Топ-100
Back

ⓘ Мирослав Крлежа - хрватски писател и енциклопедист. Според многумина, тој е најголемиот хрватски писател на XX век. ..




Мирослав Крлежа
                                     

ⓘ Мирослав Крлежа

Мирослав Крлежа - хрватски писател и енциклопедист. Според многумина, тој е најголемиот хрватски писател на XX век.

                                     

1. Живот

Крлежа е роден во Загреб, во семејство од пониската средна класа. Во родниот град завршил пониска гимназија, а во периодот од 1908 до 1913 година учел во воената кадетска школа во Печуј, а образованието го продолжил во Воената академија "Ludoviceum" во Будимпешта. Во 1913 година пребегнал во Србија со намера да биде доброволец во српската војска. Сепак, тој бил осомничен дека е шпион, поради што бил протеран назад во Австроунгарија. Во 1915 година, Крлежа бил мобилизиран и испратен на Источниот фронт, но поради лошото здравје, голем дел од мобилизацијата ја поминал по болниците.

По Првата светска војна, фасциниран од Ленин и Октомвриската револуција, Крлежа се приклучил кон комунистичкото движење и станал една од најугледните личности во Југославија што ја прифатиле комунистичката идеологија. Во периодот помеѓу двете светски војни наизменично живеел во Загреб и во Белград, уредувајќи сукцесивно повеќе книжевни списанија. Тој бил движечката сила зад неколку прогресивни списанија: "Пламен" 1919, "Књижевна република" 1923-1927, "Данас" 1934 и "Печат" 1939-1940. Издавањето на "Печат" предизвикало големи бранувања во редовите на југословенските комунисти и во таканаречениот судир на книжевната левица во Југославија "Печат" стоел на неортодоксни позиции. Комунистичкото раководството на чело со Јосип Броз Тито неповолно ја оценило појавата на "Печат" во кого се осудувал социјалистичкиот реализам, се бранела интелектуалната слобода и се осудувале Сталиновите чистки. Како последица на ваквите ставови, во тој период Крлежа бил исклучен од КПЈ.

Кога во текот на Втората светска војна била основана Независната Држава Хрватска, Крлежа ја одбил понудата на Тито да им се приклучи на партизаните и целиот период на војната го поминал во Загреб. Се верува дека врз неговата одлука да не им се приклучи на партизаните влијаела судбината на неговиот соработник Аугуст Цесарец при инцидентот во Керестинец.

По Втората светска војна Крлежа кратко време бил во немилост кај комунистичката власт, поради улогата при судирот на книжевната левица и неприклучувањето на партизаните. Но, поради неговиот голем углед како писател, му биле простени идеолошките гревови и бил целосно рехабилитиран. За возврат, Крлежа повеќе не го критикувал комунистичкото раководство. Во 1951 година бил назначен на чело на Југословенскиот лексикографски завод во Загреб, на која функција останал до својата смрт во 1981 година. Истиот лексикографски завод денес на Хрватска е именуван во негова чест. Исто така, Крлежа бил главен уредник на "Енциклопедијата на Југославија".

                                     

2. Творештво

Крлежа се појавил на хрватската книжевна сцена во 1914 година, објавувајќи ги своите дела во загребско-риечката ревија "Книжевни новости" Književne novosti. Притоа, уште од самиот почеток, тој се држел подалеку од својата книжевна генерација и тој став на осаменик го задржал во текот на целата книжевна кариера, останувајќи доследен самиот на себе и надвор од сите помодни струења. Во 1932 година, во полемичката книга "Мојата пресметка со нив" Moj obračun s njima, Крлежа напишал: "стојам во нашата книжевна гостилница потполно осамен.и така се движам напред.потполно сам, имајќи ги пред себе неколку песни на Крањчевиќ, фељтоните на Матош и лириката на Назор". Според неговото лично сведоштво, во младоста бил под силно влијание на Петефи, чиј еп "Апостол" имал пресудна важност за неговиот книжевен развој. Исто така, уште во времето поминато во воените училишта, тој интензивно ги читал Толстој и Ибзен. Истовремено, неговиот револуционерен дух се оформувал под влијание на Лајош Кошут, Џузепе Гарибалди и на хрватската народна романтика.

