Топ-100
Back

ⓘ Никулци за наука ..




                                               

Дискретизација на енергијата

Една од најзначајните последици на квантната механика е и дискретизацијата на енергијата на микрочестичките, како што се електроните, протоните, атомите итн., кога тие се движат во потенцијална јама. Решенијата на Шредингеровата равенка покажуваат дека во тие случаи, движењето на честичките е финитно а енергетскиот спектар им е дисконтинуиран. Ваквите состојби на честичките во квантната механика се познати како сврзаните состојби, а множеството од сврзани состојби за секој систем го дефинира неговиот дискретен енергетски спектар. Според тоа, дискретизацијата на енергијата овозможува секој ...

                                               

Звук

Звук е низа од механички собирања и издолжувања на лонгитудиналните бранови, што последично минуваат низ медиум од материјал што е барем малку притислив. Во звучните бранови делови од материјата се движат во правец на бранот. Звучните бранови обично се претставени графички со брановидна, хоризонтална линија.

                                               

Лорандит

Лорандит е талиумов арсеничен сулфат со хемиска формула TlAsS 2. Тој е откриен за првпат во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 и е именуван по Е. Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта. За Лорандитот се вели дека има натприородни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА. Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување ...

                                               

Маса (физика)

Маса е карактеристика на физичките објекти. Според SI системот таа се мери во килограми, kg. Масата е мерка за инертност на телата. Инертноста ќе ја објасниме преку пример. Имено, ако на некое тело дејствуваме со прилично голема сила и притоа не го придвижиме многу, би кажале дека телото е релативно многу инертно. Ако на некое друго тело дејствуваме со релативно мала сила, а притоа доста ја промени својата положба, би рекле дека тоа тело има релативно мала инертност, и сл. Секое тело кое е доста инертно има и голема маса, додека пак секое тело кое е малку инертно има и мала маса. Ќе наведе ...

                                               

Материја

Материја се што има маса и зазема простор. Според едно современо гледиште, материја се сите научно забележливи ентитети, без исклучок. Материја може уште попрецизно да се дефинира како енергија што има ниска стапка на вибрации, збиена состојба на енергијата. Оваа дефиниција е ограничена на ентитети со кои се занимава физиката.

                                               

Облак

Облак - видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело. Гранката од метеорологијата која се занимава со проучување на облаците се нарекува нефологија. На Земјата кондензираната материја всушност е водена пареа, која формира мали капки или кристали на мраз, најчесто со големина на пречникот од 0.01 mm. Групирани милијарди капки односно кристали формираат облак, кој е видлив објект во атмосферата. Алтокумулус: Тоа е облак кој се создава на средна висина т.е. од 2000 до 4000 м додека над поларните области него ...

                                               

Радикал (хемија)

Во хемијата, радикалите се атоми или молекули со неспарени електрони. Овие неспарени електрони се обично многу реактивни, па затоа радикалите влегуваат во хемиска реакција. Радикалите играат многу голема улога во атмосферската хемија, плазма хемијата, биохемијата, човечката физиологија и во многу други слични дисциплини. На пример, супероксидите и нитричните оксиди регулираат многу биолошки процеси. Првиот органски слободен радикал беше идентификуван од Мојсеј Гомберг во 1900 година.

                                               

Рецептор

Рецептор или сетилна ќелија е делот од невронот кој прв стапува во контакт со нервниот стимул. Рецепторите можат да бидат слободни нервни завршетоци, специјализирани нервни клетки за прием на точно определени дразби или групирани со други ткива, формирајќи притоа сетилни органи. Во зависност од видот на стимулацијата, рецепторите може да бидат хеморецептори, механорецептори, терморецептори, фоторецептори и електрорецептори.механорецептоатите и фоторецоаптоарите се групирани во групи на клетки каде што сетилните влакна се групираат нерв кои ги пренесуваат дразбите до мозокот.

                                               

Токсикологија

Токсикологија е гранка на биологијата и медицината која се занимава со проучување на негативните ефекти на супстанците врз живите организми. Таа е наука за симптомите, механизмите, третирањето и откривање на труењата, посебно труењата кај луѓето.

                                     

ⓘ Никулци за наука

  • Применета наука е примена на занењето од една или повеќе природни научни полиња со цел за решавање на практични проблеми. На пример, разните видови на
  • понекогаш ја вклучуваме и географијата во групата на природните науки, иако таа е и општествена наука Општествени науки Егзактни науки Технологија Техника
  • погледнете Општествени студии. Науката за општеството е област која се занимава со општеството. Терминот Општествена наука честопати се користи како повеќезначен
  • Весела наука германски: Die fröhliche Wissenschaft - книга на германскиот философ Фридрих Ниче од 1882 година. Ниче вели дека за Веселата наука la
  • наука е гранка на биологијата и медицината која се занимава со проучување на негативните ефекти на супстанците врз живите организми. Таа е наука за симптомите
  • Здравствена наука е применета наука која се занимава со здравје, а вклучува многу поддисциплини. Постојат два пристапа кон здравствената наука проучувањето
  • Инженерство или техника претставува примена на наука за постигнување на потребите на човештвото. Ова се остварува низ општо знаење, математика и практично
  • економијата како наука која се занимава со производството, распределбата, размената и потрошувачката на богатството. Економијата се смета за позитивна кога
  • протистологијата наука за праживотните малакологија - наука за мекотелите, арахнологија - наука за пајаковидните, ентомологија - наука за инсектите, акарологија
  • занимава со подобрување на образованието во природните науки. Меѓународен сојуз за чиста и применета физика Меѓународен совет за наука Матична страница
                                               

Ван дер Валсов полупречник

Ван дер Валсов полупречник - растојанието меѓу најоддалечените електрони од атомското јадро на слободни атоми. Единицата е именувана по научникот Јоханес ван дер Валс. Ако се замислат атомите или молекулите како топки чијашто површина ја градат од центарот најоддалечените електрони, Ван дер Валсовите полупречници се всушност полупречниците на тие топки.

                                               

Ковалентен полупречник

Ковалентен полупречник или валентен полупречник - средното растојание на најоддалечените електрони од атомското јадро на два или повеќе атоми кои учествуваат при образувањето на хемиски врски. Ковалентниот полупречник е речиси еднаков на половината од средната должина на поединечните хемиски врски кои ги градат тие атоми. Ковалентните полупречници на атомите се околу 25 - 50% помали од нивните Ван дер Валсови полупречници.

                                               

Нитрозација

Нитрозацијата е хемиска електрофилна супституција на претворба на органските соединенија во нитрозни соединенија. Пример за ваква реакција е реакцијата меѓу нитрити со амини, при што се формираат карциногените N-нитрозамини.

                                               

Прв Њутнов закон

Прв Њутнов закон е закон којшто го поставил англискиот физичар Исак Њутн, а гласи: Секое тело, кое се разгледува како материјална точка, ја задржува состојбата на мирување или рамномерно праволиниско движење се дотогаш додека некое друго тело не го принуди да ја промени таа состојба. Се нарекува и закон за инерција.

Ровер (вселенско истражување)
                                               

Ровер (вселенско истражување)

Ровер - средство за истражување на планетарна површина кое е дизајнирано да се движи на цврстата површина на одредена планета или на други астрономски тела кои имаат планетарна маса.

                                               

Топлина на топење

Топлината на топење е бројно еднаква на количеството топлина што треба да се даде на единица маса од некој кристал за да се стопи целосно при точката на топењето. Различните супстанции имаат различна топлина на топење.