Топ-100
Back

ⓘ Трајчо Костов бил бугарски комунист. Во периодот од 1944 до 1949 година е еден од водечките фигури во Бугарската комунистичка партија. Во 1949 година е главната ..




                                     

ⓘ Трајчо Костов

Трајчо Костов бил бугарски комунист. Во периодот од 1944 до 1949 година е еден од водечките фигури во Бугарската комунистичка партија. Во 1949 година е главната жртва на чистката што е спроведена во Партијата.

                                     

1. Животен пат

Костов во 1916 година е мобилизиран во редовите на бугарската војска и војува за бугарското преземање на Вардарска Македонија од Србија. По завршувањето на Првата светска војна работи како стенограф во Народното собрание и започнува да студира право на Софискиот универзитет. Во 1920 станува член на Бугарската комунистичка партија, а во 1924 година е уапсен и осуден на 8 години затвор поради учество во издавањето на "Работническиот весник".

Во 1929 година е амнестиран и заминува за Советскиот Сојуз, каде што станува член на Сесојузната комунистичка партија болшевици. Се вработува во Коминтерната. Накратко се враќа во Бугарија во периодот 1931-1932 и од 1935 до 1936 година, а во 1938 година се враќа за постојано.

Во текот на 1942 година повторно е уапсен и осуден на доживотен затвор како еден од раководителите на БКП. Ослободен е по капитулацијата на Бугарија на 9 септември 1944 година и застанува на чело на Партијата до враќањето во земјата на Георги Димитров и Васил Коларов.

Од 1946 до 1949 година е потпретседател во неколку бугарски влади, а од 1945 до 1949 година е и пратеник во Собранието.

Во март 1949 година Костов е отстранет од владата и е именуван за директор на Народната библиотека "Свети Кирил и Методиј". Во јуни истата година е исклучен од ЦК на БКП, а наскоро потоа е и уапсен. На 7 декември против него е организиран монтиран судски процес, на кој еден од главните сведоци е македонскиот комунист Благој Хаџипанзов. Обвинет дека е агент на југословенските комунисти и на Западот, осуден е на смрт и ноќта помеѓу 16 и 17 декември е обесен.

Рехабилитиран е во 1956 година, по завршувањето на хајката против Југославија од партиите членки на Информбирото.

                                     

2. Писмото на Костов за етничката определба на Македонците

Кон крајот на мај 1941 година, по воената окупација на поголемиот дел од Вардарска Македонија од страна на бугарските војски, Трајчо Костов му пишува писмо на Тодор Павлов во врска со етничката определба на Македонците во Вардарска Македонија. Од неговото писмо јасно произлегува дека процесот на оформување на македонска национална свест кај словенското население во Вардарска Македонија доста напреднал во моментот на пишување на тоа писмо.

Во писмото Костов, меѓу другото, го пишува следното:

"Ние сме должни да ги имаме предвид фактите. А фактите зборуваат дека еден голем дел од македонското население има веќе македонска, а не македонско-бугарска свест. Според нашите сигурни податоци, кои доаѓаат од компетентни другари од самата Македонија, македонската свест многу длабоко проникнала, особено кај младата генерација која не била зафатена со егзархиската пропаганда. Според тие другари. не помалку од 80% од словенското население во Македонија се чувствува како македонско, а не како бугарско население не го разбира бугарскиот јазик."
                                     
  • Чакаларов, но не успева во тоа, бидејќи при апсењето во процесот против Трајчо Костов дневникот на Чакаларов е запленет од полицијата патем, бил издаден
  • Отстранет е од позицијата кон крајот на 1949 година при кампањата против Трајчо Костов На Априлскиот пленум во 1956 година е рехабилитиран. Од април 1956
  • окупаторот... Во декември 1949 година е обвинет во процесот против Трајчо Костов Осуден е на 15 години строг затвор и глоба од 300.000 лева. Помилуван
  • граѓанската војна во Грција со пораз на комунистите. 16 декември - Трајчо Костов поранешен комунистички челник, е погубен во Бугарија. 27 декември
  • успева во тоа, бидејќи при апсењето на Ивановски во процесот против Трајчо Костов Дневникот на Чакаларов е запленет од полицијата. Дневникот бил издаден
  • композитор. 1933 Јанаки Паскалев - македонски револуционер. 1949 Трајчо Костов - бугарски комунист. 1965 Вилијам Сомерсет Мом - англиски писател.

Users also searched:

...