Топ-100
Back

ⓘ Филм. Оваа статија се однесува на филмовите како дел од уметноста. За други значења видете филм појаснување. Филм, форма на културата позната како седмата уметн ..




                                               

Господарот на прстените (појаснување)

Господарот на прстените: Враќањето на Кралот книга книги напишани од Џ.Р.Р. Толкин Господарот на прстените: Двете кули книга Господарот на прстените книга Општа статија за делата од трилогијата Господарот на прстените: Дружината на прстенот книга

                                               

Печатар

Печатар може да биде: Оптички печатач, направа која копира и/или модифицира слики на филмската лента на еден филм Печатач, сметачки периферен уред кој репродуцира текст и/или слики Печатар издавач, некој кој управува со преса за печатење

                                               

Наметка (филм од 1953)

"Наметка" - американски филм од 1953 година, во режија на Хенри Костер. Автори на сценариото се Лојд Ц. Даглас, Џина Каус, Алберт Малц и Филип Дјун, според романот на Лојд Ц. Даглас. Главните улоги ги играат: Ричард Бартон, Џин Симонс, Виктор Мачјур, Мајкл Рени, Џеј Робинсон, Дин Џегер, Торин Тачер, Ричард Бун и Џеф Мороу. "Туника" бил голем хит и прв филм снимен во синемаскоп. Филмот освоил две награди "Оскар". Благодарение на големиот успех, веќе следната година било снимено продолжението со наслов "Деметриј и гладијаторите" во режија на Делмер Дејвс, кој според мислењето на критиката е ...

Филм
                                     

ⓘ Филм

Оваа статија се однесува на филмовите како дел од уметноста. За други значења видете филм појаснување.

Филм, форма на културата позната како седмата уметност, претставува вид на комуникација која користи движечки слики и звук со цел да се раскажат приказни или да се помогне на луѓето да научат за нови идеи. Луѓето низ сите делови на светот гледаат филмови кои раскажуваат приказни како форма на забава. Повеќето филмови се направени така што можат да се гледаат на големи екрани во кино сали.

Постојат многу видови на филмови. Драма-филмовите раскажуваат фиктивни приказни за луѓе. Акционите филмови прикажуваат приказни за бркотници и борби. Вестерн филмовите раскажуваат за тоа како живееле каубојците во 19 век. Воените филмови прикажуваат војни или битки. Анимираните филмови користат цртани слики создадени со рака или преку компјутер да раскажат некоја фиктивна приказна.

Иако сите овие видови на филмови пренесуваат измислени приказни, понекогаш се засновани на вистински историски случки. На пример, филмот може да прикаже фиктивна приказна за војници кои се бореле во вистинска битка, како Втората светска војна на борбата за Сталинград во Русија. Документарци се филмови кои се за вистински луѓе и вистински настани.

Откако филмовите подолго време ќе се прикажат на кино-екраните, филмовите се емитираат на посебни платени телевизиски канали и се продаваат или изнајмуваат на ДВД или видеоленти. Подоцна, филмовите се пуштаат на телевизиските станици.

                                     

1. Како работат филмовите

Филмската камера или видео камерата е способна да зема слики многу брзо, обично по 24 слики во секунда. Кога филмски проектор, компјутер или телевизор ги покажува сликите со таа брзина, изгледа дека сликите на екранот се движат. Филмовите ги придружуваат сликите во движење со звук. Звукот во филмот може да ги вклучува гласовите на луѓето кои зборуваат што е наречено дијалог, музика што е наречено саундтрак анг:звучна лента) и звуци на активностите кои се случуваат во филмот како на пример, отворањето на врати и пукањето на пиштоли.

                                     

2. Филмска продукција

Филмската продукција почнува кога сценаристот почнува да пишува сценарио, кое е приказната на филмот со дијалогот кои глумците ќе го кажуваат и ситуациите кои ќе ги глумат. Тогаш продуцентот најмува луѓе кои ќе работат на филмот ги обезбедува сите финансиски средства потребни да се отплатат глумците, екипата и опремата. Продуцентите обично парите ги набавуваат преку банковни кредити или преку инвеститори. Некои продуценти работат за филмско студио; други продуценти се независни односно, не работат за филмско студио.

Актерите и режисерот го проучуваат сценариото за да дознаат што треба да работат. Глумците ги учат репликите кои треба да ги кажат ги учат акциите кои ќе треба да ги одглумат. Тогаш режисерот им кажува на глумците што треба да направат и како да го направат тоа и камерман ја снима акцијата преку филмска камера.

