Топ-100
Back

ⓘ Геокодови ..




                                               

Геокодирање

Геокодирање - постапка на пронаоѓање на придружни географски координати од други географски податоци, како улична адреса или поштенски броеви. Користејќи се со географски координати, објектите можат да се исцртаат на карта и да се внесат во географски информациони системи или пак координатите можат да се вметнат во снимки и слики како дигитални фотографии по пат на геоозначување. Наспроти ова постои обратно геокодирање: пронаоѓање на здружено место во текст како улична адреса, од географски координати. Геокодер е програм или интернет-служба што служи за геокодирање.

                                               

Геоозначување

Геоозначување - додавање на распознатливи метаподатоци на разни медиуми како фотографии, видеоснимки, мрежни места, SMS-пораки или RSS-канали и претставува облик на геопросторен метаподаток. Податоците најчесто се состојат од координати за географска ширина и должина, но може да содржат и надморска височина, правец, растојание, податоци за прецизноста, како и топоними. Геоозначувањето им овозможува на корисниците да пронајдат најразлични информации што се однесуваат на даденото место. На пример, ако сакаме да пронајдеме слики направени во околината на некое место, внесуваме географска шири ...

                                               

Државен код

Државен код претставува краток географски код составен од букви или броеви, развиен за да се претставуваат државите или зависните територии за потребите при обработка на податоци и за олеснување на комуникациите. Поради тоа, се развиени неколку различни системи. Најпознат меѓу нив е ISO 3166-1. Изразот државен код понекогаш се користи за повикувачките броеви на различни држави, на пример E.164 повикувачки броеви на државите.

                                               

Номенклатура на територијални статистички единици

Номенклатурата на територијални статистички единици или NUTS - геокоден стандард за означување на административните единици на земјите за статистички цели. Стандардот е на Европската Унија и затоа подробно ги разработува само нејзините членки. NUTS игра клучна улога во работењето на Структурните фондови на ЕУ. Организацијата Евростат на секоја земја ѝ доделува три степени. Регионите на некои степени не се совпаѓаат со административните единици на земјата. Кодот на NUTS почнува со двебуквен код за земјата исто што и кодот од ISO 3166-1 алфа-2 освен UK наместо GB кај Велика Британија. Потоа ...

                                               

Хиерархиски административни поделбени кодови

Хиерархиските административни поделбени кодови или HASC се кодови што претставуваат називи на административни единици на земјите, како на пр. сојузни држави, покраини, региони, општини итн. Овие кодови се опишани во книгата Administrative Subdivisions of Countries: A Comprehensive World Reference, 1900 Through 1998 "Административни единици на земјите: Опсежен светски прирачник, 1900 до 1008" од Гвилим Ло. Кодовите се азбучни и имаат постојана доследна должина за единиците од прво ниво. DE.NW.DM - округ Детмолд DE.NW - Северна Рајна-Вестфалија Овие кодови се користат и за општините во Репуб ...

                                     

ⓘ Геокодови

  • Геокодирање - постапка на пронаоѓање на придружни географски координати често изразени во географска ширина и географска должина од други географски
  • Државен код претставува краток географски код составен од букви или броеви геокодови развиен за да се претставуваат државите или зависните територии за потребите
                                               

Топонимски опслужувач GEOnet

Топонимскиот опслужувач GEOnet е портал на базата на податоци на Националната агенција за геопросторно разузнавање и Одборот за географски називи на САД која опфаќа називи и местоположби на местата вон САД. Базата е официјално складиште на решенија за странски топоними одобрени од BGN. Секој месец се подновуваат 20.000 елементи од базата. Записите никогаш не се отстрануваат, "освне во случаи на очигледен дупликат".

Users also searched:

...
...
...