Топ-100
Back

ⓘ Меѓународна трговија ..




                                               

Акредитив

Акредитивот е банкарски инструмент со кој една банка по налог на својот коминтент дава налог на друга банка да му стави на располагање на лицето означено на акредитивот одреден паричен износ во одреден рок. Акредитивот е најчестиот инструмент за финансирање на надворешната трговија. Иако плаќањето со акредитив најчесто се користи за плаќање при испораката на стоки, не е исклучено неговото користење и за други трансакции. Зборот "акредитив" потекнува од францускиот збор accreditation што значи овластување или ополномоштување да се направи нешто, а тој, пак, потекнува од латинскиот збор accr ...

                                               

Бретонвудски систем

Бретонвудски систем е систем на монетарни правила воспоставен во јули 1944 година од страна на претставници на 44 држави кои се сретнале во Бретон Вудс, Њу Хемпшир, САД, кога ги подготвиле и потпишале членовите на Договорот за Меѓународниот монетарен фонд. Целта на овој систем била да се воспостави меѓународен монетарен систем кој ќе одржува полна вработеност и стабилни цени и во исто време ќе им овозможува на државите да постигнат надворешна рамнотежа, без да применуваат рестрикции на меѓународната трговија. Системот воспоставен со договорот од Бретон Вудс се зановал на фиксни девизни кур ...

                                               

Европска асоцијација за слободна трговија

Европската асоцијација за слободна трговија е мултилатерален договор за слободна трговија. Таа е воспоставена на 3 мај 1960 година како алтернатива за европските држави на кои не им било дозволено или не сакале да се придружат кон Европската Заедница. Договорот бил потпишан на 4 јануари 1960 во Стокхолм од седум држави. Денес, само Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн се членови на ЕФТА.

                                               

Европска економска област

Европската економска област била основана на 1 јануари 1994 година, вр основа на договорот меѓу земјите-членки на Европската асоцијација за слободна трговија и Европската заедница, односно Европската Унија. Овој договор дозволува Исланд, Лихтернштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар на ЕУ без редовно членство во ЕУ. За возврат, тие се обврзани да ги усвојат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот пазар, освен законите поврзани со земјоделството и рибарството. Притоа, една од членките на ЕФТА, Швајцарија, не се приклучила на ЕЕО.

                                               

Единствен пазар

Единствен пазар - вид трговски блок во кој повеќето трговски бариери се отстранети со некои заеднички политики за регулирање на производството и слобода на движење на факторите на производство и на претпријатијата и услугите. Целта е движењето на капиталот, трудот, стоките и услугите помеѓу членовите да биде лесно како во нив. Физичките, техничките и фискалните бариери меѓу земјите-членки се отстранети до најголем можен степен. Овие бариери ја попречуваат слободата на движење на четирите фактори на производство.

                                               

Економска интеграција

Економската интеграција е обединување на економските политики меѓу различните држави преку делумно или целосно укинување на тарифните и нетарифните ограничувања на трговијата што се случуваат меѓу нив пред нивната интеграција. Ова значи за возврат да доведе до пониски цени за дистрибутерите и потрошувачите со цел да се зголеми нивото на благосостојба, а истовремено да се зголеми економската продуктивност на државите. Ефектите на трговската стимулација наменети со економска интеграција се дел од современата економска теорија на вториот најдобар: каде што, во теорија, најдобрата опција е сло ...

Области на слободна трговија во Европа
                                               

Области на слободна трговија во Европа

Во моментов постојат четири мултилатерални области за слободна трговија во Европа и една поранешна зона на слободна трговија во поновата историја. Имајте на ум дека исто така постојат и голем број билатерални договори за слободна трговија помеѓу државите и помеѓу трговските блокови; и дека некои држави учествуваат во повеќе од една област на слободна трговија.