Следната фаза ја вклучува филмската монтажа. Монтажер ги составува и одбира сниманите сцени, а тонмајстор ја снима музиката и звукот ги вклучува на снимката. Кога филмот е завршен, се прават многу копии од филмот во филмски лаборатории и се става на филмски ленти. Следно, филмските ленти се праќаат на киносалите, каде електрична направа наречена проектор праќа светлина низ филмската лента, а луѓето кои седат во темна просторија публиката ја следат светлината која паѓа на големо платно - екран, во форма на филм.

                                     

3. Жанрови

Жанр е збор за тип на филм или за стил на филм. Главните филмски жанрови вклучуваат драми, комедии, трилери, научно-фантастични филмови, акциони и хорор филмови. Некои филмови се мешавини на два или повеќе жанра.

                                     

3.1. Жанрови Драма

Драмите се со сериозна содржина и често ги обработуваат темите на луѓе кои се заљубуваат или кои треба да направат големи одлуки во нивниот живот.

                                     

3.2. Жанрови Научна фантастика

Научната фантастика содржи филмови кои често се поставени во иднината или во вселената. Научно-фантастичните филмови често ја користат својата футиристичка или вонземјанска форма да постават прашања за значењето на животот или како треба да размислуваме за животот. Овие филмови често користат специјални ефекти да создадат слики на вонземјански светови, вселената, вонземјанки суштества и вселенски бродови.

                                     

4.1. Историја Светска кинематографија

За изумител на филмот се смета французинот Луј Ле Принс со неговиот прв краток филм Сцена од Раундхејската градина 1888. Ова е најраниот филмски запис во историјата. За едни од пионерите на филмот се сметаат браќата Лимиер со еден од своите први филмови Пристигање на воз на станицата во Ла Киота 1895.

                                     

4.2. Историја Историја на македонската кинематографија

Првите кинематографи во Македонија, а воедно и на Балканот, се браќата Манаки со својот прв филм Баба Деспина 1905. Од тој историски момент започнал македонскиот филм, додека пак денешна модерна историја на македонската кинематографија започнува со формирањето на првите институции. Институционализацијата на кинематографијата се покажала како пресудна за развојот на македонскиот филм. Формирањето на претпријатието "Филмско Скопје" резултирало со првите документарни филмови во 1947 година. Набргу се формирало и првото производствено претпријатие "Вардар филм" кој на почетокот започнал со реализација на серија филмски журнали под назив "Филмски преглед". Македонските филмски автори, и покрај неискуството, мошне бргу го совладале медиумот ги осознале документарните жанровски можности.

Развојот на општеството се рефлектирало врз развојот на филмското производство, но и врз тематските преокупации. Фабулативноста била зголемена и бил искористен играниот сегмент на медиумот со мешање на жанровите, па и на видовите. Појавата на независното продуцентско претпријатие ФРЗ-Скопје кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите, најавил можна конкуренција во сферата на ова производство. Но, тоа не се случило поради брзото згаснување на ФРЗ.

Документарното филмско производство во Македонската кинематографија постојано се развива. Со своите повеќе од 500 филмски наслови, разновидноста на темите и перспективите, претставува документарна ризница на македонската држава и нејзините поединости. Дел од артистичките документарни филмови наоѓаат место во трезорот на светската кинематографија.

Македонската играна филмска продукција официјално започнува со реализирањето на филмот Фросина, снимен во 1952 година. Од тогаш, па се до денес, снимени се вкупно 50 долгометражни играни филмови од кои седум се копродукции. Во овој сегмент на кинематографијата, македонската играна продукција остварила една хомогена творечка структура, проткаена со голем број забележителни филмски дела. Жанровскиот простор и творечките способности на македонските филмски дејци се развиле до оптимална мера. Така, авторскиот сензибилитет во играната продукција стекнал една пресудна функција во конституирањето на филмското дело. Ова го истакнувало чувството на авторот за времето и човекот во него. Во овој сегмент на македонската кинематографија и во овој релативно ограничен квантум на филмови, македонските филмски творци успевале да создадат некои вредни - и за македонскиот игран филм релевантни - авторски циклуси. Во тој контекст, примарно интересирање претставувала генеричката форма на филмскиот израз со неговите специфичности.

Кусометражната играна продукција, пак, имала и специфична судбина во македонската играна продукција. Така, како резултат на рутинското во филмската експресија, кусометражната играна форма послужила, претежно, како еден вид на образовен полигон за македонските филмски дејци.

