Топ-100
Back

ⓘ Михаил Герџиков бил револуционер и анархист од Бугарија, основач и раководител на Македонскиот таен револуционерен комитет, учесник во македонското револуционер ..




Михаил Герџиков
                                     

ⓘ Михаил Герџиков

Михаил Герџиков бил револуционер и анархист од Бугарија, основач и раководител на Македонскиот таен револуционерен комитет, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, подоцна деец на ВМРО.

                                     

1.1. Во македонското револуционерно движење Македонски таен револуционерен комитет

Средно образование учел во бугарската гимназија во Пловдив. Во 1897 година заминал во Швајцарија, каде студирал правни науки во Лозана и Женева. Тој бил еден од најистакнатите претставници на анархистичкиот Македонски таен револуционерен комитет.

                                     

1.2. Во македонското револуционерно движење Македонска револуционерна организација

Во учебната 1899/1900 година под името Тодор Луканов бил учител во гимназијата во Битола и станува член на ТМОРО. Во 1900 година е испратен во Солун за да му помогне на ЦК ТМОРО во изградувањето комитетска мрежа во Одринско. Кога е откриен од турските власти, во октомври 1900 година станал четник во четата на Христо Чернопеев во Кукуш.

По решение на ЦК определен бил за претставник на Организацијата во Одринскиот револуционерен округ, а подоцна и за ревизор на четите во источниот дел на Одринско. Во текот на Преображенското востание во 1903 година практично раководел со Бојното тело и по негова команда со четите на Иван Варналиев и Христо Силјанов бил заземен градот Василико.

Анархист по убедување, Герџиков во македонското револуционерно движење бил голем противник на Борис Сарафов. По директива на задграничните претставници на Организацијата во Софија, дури лично престојувал во Белград кон крајот на 1903 година за да ги следи активностите на Борис Сарафов. По востанието тесно соработувал со левите сили во револуционерното движење.

                                     

2. Подоцнежна дејност

Подоцна, во 1919 година во Софија учествувал во издавањето на списанието Билтен. Тој е еден од потписниците на познатиот Апел од 1919 година во кој се пласира идејата за автономна Македонија. Во јуни 1919 година учествува во основањето на Федерацијата на анархокомунисти во Бугарија.

По превратот од 1923 година тој бил принуден да ја напушти Бугарија и заминал во Истанбул, а оттаму во Виена и Берлин.

По формирањето на ВМРО Обединета, Герџиков станал нејзин член. Но, поради нејзиното потпаѓање под комунистичко влијание, во 1929 година се отцепил од неа и формирал нова национална фракција во Истанбул.

По Втората светска војна како анархист е репресиран од комунистичкиот режим. Умрел во 1947 година во Софија.

Неговите спомени во 1995 година биле издадени и во Македонија.

                                     
  • како негови ученици минуваат редица дејци на Организацијата како: Михаил Герџиков Никола Дечев, Петар Јуруков, Делчо Коцев, Петар Самарџиев, Никола
  • година Иван Варналиев е со четата на Михаил Герџиков во Малешевско и Струмичко. Во јануари 1903 година Михаил Герџиков и Иван Варналиев се во Одринско со
  • Чернопеев и се бори во Источна Македонија. Во 1903 година е во четата на Михаил Герџиков Делегат е на конгресот на Одринскиот револуционерен округ. За време
  • Станал четник во август при Михаил Даев и заминал за Одринско. Во Илинденското востание бил назначен од Михаил Герџиков за околиски војвода и како таков
  • организација, издаваан во Битола. Тој е уредува од Васил Пасков и Михаил Герџиков со прекар Тодор Луканов во уредувањето помагал ученичкиот кружок
  • преку една внатрешна револуција. Организатори на овој кружок биле Михаил Герџиков и Петар Манџуков. Тие биле под влијание на Нихилизмот и руското народништво
  • Балканския полуостров - Източна Тракия, Димитър Войников. Спомени на Михаил Герџиков - Култура Скопје Разорението на тракийските българи презъ 1913
  • Дедеагачки V Ахчелебиски Бил избран Раководен штаб во кој влегле: Михаил Герџиков Лазар Маџаров и капетанот Стамо Икономов. Штабот ја претставувал врховната
  • Нестор Махно Буенавентура Дурути Мјуреј Букчин Лав Николаевич Толстој Михаил Герџиков Спиро Гулапчев Ноам Чомски Макс Штирнер Петар Манџуков Рудолф Рокер
  • на четата на Крсто Б лгаријата бил Аргир Манасиев. По препорака на Михаил Герџиков во ноември 1902 година Крсто станал војвода на чета во Чокенскиот револуционерен

Users also searched:

...
...
...