Топ-100
Back

ⓘ Илинска Планина или Пространска Планина - средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток. Највисоки врв ..




Илинска Планина
                                     

ⓘ Илинска Планина

Илинска Планина или Пространска Планина - средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток. Највисоки врвови се Лиска и Старец. Се наоѓа помеѓу котлината Дебрца на запад, долината на реката Треска на север, Демир Хисар и долината на Беличка Река на исток. На југоисток продолжува во Плакенска Планина. На Илинска Планина се развиени изворишните челенки на Мраморечка и Беличка Река. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовнички конгломерати и гранитит преку кои лежат карбонатни карпи. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта. Изобилува со букова шума во високите и средните делови, како и дабова во пониските делови. Богатите шуми се користат за сеча на дрво за огрев, градежништво, мебел и производство на ќумур.

                                     
  • притока на Треска. Извира од Беличките Извори на источните падини на Илинска Планина на надморска височина од 1.580 м, минува низ с. Белица и се влева
  • Пространска Планина е ороним кој го носат неколку планини во Македонија: Плакенска Планина Илинска Планина
  • Лиска е највисокиот планински врв на Илинска Планина во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.908 метри. Од него се пружа
  • само Илинска Река - река, односно помал планински поток, која всушност претставува изворишна челенка на Црна Река. Извира високо на Илинска Планина во
  • извира на Илинска Планина Поминува низ ресенските села Илино и Болно и се разводнува низ полето на Преспа. Во горниот тек се вика Илинска Река. Зафаќа
  • котлината Дебрца од Илинска Планина Котлината Дебрца и источната падина на Илинска Планина Поглед на котлината Дебрца од Илинска Планина Дебрца С. Томић
  • Беличка Река може да се однесува следниве реки: Беличка Река Илинска - река на Илинска Планина притока на Треска Беличка Река Јабланичка - река на Јабланица
  • Сошанска Река - река која извира високо на планинскиот масив Илинска Планина Поминува низ селото Сошани и на крајот се влева во реката Сатеска. Поголеми
  • појаснителната страница Бигла - средновисока планина што претставува природно продолжение на Илинска и Плакенска Планина Има динарски правец на протегање сз ји
  • по планината Бушева, а западната по сртовите на Бигла, Плакенска и Илинска Планина На југоисточната страна е планината Древеник. Територијата на општина

Users also searched:

...