Топ-100
Back

ⓘ Јуриспруденција е наука и филозофија на правото. Развојот на правната наука во Рим започнува со Тибериј Корунканиј. По него дејствуваат многу учени правници кои ..




Јуриспруденција
                                     

ⓘ Јуриспруденција

Јуриспруденција е наука и филозофија на правото.

Развојот на правната наука во Рим започнува со Тибериј Корунканиј. По него дејствуваат многу учени правници кои се занимавале со практична работа или со практична работа и со наука.

Римските правници - јуриспруденти пишувале дела во кои биле содржани правни максими, правни поими кои биле прецизно изложени regulea, definitiones, како и подробно обработени практични или апстрактни правни случаи responsa, epistolae. Правниците пишувале и монографии во кои ги обработувале правните прописи содржани во одделни извори на правото, како и коментари на правните правила во состав на jus honorarium, коментари на преторовиот указ libri ad edictum, како и книги од енциклопедиски карактер digesta или pandektae. Правниците пишувале и учебници кои имале педагошки цели, да ги образоваат младите студенти по право institutiones или enshiridia.

Римските правници го избегнувале дефинирањето на правните поими и правните институти. Тие сметале дека "секое дефинирање во граѓанското право е опасно, бидејќи е ретка дефиницијата што не може да се собори."

Делата на римските правници се вистинска ризница од анализираните случаи casus – и. Правниците ги создале своите дела преку суптилна анализа на уочените проблеми, преку утврдувањето на терминологијата и давање образложени заклучоци. Не е спорно дека делата на римските правници се најскапоцената правна оставина на Рим.

                                     
  • вида на јуриспруденција или правна наука кои соодвествуваат со главните филозофски гледишта за правото: аналитичката и нормативната јуриспруденција Главната
  • Тоскана во семејство на локално благородништво, Буонароти студирал јуриспруденција на Универзитетот во Пиза, каде што го основал она што го виделе властите
  • училиште за исламска теологија и Ханафискиот ислам школа за исламска јуриспруденција Но Ашаритската школа била поприсутна во медресите исламски училишта
  • во Алжир се придржуваат на сунитскиот ислам на маликиски мезхеб на јуриспруденција Исто така, во земјата живеат и речиси 100.000 христијани, главно Пентекости
  • книжевен историчар. Уланд се родил во Тибинген, Виртемберг, каде студирал јуриспруденција на тамошниот универзитет, но исто така се интересирал и за средновековната
  • на слобода на вероисповед така и ханефискиот мезхеб за исламската јуриспруденција којшто ја дозволува смртната казна во случај на вероотстапништво од
  • на земјата. Во декември 2014, еден исламски центар за образование и јуриспруденција поврзан со владата, тврдел дека во Египет има 866 атеисти, што изнесува