Топ-100
Back

ⓘ Формален јазик. Во математиката, логиката и информатиката, формален јазик е јазик кој е дефиниран по прецизни математички формули. Формалниот јазик L е карактер ..




Формален јазик
                                     

ⓘ Формален јазик

Во математиката, логиката и информатиката, формален јазик е јазик кој е дефиниран по прецизни математички формули. Формалниот јазик L е карактеризиран како множество од F конечен број на елементи изградени од множество на симболи A. Математички, формалниот јазик е неподредениот пар L={A,F}. Постојат и други алтернативни опции на начини на кои може да се гледа на формалните јазици:

  • Збир на реченици
  • Збир на зборови

Во првиот случај множеството А се нарекува азбука L, а елементите на F се нарекуваат зборови. Во вториот случај множеството А се нарекува лексикон на вокабуларот F, додека елементите на F се нарекуваат реченици.

Математичката теорија на формалните јазици се нарекува теорија на формални јазици.

Иако вообичаено е да се слуша терминот формални јазици надвор од математиката, логиката и компјутерските науки кога се мисли на начин на изразување кое е стилизирано и прецизно во секојкдневниот говор, но смислата на формалните јазици е строго дефинирана според теоријата за формални јазици.

Како пример за формални јазици може да биде, азбука од типот на {a,b} и еден од стринговите на азбуката може да биде abbaababa.

Еден типичен јазик над таа азбука може да биде множество од стрингови кои имаат ист број на a и b.

                                     

1. Примери

  • Множество {a^n}, каде што n е природен број и a^n е стринг за кој се мисли дека a се повторува n пати;
  • Конечен јазик, како на пример
  • Множество на влезови за конкретна Турингова машина.
  • Множество на сите зборови составени од a,b;
  • Множество на синтаксички точни програми дадени во некој програмски јазик или

Формалните јазици можат да бидат специфицирани на најразлични начини како:

  • Стрингови прифатливи од некои автомати, како Тјуринговата машина или конечните автомати;
  • Стрингови создадени само од одредена формална граматика хиерархија на Чомски;
  • Стрингови опишани со регуларни изрази;
  • Стрингови одредени од да/не одговори.
                                     

2. Операции

  • Комплемент-С L 1 ги содржи сите стрингови од азбуката кои не се во L 1 ;
  • Пресек- L 1 ∩ L 2 резултантниот јазик е оној јазик кој ги содржи сите ониe стрингови што ги има во L 1 и L 2 ;
  • Клини оператор- L 1 * ги содржи сите стрингови кои можат да бидат напишани во формата w 1 w 2…. w n каде што w i U L 1 и n ≥ 0.
  • Унија- L 1 U L 2, резултантниот јазик ги содржи сите стрингови кои ги има и во L 1 и во L 2 ;
  • Конкатенација- L 1 L 2 ги содржи сите стрингови во форма vw кадешто v е стринг од L 1 a w е стринг од L 2 ;

Се вклучува и празниот стринг ε.

  • L 1 ^R- ги содржи сите обратни стрингови од L 1.
                                     

3. Наводи

  • Hopcroft, J. & Ullman, J. 1979. Introduction to Automata Theory, Languages, and Computation. Addison-Wesley. ISBN 0-201-02988-X.
  • Helena Rasiowa and Roman Sikorski 1970. The Mathematics of Metamathematics, III изд., PWN., chapter 6 Algebra of formalized languages.
  • Rozemberg, G. & Salomaa, A. уред. 1979. Introduction to Automata Theory, Languages, and Computation. Addison-Wesley. ISBN 978-3-540-61486-9.
                                     
  • Во формалната логика, формален систем наречен и логички систем или логичко сметање се состои од формален јазик заедно со дедуктивен систем кој се состои
  • Програмски јазик е формален јазик за презентација нотација на сметачки програми. Со негова помош, преку разбирлив текст за човекот, се даваат команди
  • или на околу 246, 000 жители. Самоанскиот јазик е познат во лингвистиката по фонолошката разлика меѓу формален неформален говор и церемонијален говор.
  • Годар од 2014 година. Лингвистика Социолингвистика Измислен јазик Странски јазик Формален јазик Општа семантика ISO 639 код за имиња на јазици со 2 и 3
  • детерминистичките конечни автомати, мораме да назначиме азбука од која се градат влезните ниски за автоматизација. Формален јазик Синтакса Семантика Формален систем
  • Видете: Македонска транскрипција на англискиот јазик Главна статија: Формален пишан англиски јазик Верзија на јазикот на која сите говорници ширум
  • изговараат во неакцентирани слогови, но ако се изговараат се изговараат само во формален внимателен говор. Во современиот хебрејски ʕ за ע била заменета со ʔ
  • единствен формален стандарден пишан јазик иако овој е заснован на мандаринскиот, современиот пекиншки потстандард. Главна статија: Пишан кинески јазик Видете
  • фоворникот не сака да биде учтив, но не баш формален Поимот доаѓа од санскрит и значи средина крама - учтив и формален стил. Се користи од лица со ист статус
  • изговараат во неакцентирани слогови, но ако се изговараат се изговараат само во формален внимателен говор. Во современиот хебрејски ʕ за ע била заменета со ʔ
  • станал лектор по англиски јазик во Еколнормал во Париз. Творештвото на Бекет претставува поглед врз човековата култура на формален и филозофско минималистички
  • епистемолошката логика. Зачнувачките дела на Артур Прајор го примениле истиот формален јазик за третирање на темпоралната логика и го исчистил патот за бракот помеѓу