Најзначајна појава за македонската кинематографија во седумдесетите години бил анимираниот филм. Македонскиот анимиран филм се развивал во неколку аниматорски насоки: карикатуристичка гег анимација, графичко сликарски израз и предметна анимација. Македонската филмска анимација со својот квалитет не останала незабележана од страна на домашната и странската филмска критика. Специфичната тематика и впечатливото структурирање на анимираниот филмски материјал ја поставил оваа нова гранка во македонската кинематографија на висок пиедестал во светската анимација. Македонскиот анимиран филм со својата кратка но бурна историја зазел значајно место во македонската кинематографија. Тој имал и има моќ на креативно-естетски начин да го изрази духот на своето време, егзистирајќи паралелно со играната филмска продукција, но во значаен степен и дополнувајќи ги нејзините недостатоци.



                                     

5. Теорија на филмот

Во книгата "Филмот ликовна уметност", Карло Рагијанти го карактеризира филмот во "уметноста на претставата" и го сместува во доменот на ликовните уметности. Според него, филмот претставува фигуративност што се одвивала и во времето, а не само во просторот и по тоа се разликува од сликарството и од скулптурата, но разликата не е таква за да може филмот да се изземе од ликовната уметност.

                                     

6. Филмот како тема во уметноста и во популарната култура

  • "Не сме во сцена од филм" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.
  • "Филм" Film - хрватска рок-група.
  • "Филм - шеесеттите години" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Ова е филм" англиски: This Is A Film - песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.
  • "Филм на телевизија" - расказ на српскиот писател Давид Албахари.
  • "Стар сеемен филм" Old Home Movie - песна на Горан Бреговиќ од 1993 година.
  • "Филм со чудовишта" Monster Movie - албум на германската рок-група "Кен" Can од 1969 година.
  • "Каубојски филм" Cowboy Movie - песна на американскиот рок-музичар Дејвид Крозби David Crosby од 1971 година.
  • "Сите заминаа да гледаат филмови" Everyones Gone To The Movies - песна на американската рок-група "Стили Ден" Steely Dan од 1975 година.
  • "Подвижни слики" Motion Pictures - песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг Neil Young од 1974 година.


                                     

7. Надворешни врски

  • Филмски сајт - Критики на класичните филмови англиски
  • All Movie водич - Информации за филмови: глумци, режисери, биографии, критики, учесници и заслуги за снимањата, информации за продажбата и други податоци. англиски
  • МИФЦ - Македонски Информациски Филмски Центар
  • The Internet Movie Database IMDb - Информации за моменталните и историските филмови, како и список на глумците. англиски
  • најголемата база на податоци на филмови во светот - Најпознатата, најголемата, најдобрата база на податоци на филмови. англиски
  • Rotten Tomatoes - Филмски критики. англиски
  • Filmovi.com.mk-Macedonian Movie Portal - Фимски Портал. македонски
                                     
  • Зборот цртан филм или анимиран филм има неколку значења, врз основа на на неколку различни форми на ликовна уметност и илустрација. Кога ќе се спомне зборот
  • Том Џонс е британски авантуристички филм од 1963, адаптација на романот Историјата на Том Џонс од Хенри Филдинг 1749 Главната улога во филмот ја толкува
  • Ганди е биографски филм од 1982, заснован на животот на Махатма Ганди кој се залагал за отпор без насилство против британската колонијална власт во Индија
  • Жижи е американски музички филм од 1958, режиран од Винсент Минели. Сценариото било напишано од Алан Џеј Лернер и се заснова на истоимениот роман на Колет
  • историски епски филм на режисерот Ридли Скот од 2000 година со Расел Кроу, Хоакин Финикс, Кони Нилсен, Ричард Харис и Џимон Хансу. Расел Кроу, кој во овој филм е главниот
  • Вардар Филм - македонска продуцентска компанија. Во избори за нови победи Жито за народот Австралија, Австралија Тулгеш Голгота Ембрио No. M. Отпор Бело
  • епски драма филм од 2003, режиран од Питер Џексон. Филмот е заснован на вториот и третиот дел од книгата Господар на прстените на Џ. Р. Р. Толкен. Овој филм е
  • На запад ништо ново е американски воен филм од 1930, снимен врз основа на истоимена новела од Ерих Марија Ремарк. Филмот бил режиран од Луис Мајлстоун
  • Сенки англиски: Shadows - македонски филм од 2007 година, режиран, продуциран и напишан од страна на Милчо Манчевски. Сниман е на повеќе локации во Скопје
  • Документарен филм или разг. документарец е научно - образовен филм сниман за образовни цели. Документарните филмови најчесто обработуваат теми со научен

Users also searched:

директор на агенција за филм, филмски фестивал во македонија, контакт македонски филм,

...
...
...