Топ-100
Back

ⓘ Алесандро Скарлати е италијански барокен композитор. Работел како капелмајстор во Рим и Неапол. Автор е на 115 опери од типот на италијанската опера серија, сос ..




Алесандро Скарлати
                                     

ⓘ Алесандро Скарлати

Алесандро Скарлати е италијански барокен композитор. Работел како капелмајстор во Рим и Неапол. Автор е на 115 опери од типот на италијанската "опера серија", составени од последователно нижење на лирски арии и речитативи. Попознати дела: "Розуара", "Пир и Деметриј", "Митрадат Евпатор" и др. Ја утврдува триделната арија да капо, го установува типот на италијанската оперска увертира, којашто се состои од три дела: брз, бавен, брз. Автор е на околу 700 кантати, 200 меси, 20 оратории и други музички творби. Татко е на двајца други композитори, Доменико Скарлати и Пјетро Филипо Скарлати.