Топ-100
Back

ⓘ Партија за социјалистичко единство на Германија е поранешна комунистичка политичка партија во Источна Германија. Таа била владеачката партија во Источна Германи ..




Партија за социјалистичко единство на Германија
                                     

ⓘ Партија за социјалистичко единство на Германија

Партија за социјалистичко единство на Германија е поранешна комунистичка политичка партија во Источна Германија. Таа била владеачката партија во Источна Германија од нејзиното создавање во 1949 до изборите во 1990. СЕД била оформена во 1946 како продукт од соединувањето на членови од Социјалдемократската партија на Германија со членови од Комунистичката партија на Германија коишто живееле во делот од Германија и Берлин окупиран од СССР. По 1990, партијата се реформирала како Партија за демократски социјализам и продолжила да бида значајна сила на локално ниво и на ниво на покраини во источно-германската територија.

                                     

1. Почетоци

Официјалната историја на Источна Германија и на СССР го прикажува соединувањето помеѓу Социјалдемократската и Комунистичката партија како доброволно соединување на напорите на социјалистичките партии. Но постојат многу докази за тоа дека соединувањето било многу посложено од тоа.

Советската воена администрација во Германија СВАГ директно управувала со источните делови на Германија по Втората светска војна, а нивните разузнавачки операции внимателно ги следеле сите политички активности. Дамнешен извештај од управникот на администрацијата за пропаганда во СВАГ, потпоручник Сергеј Иванович Тјулпанов покажува дека поранешните членови на СПД и КПД оформиле различни фракции во СЕД и останале непријателски расположени меѓу себе некое време по формирањето на новата партија. Исто така во извештајот се вели дека имало огромни проблеми со убедувањето на масите дека новата партија, СЕД, била германска политичка партија, а не само алатка на Советскиот Сојуз.

Според Тјулпанов, многу поранешни членови на КПД го изразиле нивното чувство дека "се откажале од нивните револуционерни позиции, дека КПД сама би постигнала многу повеќе кога не би постоела СЕД и дека не треба да им се верува на социјалдемократите" Тјулпанов, 1946. Исто така, Тјулпанов вели дека постоела означена "политичка пасивност" меѓу поранешните социјалдемократи, кои се почувствувале неправедно загрозени и како второкласни членови на новата партија. Како резултат, составот на новата партија бил често дезориентиран заради долгите дискусии на комунистите со социјалдемократите. Советските разузнавачи тврделе дека имаат листа со имиња од социјалдемократската група во СЕД кои тајно ковале врски со Социјалдемократската партија на западот, па дури и со западните сојузнички воени влади.

Постоела загриженост кај Советите дека СЕД во почетокот можела да се развие во националистичка партија. На големите партиски собири, членовите аплаудирале на говорниците кои зборувале за национализам многу повеќе отколку на оние што зборувале за социјални проблеми и еднаквост. Некој дури предложил и идеја за основање на независна германска социјалистичка држава, ослободена од советски и западни влијанија, којашто набрзо ќе ја врати поранешната германска земја, изгубена во полза на Полска, СССР и Чехословачка.

Советските преговарачи пријавиле дека политичари од СЕД некогаш оделе подалеку од границите на нивните изјави, што било потврдено од советските надгледувачи и имало тешкотии со убедувањето на провинционалните делови од СЕД дека членовите треба да размислуваат внимателно пред да се противат на политичките позиции утврдени од Централниот комитет во Берлин.

                                     

2. За време на Студената војна

На почетокот, СЕД имала огранок во Западен Берлин, но во 1962 таа гранка се одвоила и станала "одделна" партија наречена Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин Sozialistische Einheitspartei Westberlins - SEW, СЕВ.

                                     

3. Последните денови

Во периодот помеѓу рушењето на Берлинскиот ѕид во ноември 1989 и изборите во март 1990, старата Социјалдемократска партија била повторно основана како одделна партија, а остатокот од СЕД, по огромниот пад на членството била преименувана во Партија за демократски социјализам ПДС на специјален партиски конгрес во декември 1989. Во оваа форма, партијата го преживеала обединувањето и почнала повторно да расте, успевајќи да добие свои претставници во Бундестагот. Во 2003 година, ПДС останува влијателна партија во западна Германија, особено на локално ниво. Во 2005, ПДС била преименувана во "Левичарска партија" Die Linkspartei и последователно достигнала повеќе од 8% од гласовите на парламентарните избори во септември 2005, во коалиција со ВАСГ, левичарска партија водена од Оскар Лафонтен.

                                     
  • Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин германски: Sozialistische Einheitspartei Westberlins била комунистичка политичка партија во Западен
  • партија во Германија Таа е претходник на Партијата за социјалистичко единство на Германија SED, СЕД која владеела во Источна Германија до 1990
  • наследничка на западногерманската Партија за социјалистичко единство на Германија SED, СЕД Во изборите од 2005 година, ДКП ја подржувала Левата партија Die
  • Западна Германија Партијата за социјалистичко единство на Германија пратила шпиони на запад. Мала сестринска партија на оваа, Партијата за социјалистичко единство
  • членови Politbüro на комунистичко контролираната партија за социјалистичко единство на Германија SED поддржувана од Штази, огромната тајна служба
  • придонело за падот на диктатурата на Партијата за социјалистичко единство на Германија поддржана од Советскиот Сојуз. Во 1990 станал член на единствениот

Users also searched:

...