцински права на Македонците во Албанија. Во 2005 г. Здружението на Македонците од пределот Гора во Албанија достави барање до албанската влада за воведување на македонскиот јазик во училиштата во селата во Гора. На Косово исто така постои вакво здружение - Македонската горанска заедница на Косово.

Состојбата со Македонците од делот на Гора што припаѓа на Косово е многу тешка бидејќи тие се под секојдневен голем притисок на претставниците на Србите и Бошњаците а во последно време се почесто и од Албанците од Косово, да се изјаснат како Срби или Бошњаци. Врз Горанците се поголеми притисоци вршат и Бугарите кои имаат за цел да прикажат дека во Косово живеат и Бугари со исламска веросиповед, а во соработка со косовските политичари. Ова наишло на остра осуда од Сојуз на Македонците со исламска религија.

Актуелна е состојбата на изградбата на граничниот премин Стрезимир - Рестелица помеѓу Македонија и Косово, за кои Горанците сметаат дека ќе им се овозможи поголеми врски и контакти и полесен пристап до нивната матична земја.



                                     

5. Историја

Етимологијата на зборот "Гора" е старословенска со значење "планина, планински".

Првпат Гора се спомнува во 1348 г. во указ на царот Стефан Душан како жупа во Српското Царство, кога седум села ги подарил на манастирот "Свети Архангели’ кај Призрен. Второто спомнување на Гора е од 1452/5 г. во турски дефтери како "нахија Гора" во Османлиското Царство. По Балканските војни влегува во Србија, а по Првата светска војна, со создавањето на Кралството СХС во 1925 г. е поделена од страна на меѓународната комисија за разграничување. На тој начин 10 села со своите атари се припојуваат кон Албанија.

Исламот првпат се појавува во Гора во 1690 г. Првото село што целосно се исламизирало, било селото Крстец, а последно било селото Брод. Последната христијанка, Баба Божана, умрела во селото Брод во 1856 г.

                                     

6. Надворешни врски

  • "Гора". Македонска нација. 28 декември 2011.
  • "Македонците од Гора со безусловни барања до косовските власти и ОН". Идивиди. 13 март 2007.
  • "Нашинци од Гора во Албанија, говорат македонски а најголем празник е Ѓурѓовден". 16 декември 2009.
  • "Горанците се чисти Македонци: Остра осуда од Светскиот Македонски конгрес на изјавата на косовскиот МНР Беџет Пацоли". Инфомакс. 20 април 2018.