Топ-100
Back

ⓘ Јавна политика е начин на дејстување или недејстување избран од јавната власт за решавање на некој проблем. Јавната политика се изразува во збир закони, регулат ..




                                     

ⓘ Јавна политика

Јавна политика е начин на дејстување или недејстување избран од јавната власт за решавање на некој проблем. Јавната политика се изразува во збир закони, регулативи, одлуки и постапки на една влада. За формулирање на јавната политика, како и за оценка на нејзината ефективност се применува анализа на политика. Многу аналитичари на јавна политика добиваат докторати и титули Магистар по јавна политика и Магистар по јавна администрација во школи за јавна политика, додека пак други специјализираат и добиваат дипломи како Магистар по образование за специјализација во образовната политика или Магистар по општествена работа за специјализација во политика на социјална заштита.

                                     

1. Разни дефиниции

Соиред Вилијам Џенкинс во Policy Analysis: A Political and Organizational Perspective 1978, јавна политика е "збир од меѓусебно поврзани одлуки направени од еден политички учесник или група учесници во врска со изборот на цели и начините тие да се постигнат во рамките на извесна ситуација каде тие решенија би требало, во принцип, да бидат во рацете на тие учесници за да ги достигнат". Така, Џенкинс смета дека создавањето на јавната политика е процес, а не едноставно само избор.

Според Томас А. Биркленд во An Introduction to the Policy Process 2001, постои недостиг за консензус за дефинирање на јавната политика. Биркленд дава преглед на неколку дефиниции Табела 1.3 на стр. 21:

  • Кларк Е. Кохран, и др.: "Терминот јавна политика секогаш се однесува на постапките на една влада и намерите од кои тие произлегуваат".
  • Томај Дај: Јавната политика е "Она што владите ќе решат да го прават или да не го прават".
  • Б. Гај Питерс: "Наједноставно речено, јавната политика е збирот од владините активности, дејствувајќи директно или преку агенти, на начин на кој влијае врз животите на граѓаните".
  • Кларк Е. Кохран, и др.: "Јавната политика и исходот од борбата во владата за тоа кој добива што".
  • Чарлс Л. Кохран и Елоиза Ф. Малон: "Јавната политика се состои од политички решенија за имплементација на програми со цел на постигнување на општествени цели".

Биркленд ни дава на знаење дека елементите заеднички за сите овие дефиниции се следниве стр. 20:

  • Политиката се води во името на "јавноста".
  • Политика е она што владата избира да не го прави.
  • Политиката се толкува и имплементира од страна на јавни и приватни учесници.
  • Политика е она што владата намерава да прави.
  • Политиката обично се создава или започнува од владата.
                                     

2. Историја на јавната политика

Според Биркленд:

"Додека изучувањето на политиката има долга историја, систематското изучување на јавната политика, од друга страна, може да се рече дека е дело на дваесеттиот век. Тоа датира, според Даниел МекКул, од 1922, кога политикологот Чарлс Мериам се стремел да ги поврзе теоријата и практиката на политиката за добивање на увид во фактичките активности на владата, тоа е јавна политика." стр. 4

Видови јавна политика

  • Јавна политика право
  • Еколошка политика
  • Национална безбедносна политика
  • Надворешна политика
  • Образовна политика
  • Полова политика
  • Политика на социјална заштита
  • Внатрешна политика
  • Здравствена политика
  • Социјална политика
  • Криминална политика
  • Енергетска политика
                                     
  • програмите за социјалната заштита и социјална помош, закони за животната средина, и регулативи за стопанските дејности и нивните практики. Јавна политика
  • Кемп Политика е уметноста на создавање на ситуации кои вклучуваат закана за загуба. Портал: Политика Политика на Македонија Политички науки Јавна политика
  • Трговската политика ги опфаќа сите мерки кои државата ги презема за да ги регулира трговските односи со другите држави, односно странство. Со цел да се
  • или обврска за десниот центар во Германија? Журнал на европската јавна политика 15 3 331 48. doi: 10.1080 13501760701847382. Hans - Otto Kleinmann
  • Брауновиот Универзитет. Претходно, таа била професор по економија и јавна политика Хјуз Роџерс на Универзитетот Принстон и декан на Принстоновата Школа
  • Јавна услуга - услуга наменета да им служи на сите членовите на една заедница. Обично се обезбедува од владата на луѓе кои живеат во нејзина надлежност
  • факултет се изучуваат следниве студиски програми: Јавна администрација - едногодишни студии Јавна администрација - двогодишни студии Комуникациски менаџмент
  • поделена на три дела света, јавна и приватна Тој бил познат и по љубител на вниманието. Според описот на Аристотел во Политика Некои сметале дека тој
  • од француски: réclame од латинското reclamo е дел од комуникациската политика на маркетингот. Во широка смисла на зборот, рекламата претставува определена
  • Компаративна предност Апсолутна предност Трговска политика Увоз Извоз Список на меѓународни трговски теми Јавна размена Трговска блокада Трговски пат Трговска