Топ-100
Back

ⓘ Автотрансформаторот е посебен вид на трансформатор, со една фазна намотка кај кој дел од намотката припаѓа истовремено и на примарниот и секундарниот систем. Пр ..




Автотрансформатор
                                     

ⓘ Автотрансформатор

Автотрансформаторот е посебен вид на трансформатор, со една фазна намотка кај кој дел од намотката припаѓа истовремено и на примарниот и секундарниот систем. Претставката "авто-" во името се однесува на постоењето на единечна намотка, а не на некаков автоматизиран механизам во трансформаторот. Кај автотрансформаторите постојат најмалку 3 електрични приклучоци. Едниот крај на намотката е најчесто поврзан со напонски извор и со електричното оптоварување додека другиот крај на напонскиот извор и електричното оптоварување се приклучени низ должината на намотката. Во зависност од тоа како ќе се изведат приклучоците, автотрансформаторите, исто како и двонамотните трансформатори, можат да го снижуваат или повишуваат напонот.

                                     

1. Шема на автотрансформатор

На сликата е прикажана шема на еднофазен трансформатор. На неа јасно се гледаат намотките кои припаѓаат на примарната намотка која се приклучува на мрежата за напојување на примарниот напон. Како секундарна намотка кон која се приклучуваат потрошувачите служи само еден дел од примарната намотка, при што излезните краеви од двете намотки се поврзани во заедничка точка.

                                     

2. Режим на празен од

Режимот на празен од на автотрансформаторите по ништо не се разликува од соодветниот режим на трансформаторите, примарната намотка се прилклучува на електрична мрежа, а секундарната намотка се остава отворена т.е. без оптоварување I s = 0 {\displaystyle I_{s}=0}. Режимот на празен од служи за определување на коефициентот на трансформација на автотрансформаторот. Тој е определен со релацијата: k a = N 1 / N 2 {\displaystyle k_{a}=N_{1}/N_{2}} Каде што N 1 {\displaystyle N_{1}} е бројот на навивки на примарната намотка, а N 2 {\displaystyle N_{2}} е бројот на навивки на секундарната намотка.

                                     

3. Режим на куса врска

Во режим на куса врска, примарната намотка на автотрансформаторот се приклучува на мрежа и низ неа протекува струја I p {\displaystyle I_{p}}, додека секундарните краеви се поврзуваат накусо и помеѓу нив протекува струја I s {\displaystyle I_{s}}. Овој режим служи за докажување на двокомпонетнтноста на струјата I s {\displaystyle I_{s}} која тече во секундарното коло: првата компонента е I p {\displaystyle I_{p}} која протекува само од примарната мрежа и втората I s p {\displaystyle Isp} која протекува во заедничкиот дел на намотката.

                                     

4. Типови автотрансформатори

Во зависност од бројот на фазни намотки, автотрансформаторите можат да бидат изведени како еднофазни и трифазни автотрансформатори. Разликата мегу примарниот и секундарниот напон при трансформацијата, се движи од 10%-50% кај постарите трансформатори, па сè до 75% и повеќе кај поновите, и тоа се должи поради подобрата изолација. Од конструктивен аспект, автотрансформаторите се поедноставни од двонамотните трансформатори. Исто така, од економски аспект се поевтини, како при производство така и при експлоатација.

Users also searched:

...