Топ-100
Back

ⓘ Медицински поими ..




                                               

Акутност

Во медицината, акутна е онаа состојба која има нагол почеток, брзи промени, тежок тек или релативно кратко траење. Поимите "акутен", "акутна" или "акутно" се користат за опис на медицински состојби кои ги покажуваат претходно наведените карактеристики. Примери за ова се акутно воспаление, акутна срцева декомпензација, акутна леукемија и други. Ова се разликува од хронична состојба, која се карактеризира со долго траење. За некои здравствени работници, акутен процес е оној кој се развива во период од 1 до 3 дена, а хроничниот процес се развива подолго од 2 недели. Субакутна е онаа состојба ...

                                               

Апендицит

Апендицит е воспаление на апендиксот. Најчест причинител е опструкција на апендиксот од фекална маса, меѓутоа во некои случаи настанува воспаление и без опструкција. Чести симптоми се болка во десниот долен дел на абдеоменот, наузеа, повраќање и намален апетит. Сепак, околу 40% од пациентите ги немаат овие типични симптоми. Како што ткивото станува воспалено, настанува оток, снабдувањето со крв е компромитирано, и бактерии може да пролиферираат во ѕидот. Нетретиран, апендиксот може да пукне и да ја ослободи својата содржина во перитонеумот, што претставува животозагрозувачка ситуација.

                                               

Епилепсија

Епилепсијата е често хронично невролошко пореметување кое се карактеризира со напади. Тие напади се краткотрајни знаци и/или сипмтоми на абнормална, претерана или хиперсинхрона невронска активност во мозокот. Околу 50 милиони луѓе ширум светот страдаат од епилепсија и скоро секој втор од три нови случаи се откриваат во развиените земји. Како што се навлегува се подлабоко во староста, така епилепсијата станува се почеста болест. Голем дел од новите случаи се јавуваат најчесто кај малите деца и кај постарите. Како последица на операција на мозокот, нападите на епилепсија може да се појават и ...

                                               

Мајчинска смртност

Мајчинска смртност или смртност кај мајките е дефинирана од Светската здравствена организација како "смрт на жена додека е бремена или во рок од 42 дена по завршувањето на бременоста, без оглед на времетраењето и анатомската локализација на бременоста, од која било причина поврзана или влошена од страна на бременоста или нејзиното управување, но не од случајни или инцидентни причини." За да се забрза идентификацијата на матерналната смртност во услови во кои атрибуцијата на причината на смртта е несоодветна, воведена е нова категорија: смрт поврзана со бременост, која се дефинира како смрт ...

                                               

Миокардитис

Миокардитис или воспалителна кардиомиопатија е воспаление на срцевиот мускул. Миокардитисот често е резултат на инфекција од вируси, како што е познатиот парвовирус В19, помалку познатите неинфективни патогени како Borrelia burgdorferi или протозоата Trypanosoma cruzi. Исто така, може да е и резултат на преосетливост на лекови. Миокардитисот може да се дефинира на повеќе начини. Неговата главна карактеристика е тоа што претставува инфекција на срцето проследена со воспаление и оштетување на срцевиот мускул без блокирање на коронарните артерии, кои инаку би предизвикале срцев удар миокарден ...

                                               

Простатитис

Простатитисот може да предизвика болка или отекување во пределот под мочниот меур. Притоа, болката или печењето се јавуваат при уринирање или при ерекција. Понекогаш, простатитисот е предизвикан од бактерија, но често причините за појавата на воспалението се непознати. Како основни симптоми на болеста се: зачестено уринирање, нарушено уринирање, уринирање во мали количества и слично. Освен тоа, по ејакулацијата се јавува болка на врвот на пенисот.

                                               

Увеитис

Увеитис е воспаление на увеата – васкуларната покривка на окото, која се наоѓа помеѓу ретината и белката на окото. Увеата се протега напред до ирисот шареницата, хороидната покривка и цилијарното тело. Најчестиот тип на увеитис е воспаление на ирисот, наречен иритис преден увеитис.

                                     

ⓘ Медицински поими

  • јули 1974 специјалист, интернист, ревматолог, редовен професор на Медицински факултет, академик. Арсон е роден во Крива Паланка на 28 септември 1908
  • траење. Поимите акутен акутна или акутно се користат за опис на медицински состојби кои ги покажуваат претходно наведените карактеристики. Примери
  • Medical Subject Headings или MeSH на македонски: Медицински предметни определници - сеопфатен контролиран речник со цел индексирање заведување на стручни
  • повраќање и дури 80 до нив навистина ја повратиле водата. Најпосле, во три медицински центри биле вршени истражувања со примена на аспирин при што во два
  • избори. Антарктички информативен програм Национална научна фондација Медицински разузнавачки центар на Вооружените сили Министерство за одбрана Пописна
  • опис: Задачите вклучуваат: а истражување, унапредување и развивање на поими теории и оперативни методи за работа од областа на физиката и астрономијата
  • бит н ост Суштествувањето стои спроти настанувањето. При користење на овие два поими во светот на инженерите, некогаш тие се погрешно асоцирани. Со цел подобро
  • астрономијата, математиката, психологијата и геологијата. Неговото главно дело Медицински канон станало стандарден учебник на европските универзитети. Бил првиот
  • vocabulary, кои всушност претставуваат речник на синоними од околу 17 000 поими MeSH насловите за ској труд се одредуваат од специјалист за индексирање
  • за обликување и оформување на трупот во саканата форма за естетски или медицински цели било заради должината на животот при носење или со подолготраен
                                               

ГОУНГ испитување

Инспекција на лузни и промени на кожата IPPA Палпација на темпоромандибуларниот зглоб, штитната жлезда и лимфните јазли Аускултација за срцеви шумови Перкусијата може да ја вклучува кожата над фронталните синуси и параназалните синуси за да се детектира било каков знак на болка Невролошко испитување вообичаено се смета за засебно од ГОУНГ, иако во некои случаи можно е нивно преклопување.

                                               

Идиопатија

Идиопатија е било која болест која нема позната патогенеза или навидум има непознато потекло. За некои болести се познати причинителите, но кај одреден број на луѓе со тие болести, причинителот може да не биде очигледен. Во овие случаи се вели дека потеклото на болеста е идиопатско. За некои болести кај кои не се познати причинителите, најголемиот број на случаи се идиопатски, на пример кај фокална сегментална гломерулосклероза. Кај други болести, само мал процент од случаите се идиопатски.

Кетопрофен
                                               

Кетопрофен

Кетопрофенот е нестероиден антиинфламаторен лек со аналгетско и антипиретско дејство. Механизмот на дејство му е преку инхибиција на синтезата на простагладините во организмот. Кетопрофенот воглавно се препишува за болки поврзани со артритис и забоболки кои резултираат со воспаление на непцата.