Топ-100
Back

ⓘ Питер Бројгел Постариот - фламански ренесансен сликар и графичар познат по своите предели и слики со селани. Неговиот прекар е Селанецот Бројгел со цел истиот д ..




Питер Бројгел Постариот
                                     

ⓘ Питер Бројгел Постариот

Питер Бројгел Постариот - фламански ренесансен сликар и графичар познат по своите предели и слики со селани. Неговиот прекар е Селанецот Бројгел со цел истиот да се разликува од останатите членови на династијата Бројгел, но неговата големина најчесто дозволува негово повикување само при спомнувањето на името Бројгел. Во 1559 година самоволно, Бројгел ја отфрла буквата h од неговото латинско име - Brueg h el и своите слики почнува да ги потпишува со називот Bruegel.

                                     

1. Живот

Постојат информации дека Бројгел е роден во Бреда, но не е сосема сигурно дали се мисли на истоимениот холандски град, или пак на белгискиот град Бри, кој на латински се пишува сосема исто како неговиот холандски пандан. Дел од својот живот го поминува во Франција и Италија, по што заминува во Антверпен, каде во 1551 година, прогласен е за мајстор на сликарскиот занает во рамките на сликарскиот цех. Наскоро повторно заминува за Италија и на малку наминува во Антверпен, пред да се насели во Брисел каде останува десетина години. Таму и умира на 9 септември 1569 година. Во некои записи, 1590 е годината во која е обележана смртта на Бројгел.

Питер Бројгел Постариот е татко на Питер Бројгел Помладиот, како и на Јан Бројгел Постариот. Двајцата негови синови стануваат подоцна сликари, но со оглед на фактот што и двајцата биле млади кога нивниот татко умрел, ниту еден од нив не прима соодветна обука од големиот мајстор. Според истражувачот на животот на Бројгел династијата, Карел фан Мандер, најверојатно и двајцата биле поддучувани од нивната баба.

                                     

2. Стил

Во последните години од својот живот, Бројгел промовира еден поедноставен начин на сликање во споредба со типичниот практикуван во негово време. Најголемо влијание врз неговата работа има уште еден голем холандски уметник - Јероним Бос, и тоа особено во неговиот ран период, кога Бројгел ги слика своите "демонолошки" слики како Триумфот на смртта. Сепак, најголема инспирација Бројгел наоѓа во природата, поради што со право се смета за еден од најголемите пределни уметници во историјата. Во своите предели, Бројгел успева практично да напише приказна, комбинирајќи низа сцени во една единствена композиција. Ова особено се забележува во неговите слики Падот на побунетите ангели, како и во веќе споменатата Триумфот на Смртта.

                                     

3. Теми

Бројгел се специјализира за сликање на предели полни со селани. Често е претставен како еден од првите западни сликари кои пределите ги прават уметност, поради тоа што претходно пределот служи само како позадина на некоја слика од религиозен карактер.

Истовремено неговиот жив дух и смислата за хумор ќе му овозможат да ги создаде едни од првите слики што имаат за цел да служат како прониклив протест кон општеството во историјата на уметноста. Пример за слика од ваков тип е Борбата меѓу Карневалот и Постот, како и резбите Магарето во училиште и Борбата меѓу ковчежињата и прасенцата. На својата смртна постела, Бројгел ѝ наредува на жена му да ги запали сите негови слики од ваков карактер со цел да го спаси семејството од политичко прогонство.

                                     

4. Дела

Постојат 45 автентични слики на Бројгел, од кои една третина се сместени во музеи во Виена. Многу други се изгубени. Исто така постојат и низа скици, резби и студии.

  • Жетва на сено јун јул., 1565, Чешка
  • Умереност, 1560
  • Враќање на стадото окт ное., 1565, Виена
  • Два мали мајмуни, 1562, Берлин
  • Магаре на училиште, 1556, Берлин
  • Портрет на една стара жена, 1560
  • Савле Борбата против Филистејците на Гилбоа, 1562, Виена
  • Месеците. Циклус на 6 слики за сите месеци, од кои останати се само пет
  • Искачување на Голгота, 1564, Виена
  • Ловци во снегот дек јан." 1565, Виена
  • Предел и падот на Икар, о.1554-55, Брисел
  • Падот на побунетите ангели, 1562, Брисел
  • Лет кон Египет, 1563, Лондон
  • Обожавање на кралевите, 1564, Лондон
  • Смртта на Девицата, 1564, Оксфордшајр
  • Параболата за сеачот, 1557, Сан Диего
  • Фламански поговорки, 1559, Берлин
  • Триумфот на смртта, о. 1562, Мадрид
  • Тмурен ден фев мар., 1565, Виена
  • Жетва авг сеп., 1565, Њујорк
  • Предел со Христос и апостолите крај Тиберското Море, 1553, приватна збирка
  • Вавилонската кула, 1563, Виена
  • Борбата на карневалот и постот, 1559, Виена
  • Големите риби јадат мали риби, 1556, Виена
  • Детски игри, 1560, Виена
  • Дул Грит, о. 1562, Антверпен
  • Морска битка во Неаполскиот Залив, 1560, Рим
  • "Малата" Вавилонска кула, о. 1563, Ротердам
  • Питачите, 1568, Лувр, Париз
  • Селски танц, 1568, Виена
  • Мизантропот, 1568, Наполи
  • Трите воини, 1568, Њујорк
  • Проповедите на Јован Крстител, 1566, Будимпешта
  • Слепиот го води слепиот, 1568, Наполи
  • Колежот на невините, о. 1565, Хемптон Корт, Велика Британија/ Виена
  • Зимски предел со стапица за птици, 1565, Брисел
  • Преобразувањето на Павле, 1567, Виена
  • Бурата над морето, незавршено дело, веројатно последната слика на Бројгел.
  • Озборувачите кај бесилката, 1568, Дармштат
  • Селска свадба, 1568, Виена
  • Свадбен танц, о. 1566, Детроит
  • Клеветењето на Апел, 1565, Британски музеј, Лондон
  • Селанецот и крадецот на гнезда, 1568, Виена
  • Сликарот и купецот, о. 1565, Виена
  • Пописот во Витлеем, 1566, Брисел
  • Земјата на медот и млекото, 1567, Минхен


                                     

5. Занимливости

  • Во филмот Соларис на Андреј Тарковски, вселенскиот брод содржи репродукција на Месеците на Бројгел. Во Андреј Рубљов пак, има сцена која многу потсетува на сликата Изкачување на Голгота. Огледало презема еден од своите зимски предели од Бројгеловата слика Ловци во снегот.
  • Во 2005 година, Питер Бројгел Постариот е номиниран за добивање на титулата De Grootste Belg "Најголемиот Белгиец". Во Фламанското издание, завршува на седумнаесеттото место. Во Валонското пак, на 58 то. Една година пред тоа, Бројгел е прогласен за 152 ри најголем Холанѓанец De Grootste Nederlander на сите времиња.
                                     

6. Надворешни врски

  • Питер Бројгел Постариот во "Светската Историја на Уметноста"
  • Комплетна список на сликите. Ги содржи и сите 100 поговорки од истоимената слика со објаснување на француски.
  • Fine Art Wallpapers - Слики на Бројгел со голема резолуција комерцијален.
  • Биографија на Бројгел на Веб Галеријата на Уметноста