Крлежа може да се опише како најзагребски и најхрватски, но според влијанието и најјужнословенски писател во современата книжевност, но со својот огромен опус потполно се вклопува во централноевропската книжевност. Крлежа се издвојува како единствена појава во југословенската книжевност, набљудувано според широчината на уметничката преокупација и според оркестарската моќ на нејзиното обликување. Со своите публицистичко-есеистички дела Крлежа влијаел врз повеќе генерации југословенски интелектуалци. Постојано ангажиран во историското "денес", без да се плаши од секојдневието, во текот на долгогодишната книжевна активност Крлежа стрпливо и педантно го градел својот опус како неповторлива драма на својот живот.

Денес, Крлежа се смета за највисока, репрезентативна вредност на хрватската книжевност, писател кој е познат и во европски размери. Тој успеал да создаде моќно, длабоко и заокружено дело кое претставува посебен свет, а неговата дарба подеднакво се манифестира во неговите поетски, прозни, драмски и есеистички дела. Притоа, тој е ангажиран писател, борец и идеолог во вистинската смисла на зборот, водејќи долготрајна борба против сите назадни сили и против интелектуалниот провинцијализам. Централниот мотив на целокупното негово творештво го сочинуваат прашањата поврзани со смислата на историјата и моралниот и духовниот напредок на човекот. За јунаците од неговите дела, најчесто, постоењето не е ништо друго освен кошмар, бескрајно страдање, а умот е единственото средство со кое човекот може да се бори против хаосот. Сепак, покрај оваа чисто филозофска тенденција, во неговите дела постои и социјална компонента. Во тој поглед, Крлежа се истакнува како успешен сликар на моралното и општественото пропаѓање на граѓанската класа во Хрватска, што особено е присутно во неговиот драмски циклус за господата Глембаеви. Крлежа остро ги осудува ги исмева лицемерието, борбата за власт и за богатење, кариеризмот, снобизмот и дегенираниот менталитет и стил на живеење на буржоазијата. Исто така, во повеќе негови дела, тој ги исмејува и клерикализамот, католичкиот поглед на светот, постулатите на религиозната филозофија и црквата како установа. Најпосле, некои негови дела, како "Љубовта на Марсел Фабер Фабрицио кон Лаура Варонигова" и "Погреб во Терезиенбург" се одликуваат и со најчиста лирска емоција и силен љубовен занос.

Крлежа оставил обемно творештво, меѓу кои особено се истакнуваат делата:

  • "Аретеј" 1959
  • "Баладите на Петрица Керемпух" Balade Petrice Kerempuha 1936
  • "Излет во Унгарија" Izlet u Madarsku1947
  • "Дневник" 1977
  • "Знамиња" Zastave недовршен роман
  • "Враќањето на Филип Латиновиќ" 1932
  • "На работ на разумот" 1938
  • "Хрватска рапсодија" 1921
  • "Хрватскиот бог Марс" Hrvatski bog Mars 1922
  • "Дијалектички антибарбарус" 1939
  • "Банкет во Блитва" 1939
  • "Легенда" 1914
  • "Господа Глембаеви" 1928
                                     
  • Лексикографски завод Мирослав Крлежа порано: Југословенски лексикографски завод, српскохрватски: Jugoslavenski leksikografski zavod - националниот
  • хрватскиот писател Мирослав Крлежа Ветар во ноемвриска ноќ Vjetar u novembarskoj noći - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа Еден ноември
  • хрватски: Bitka kod Bistrice Lesne расказ на хрватскиот писател Мирослав Крлежа Во Битката кај Бистрица Лесна се раскажува за смртта на десетарот
  • Јамбрек хрватски: Domobran Jambrek расказ на хрватскиот писател Мирослав Крлежа дел од збирката Хрватскиот бог Марс Јамбрек пристигнал во баталјонот
  • хрватски: Smrt Franje Kadavera расказ на хрватскиот писател Мирослав Крлежа дел од збирката Хрватскиот бог Марс Во воената болница, Имбро Светец
  • Пет Бе хрватски: Baraka Pet Be расказ на хрватскиот писател Мирослав Крлежа дел од збирката Хрватскиот бог Марс Грофот Максимилијан Акселрод
  • хрватски: Hrvatski bog Mars збирка раскази на хрватскиот писател Мирослав Крлежа првобитно објавена во 1922 година. Збирката ги содржи следниве раскази:
  • национална енциклопедија на Хрватска која ја издава Лексикографскиот завод Мирослав Крлежа порано Југословенски лексикографски завод Проектот започнал во
  • Октомвриско утро Listopadsko jutro - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа 19 октомври - песна на рускиот поет Александар Пушкин. Miroslav
  • 1992 Балкански меѓулитературни врски 1993 Драмското дело на Мирослав Крлежа 1993 Чешко - македонски и македонско - чешки речник 1994 Балкане

Users also searched:

...