Топ-100
Back

ⓘ Пневматика - употребата на гас под притисок за работа во науката и технологијата. Прва документација за науката наоѓаме кај Херон Александриски во 60 н.е., иако ..




Пневматика
                                     

ⓘ Пневматика

Пневматика - употребата на гас под притисок за работа во науката и технологијата.

Прва документација за науката наоѓаме кај Херон Александриски во 60 н.е., иако за ова поле се знаело и пред тоа.

                                     

1. Употреба

Пневматиката се применува за решавање на најзазлични проблематики. Во заботехничките апарати, пневматските бушалки се полесни, побрзи и поедноставни од електричните бушалки со исто ниво на моќ бидејќи изворот насила - компресорот е засебен од бушалката и ја врти бургијата со огромен број на вртежи во минута. Пневматскиот пренос се користи во многу индустриски гранки за прашоци и зрна. Пневматските цевки можат да носат предмети на големи далечини. Пневматичките направи се користат и каде електромоторот не може да се користи од безбедносни причини, како длабоко по рудниците каде има експлозивен прав или гасови.

Примери за пневматски направи:

  • Пневматска пошта
  • Компресор
  • Баростатни системи во употреба кај неврогастроентерологијата како и за струјни испитувања
  • Пневматски прекинувач
  • Пневматски придвижувач
  • Воздушна кочница на автобуси, возови и камиони
  • Пневматска бушалка за патно градежништво
  • Вакуум-пумпа
  • Каблоканализирање - начин на инсталација на кабли во цевки
                                     

2. Споредба со хидрауликата

И пневматиката и хидраулкиката се примени на моќта на гасот/течноста. Пневматиката користи воздух, кој е компресивен, додека хидрауликата користи релативно некомпресивни течни медиуми како масло или вода. Индустриските пневматски апарати користат притисок од 500 до 700 килопаскали. Хидрауличните апарати користат пририсок од 7 to 35 MPa, но специјализирани апарати користат и над 70 MPa.

                                     

2.1. Споредба со хидрауликата Предности на пневматиката

  • Работниот медиум е многу лесен и така цевките не се тешки.
  • Бидејќи работниот медиум е главно само воздух, обично нема потреба за повратна линија за тој медиум, а протекувањата се чисти.
                                     

2.2. Споредба со хидрауликата Предностите на хидрауликата

  • Поголема густина на енергија заради многу повисокиот притисок.
  • Хидрауличките течности неможат да се компримираат, што значи минимум пружински ефект. Кога текот на хидрауличната течност се сопира, и најмалото придвижување на товарот го испушта притисокот на него; кај компримираниот воздух нема потреба од исцедување за пуштање на притисок врз товарот.
  • На влезната порта на товарот не се јавува кондензација.
                                     
  • товаришта. Бернулиев принцип Хидротехника Хидромеханика Хидродинамика Пневматика хидраулика - Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет The Circulatory

Users also searched:

...
...
...