Топ-100
Back

ⓘ Преселба ..




                                               

Хербигова Ae/Be-ѕвезда

Хербигова Ae/Be-ѕвезда - млада ѕвезда пред главната низа од спектралните типови A или B со старост не повеќе од 10 милиони години. Тие сè уште седат во гасовито-правливи обвивки и понекогаш имаат придружни околуѕвездени дискови. Во нивните спектри се забележуваат водородни и калциумски оддавни линии. Тие се тела со 2-8 сончеви маси, сè уште во фаза на ѕвездообразба и се доближуваат кон главната низа. На Херцшпрунг–Раселовиот дијаграм овие ѕвезди се сместени десно од главната низа. Наречени се по американскиот астроном Џорџ Хербиг, кој прв почнал да ги разликува од други видови ѕвезди во 19 ...

                                               

Ѕвезда пред главната низа

Ѕвезда пред главната низа - ѕвезда во развојна фаза пред да ја достигне главната низа. Во претходната етапа, телото било протоѕвезда која примила повеќе маса од обвивката сочинета од околуѕвездена прашина и гас. Откако ќе ја оддува оваа обвивка, ѕвездата станува оптички видлива и се јавува на родната линија во Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм. Сега ѕвездата ја насобрала речиси сета нејзина маса, но сè уште не почнала со согорување на водородот. Потоа таа се стега, внатрешната температура ѝ расте сè додека не почне да го согорува водородот на главната низа од нулта старост. Овој период на сте ...