Топ-100
Back

ⓘ Говорништво или ораторство - говорење пред група луѓе на подреден, умислен начин кој има за цел да ги информира, влијае врз, или да ги забавува слушателите. Как ..




Говорништво
                                     

ⓘ Говорништво

Говорништво или ораторство - говорење пред група луѓе на подреден, умислен начин кој има за цел да ги информира, влијае врз, или да ги забавува слушателите. Како и кај било кој начин на општење, говорништвото се состои од пет најважни елементи "кој кажува што, кому со помош на кој медиум и со која цел"?

Целта на говорништвото може да биде од едноставен пренос на информации, мотивирање на луѓето да дејствуваат на извесен начин, па до едноставно раскажување на некоја приказна. Добриот говорник треба да може и да ги менува чувствата на своите слушатели, а не само да ги информира. Во античка книжевност покрај оние родови што се составуваат во стих се појавиле и се развиле и прозни книжевни родови. Покрај филозофската книжевност и историографијата, меѓу овие спаѓа и говорништвото

                                     

1. Историја

Говорењето во јавност е речиси старо колку и самиот говор. Првите учебници на оваа тема се напишани пред поеќе од 2400 години, а принципите елаборирани во нив биле продукт на практики и искуства на говорниците во Стара Грција. Овие основни принципи имаат претрпено промени како што се менувале самите општества и култури, но сепак тие останале изненадувачки униформни.

                                     

2. Вежбање

Доброто говорништво може квалитетно да се извежба со зачленување во некое говорничко друштво. Членовите учат со гледање и слушање, како и со лични вежби на кои другите членови даваат конструктивни примедби. Тие одредби се:

  • Развивање на однос со слушателите
  • Употреба на хумор
  • Избор на речник
  • Ораторство
  • Прибелешки
  • Употреба на гестикулации
  • Контрола врз гласот
                                     

3. водство

Успешното водство секогаш зависи од квалитетот на говорништвото на тоа лице, и истото често може да го надомести недостатокот на други способности. Целите за кои оваа вештина се употребува можат да бидат најразнообразни - Адолф Хитлер и Мартин Лутер Кинг двајцата употребувале говорништво со цел да извршат силно влијание врз оппштеството - но во прилично различни насоки.

                                     

4. Општо

Стравот од јавното говорење се нарекува глософобија или неформално "трема". Се смета дека ова е најчестата фобија во светот - дури почеста и од фобијата од смрт - таа е присутна кај 75% од сите луѓе на светот.

                                     
  • обработка на дисциплината. Постои клучна разлика помеѓу она што се нарекува говорништво беседништво или ораторство и она што се нарекува реторика. Имено, беседништвото
  • најпосветените следбеници на Адолф Хитлер. Гебелс бил познат по неговото жестоко говорништво и страшниот антисемитизам. Добил докторска диплома од Хајделбершкиот
  • познат хијазмот. Првпат хијазмот го споменува Хермоген, кој бил учител по говорништво во 2 век од нашата ера. Хермоген го нарекол хијазмот вкрстени распоредени
  • Во другите дела се занимавал со секојдневниот живот во Рим, политика, говорништво животот на познатите писатели и др. Некои од нив се делумно зачувани
  • Линколн, за еден од најдобрите говори во историјата на американското говорништво Поради својата посветеност на ненасилниот отпор при спротивставувањето
  • германската гордост. Набргу потоа во себе почнал да открива талент за говорништво и способност да ги врзува луѓето за своите идеи. Нацизмот почнал вртоглаво
  • комбинација на човековите таленти: од командување во битка, државништво, говорништво пишување, право, владеење, сексуалност, пријателство и разговор тој