Топ-100
Back

ⓘ Бастион е градба издадена нанадвор од главното обѕидие на едно утврдување, сместено на аголот на два прави ѕида. По облик е остра, приспособена за активна одбра ..




Бастион
                                     

ⓘ Бастион

Бастион е градба издадена нанадвор од главното обѕидие на едно утврдување, сместено на аголот на два прави ѕида. По облик е остра, приспособена за активна одбрана на тврдината. Бастионот им дава можност на бранителите да покриваат соседни бастиони и ѕидини со одбранбен оган.

Бастионите се конструирани за што поголем опсег видокруг за напад врз непријателот. Пред тоа утрврувањата не можеле да се бранат на поголем домет. Бастионот го решил овој проблем со тоа што на него се користеле топови за покривање на пушкарниците, додека друг топ можел да ги напаѓа надојдените едници фронтално.

Поврзано: Бастионска тврдина
                                     

1. Типови

Низ историјата се користени разни типови на бастиони:

  • Правилен бастион - со пропорционални предници, крила и вдлабнатини.
  • Полубастион - има само една предница и крило. За утврдување на аголот на некое место кој е преостар, шпицот се сече, и на него се доставаат полубастиони, кои прават засечени агли.
  • Шуплив бастион - има бедем или парапет само околу крилата и предницата, така што кон средиштето е оставен празен простор.
  • Засечен - има навнатрешен агол на шпицот. Се користеле кога без него, аголот би бил премногу остар.
  • Исполнет бастион - сосема пополнет бастион со основата на иста висина со бедемот, без празен простор кон средиштето.
  • Двоен бастион - каде врз рамниот дел на еден бастион има изградено друг повисоко, оставајќи 4 или 6 метри помеѓу парапетот на долниот и основата на горниот бастион.
  • Рамен бастион - изграден во средина на ѕид или затворен двор, кога дворот е премногу голем за да се брани од бастионите на краевите.
  • Составен бастион - кога двете страни на внатрешниот многуаголник се прилично нееднакви, па при тоа и вдлабнатините се нееднакви.
  • Деформиран или неправилен бастион - бастион кој нема еден од полувдлабнатините, со тоа што едната страна на внатрешниот многуаголник е прекратка.