Топ-100
Back

ⓘ Телефон што значи оддалечен и фон што значи звук е уред за комуникација на далеку, којшто се користи така што прима и пренесува звук од едно место на друго и об ..




Телефон
                                     

ⓘ Телефон

Телефон што значи "оддалечен" и "фон" што значи "звук") е уред за комуникација на далеку, којшто се користи така што прима и пренесува звук од едно место на друго и обратно.

                                     

1. Вовед

Постојат три основни начини за поврзување на корисник на телефонската мрежа: традиционален фиксен телефон, кој е поврзан со кабли на една одредена физичка локација; безжичен и радио телефон, коишто користат или аналогни или дигитални сигнали; сателитски телефон, кој користи телекомуникациски сателити; и VoIP врски од англиското "Voice over IP" што значи Говор преку Интернет протокол што се користи при Интернет врска. Врската помеѓу крајните корисници, може да се врши преку оптичко влакно, микробранови, сателитска врска или со комбинација на овие. До скоро, кога би се рекло телефон, главно се мислело на фиксен телефон. Безжичните и мобилните телефони се сега распространети ширум светот, при што се очекува мобилниот телефон на крајот потполно да ги замени "традиционалните", фиксни телефони. За разлика од мобилните телефони, безжичните се сметаат за "фиксни" телефони, зашто обично имаат домет од 150 до 300 метри и се поврзуваат на базна станица којашто е поврзана со кабeл на мрежата на фиксната телефонија.

                                     

2. Делови на телефонот

Деловите на телефонот се:

  • ѕвоно
  • Тастатура или бројчаник, зависно од моделот, макар што денес сè повеќе се користат телефони со тастатура
  • и други делови
  • МТК Микротелефонска комбинација, односно слушалка,
                                     

3. Историја

Останува неразрешено кој го измислил првиот телефон, зашто Антонио Меучо, Јохан Филип Рајс, Александар Бел и други - сите се кандидати за оваа титула. Важно е да се запамети дека не постои "единствен пронаоѓач на телефонот". Состојбата на телефонијата каква што е денес е резултат на работа на многу раце, од кои секоја помош била доста вредна.

                                     

4. Безжични телефони

Безжичните телефони прв ги измислил Тери Пол, во 1965 година. Тие се составени од базна станица којашто преку кабел е споена со мрежата на фиксната телефонија, и слушалка којашто со радиобранови е споена со оваа базна станица. Тоа на корисниците им дозволува да ја носат слушалката без базна станица, во досегот на базната станица. На базните станици им е потребен напон за да комуницираат со преносната слушалка, така што безжичниот телефон во принцип не функционира доколку нема струја. Безжичните телефони во почетокот ја користеле фреквенцијата од 1.7 MHz за комуникација помеѓу базата и слушалката. За да се подобри квалитетот и за да се надминат проблемите со ограниченоста на досегот, ова покасно се променило така што се користи FM на повисоки фреквенции. Телефоните кои работат на фреквенција од 2.4 GHz често се мешаат со одредени безжични мрежни протоколи 802.11 b/g затоа што ја користат истата фреквенција. Денес, досегот на безжичните телефони обично е 150-500 метри.



                                     

5.1. Телефонот како тема во уметноста и во популарната култура Телефонот како мотив во книжевноста

  • "Сакав само да телефонирам" - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес
  • "Телефон" - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.
  • "Телефонски басни" - поетска збирка на словенечкиот писател Густав Крклец.
  • "Слушалка" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
                                     

5.2. Телефонот како тема во уметноста и во популарната култура Телефонот како мотив во популарната музика

  • "Девојка на телефон" Girl On The Phone - песна на англиската рок-група "Џем" The Jam од 1979 година.
  • "Телефон" - песна на југословенската рок-група "Фит".
  • "Телефонски повик од Истанбул" Telephone Call From Istanbul - песна на американскиот музичар Том Вејтс Tom Waits од 1987 година.
  • "Телефон" - песна на македонската група "ПМГ Колектив" од 2012 година.
  • "Висејќи на телефон" Hanging on the telephone - песна на американскиот музичар Џек Ли Jack Lee.
  • "Телефонски повик" The phone call - песна на германската електро-поп група "Крафтверк" Kratfwerk од 1986 година.
  • "Телефонско нешто" Telephone Thing - песна на британската рок-група "Фол" The Fall од 1990 година.
  • "Телефонски повик" The phone call - песна на британската рок-група "Притендерс" Pretenders од 1980 година.
  • "Телефон" Telephone - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт Captain Beefheart од 1980 година.
  • "Телефонска секретарка" Answering Machine - песна на американската рок-група "Риплејсментс" Replacements од 1984 година.


                                     

5.3. Телефонот како тема во уметноста и во популарната култура Телефонот како мотив во филмот

  • "Мобилен телефон" - кинески филм од 2003 година, во режија на Сјаоганг Фенг.
                                     
  • Мобилен телефон или преносен телефон - електронско телекомуникациско средство, т.е. вид на телефон Во пионерската фаза на мобилната технологија 1921
  • Паметен телефон или смартфон англиски: smartphone мобилен телефон со напреден мобилен оперативен систем кој ги комбинира особините на оперативниот
  • Расипан телефон друштвена игра која особено им е омилена на децата. Нејзиното потекло не е познато. Минималниот број на играчи е 3, а може да биде и
  • Сателитски телефон е мобилен телефон кој прима и испраќа сигнал од и до сателитот Постојат три вида сателит за мобилни - Леостационарни кои се навоѓаат
  • Приказни по телефон - книга за деца на италијанскиот писател Џани Родари. Книгата содржи 34 раскази: Си бил едно време еден Злосреќниот ловец Дворецот
  • Интернет телефон англиски internet phone е специјален voice over IP VoIP терминал кој е дизајниран за воспоставување на телефонска комуникација преку
  • VoIP телефон е уред со помош на кој може телефонски да се разговара преку Интернет. VoIP телефонот користи одредени комуникациски протоколи за пренос
  • Мобилен телефон - кинески филм од 2003 година, во режија на Сјаоганг Фенг, по сценариото на Џенјин Лиу. Главните улоги ги играат: Ју Ге, Бингбинг Фан
  • Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 41. Џани Родари, Приказни по телефон Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје