Топ-100
Back

ⓘ Плоштад Гоце Делчев, Струмица. Плоштадот Гоце Делчев e градскиот плоштад во Струмица, југоисточна Македонија и еден од најголемите во државата со вкупна површин ..




Плоштад Гоце Делчев (Струмица)
                                     

ⓘ Плоштад "Гоце Делчев" (Струмица)

Плоштадот "Гоце Делчев" e градскиот плоштад во Струмица, југоисточна Македонија и еден од најголемите во државата со вкупна површина од 23.485 квадратни метри. Плоштадот бил реконструиран во 2010 година и тогаш добива речиси целосен нов изглед. Главната знаменитост е споменикот "Гоце Делчев", поставен во 1970-тите години, по кој и го добива името. Освен главниот отворен простор, плоштадот има подземна сообраќајница и паркинг за возила. Овде се одржуваат различни манифестации и настани, меѓу кои и традиционалниот Струмички карневал.

                                     

1. Историја

Во минатото дел од просторот на денешниот плоштад се користел како градски пазар, а подоцна овде била сместена и автобуската станица. Со проширувањето на Струмица во 1970-тите години, неколку куќи и објекти со неокласичен стил биле разрушени и според новиот урбанистички план плоштината на плоштадот била зголемена.

По повод 100-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на плоштадот бил поставен негов споменик. Реализацијата започнала во 1973 година. Составен е од статуа на Делчев на подлога со цитат: "Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите" и две платна со 16 фигури на комити. Споменикот бил завршен во 1976 година.

                                     

1.1. Историја Реконструкција

Во 2010 година плоштадот бил реконструиран. Зафатот речиси целосно го променил изгледот на плоштадот. Новото решение го поделил плоштадот на две нивоа, на првото била изградена подземна сообраќајница со паркинг простор која го решила сообраќајниот метеж, додека второто ниво е надземен дел со широк отворен простор за пешаци.

Надземниот дел од плоштадот бил поплочен со гранит и добил неколку знаменитости. Споменикот "Гоце Делчев" бил задржан, но биле направени промени кај подлогата која добила нов изглед и двете платна со фигури на комити биле додадени на левата и десната страна од подлогата. Зад споменикот било изградено плато на кои се поставени две фонтани. Плоштадот исто така добил Саат-кула со три часовници и бронзена фигура "Струмичанка под маска" како симбол за Струмичкиот карневал.

На центарот од отворениот простор на плоштадот била поставена и бакарна ѕвезда во чест на македонскиот фудбалер Горан Пандев, роден во Струмица, кој истата 2010 година ги освоил титулите од Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во дресот на ФК Интер. Ѕвездата била откорната и украдена во ноември 2018 година од непознати сторители.

За реконстукцијата биле потрошени околу 3.5 милиони евра, обезбедени од Општина Струмица. За лиењето со бронза на споменикот "Струмичанка под маска" средствата ги дала Меѓународната ликовна колонија. Саат кулата е донација од градежната компанија Адора инженеринг. Плоштадот официјално бил отворен на 10 декември 2010 година, ден пред патрониот празник на Струмица.

                                     

2. Сообраќај

Подземниот дел на плоштадот е составен од сообраќајница во "Т" форма и паркинг простор и е дефиниран на 5.183 квадратни метри. Во сообраќајницата минуваат улицата "Моша Пијаде" и регионалниот пат R2432, кој започнува од раскрсницата меѓу главниот булевар "Маршал Тито" и "Ленинова" и води до Вељуса. Подземниот паркинг има капацитет за 80-тина возила и е опремен со заштитни рампи, пешачки влезови, сообраќајна сигнализација и јавен градски тоалет. Овој дел од плоштадот е дел од реконструкцијата во 2010 година.