Топ-100
Back

ⓘ Музеј на современата уметност, Скопје. Музеј на современата уметност - музеј на современата уметност во Скопје е сместен на самиот рид Кале, во непосредна близи ..




Музеј на современата уметност (Скопје)
                                     

ⓘ Музеј на современата уметност (Скопје)

Музеј на современата уметност - музеј на современата уметност во Скопје е сместен на самиот рид Кале, во непосредна близина на истоимената тврдина, со особена задршка на модернизмот. Изградбата на зградата на Музејот е започната на 5 април 1969 година и е завршена до 13 ноември 1970 година, кога свечено е пуштена во употреба. Градбата претставува донација од страна на Владата на Полска. Денес, овој музеј е единствената установа во Македонија, којашто собира и обработува документација за македонската уметност и прикажува значајни историски филмови. Зградата на музејот била реновирана по првпат од нејзиното отворање во 1970 година и отворена за посетителите со изложбата "Солидарноста - недовршен проект" на 22 февруари 2014 година.

                                     

1. Историја

Идејата за формирање на ваков музеј возникнала по земјотресот во 1963 и големиот број на пристигнати уметнички дела, како солидарност од страна на меѓународните организации, музеи и поединци. Со цел да се сместат овие подароци, на 11 февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност. Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години, а во периодот од 1966 до 1970 г. бил изнајмен галериски простор за одржување на изложби. Поради зголемените потреби, во 1969 г., започнала изградбата на новата музејска зграда, којашто била свечено отворена на 13 ноември 1970 година.

Еден од главните негови основачи бил истакнатиот македонски историчар на уметноста, ликовен критичар, професор Борис Петковски кој од 1964 до 1976 бил и прв негов директор.

Под негово раководство, концепт, залагање, ентузијазам - Музејот на современа уметност, се здобил со богата колекција експонати од огромна важност, била изградена новата музејска зграда, а реализирани биле и над 250 значајни меѓународни изложби.

                                     

2. Архитектура

Зградата на музејот зафаќа вкупна површина од над 5.000 м 2, а неа ја сочинуваат три поврзани објекти, во кои се распоредени салите за повремени изложби, просторот за постојана поставка, салата за предавања, библиотека и архива и другите простории. Надворешната површина околу Музејот служи за спроведвање на разни вајарски проекти. Во просториите на музејот се одржуваат изложби, настани поврзани со македонската и странската уметност, трибини, разговори со уметници, филмски прикажување и други културно-уметнички настани. Музејот, исто така, располага со драгоцена меѓународна збирка, која дава претстава за македонската современа уметност.

                                     

3. Претставени уметници

Меѓу изложените дела, во музејот се претставени разни истакнати уметници на модернизмот и другите уметнички движења на XX век. Меѓу нив се вбројуваат следниве:

                                     
  • галерија и музеј Келвингроув, Збирка Бурел Скопје - Национална галерија на Македонија, Музеј на современата уметност Канзас Сити: Ликовен музеј Нелсон - Аткинс
  • Скопје, CIX галерија 1997 Скопје Младински културен центар 1996 Скопје Музеј на современата уметност 1992 Скопје Културно информативен центар
  • Историски Музеј на современата уметност Скопје Музеј на криминалистика, Скопје Републички завод за заштита на спомениците на културата, Скопје Музеј на град
  • 17 е редовна автобуска линија на ЈСП Скопје која вози од Горно Лисиче - Островска до Музеј на современата уметност и обратно. Линијата број 17 започнува
  • Велики Учествувал на многу групни и самостојни изложби. Газанфер Бајрам Музеј на современата уметност - Скопје 2004. Посетено на 2010 - 04 - 16. Бубевска
  • основач и прв директор на Музеј на современата уметност Скопје во Скопје Под негово раководство, Музејот на современа уметност се здобил со богата колекција
  • критика Цитати - Т. М. Павловски, Скопје Дом на ЈНА, 1977 Публикации \ МСУ Скопје Музеј на современата уметност - Скопје Посетено на 2010 - 05 - 13.
  • на Л. Личеноски во Музеј на современата уметност Скопје октомври 1998. Галерија Осврти Блесок бр. 14, април - мај 2000 Лазар Личеноски: Доајен на македонското
  • Народниот музеј во Скопје По војната бил директор на Народниот музеј во Скопје и на Археолошкиот музеј во Скопје и на Заводот за заштита на културно - историските
  • ликовен салон Скопје Музеј на современата уметност 1978 - Белград, Коларчев народен универзитет 1984 - Скопје Уметничка галерија Зеница, Музеј на градот Белград
  • на Жанета Вангели Вечер. 18 октомври 2006. Посетено на 2010 - 05 - 14. Жанета Вангели - Анамнезис Музеј на современата уметност - Скопје Посетено на 2010 - 05 - 14
  • Податотека: Меморијален музеј 11 октомври 1941 IMG 4856.jpg Меморијален музеј 11 Октомври 1941 - музеј во центарот на Прилеп, на улица Илинденска б

Users also searched:

археолошки музеј на македонија, etnoloski muzej skopje, галерии во скопје, скопје одново,

...
...
...