Топ-100
Back

ⓘ Патот е препознатлива маршрута, правец или патека помеѓу две или повеќе места. Патиштата обично се рамни, поплочени или поинаку припремени за да овозможат лесно ..




                                               

Гилотина

Гилотината претставува справа за извршување на смртна казна со која се отсекувала главата на осудените затвореници во Франција. Била воведена во 1792 во време на Француската револуција на предлог од страна на лекарот д-р Жозеф И. Гијотен. За последен пат гилотината во Франција се употребила на 10 септември 1977, на 9 октомври 1981 година смртната казна била укината.

                                               

Феодор Литвиновски

Феодор Александар Литвиновски - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

                                               

Променлива ѕвезда од типот на Делта Штит

Променлива ѕвезда од типот на Делта Штит - поткласа на млада пулсирачка ѕвезда. Овие променливи и класични кефеиди се важни мерила со чија помош се утврдени растојата до Големиот Магеланов Облак, збиените јата, расеаните јата и галактичкото средиште. Променливите го следат односот помеѓу периодот и сјајноста во извесни појаси како другите стандардни свеќи како кефеидите. Променливите од типот на SX Феникс се сметаат за поткласа на променливите од типот на Делта Штит кои содржат стари ѕвезди, и можат да се најдат во збиени јата. SX Phe-променливите исто така го следат односот период-сјајнос ...

                                               

Тиски Врв

Врвот се наоѓа во средишниот дел на планината, источно од длабокото седло Калиманец 548 м. Врвот има конусест облик и се состои главно од старопалеозојски шкрилци и кварц-профири.

Пат
                                     

ⓘ Пат

Патот е препознатлива маршрута, правец или патека помеѓу две или повеќе места. Патиштата обично се рамни, поплочени или поинаку припремени за да овозможат лесно патување, иако не мора да значи дека се токму од таков тип. Историски гледано, многу патишта биле препознатливи како такви дури и без формална изградба или одржување. Во урбаните области патиштата може да поминуваат низ градовите или селата и да бидат именувани како улици, вршејќи две функции - како урбан простор за пропатување и како пат. Економијата и општеството многу зависат од ефикасните патишта. Во Европската Унија 44% од сите стоки се носат со камиони низ патиштата и 85% од сите лица се транспртираат со автомобили, автобуси или кочии.

                                     

1.1. Патот како тема во уметноста и во популарната култура Патот како тема во книжевноста

  • "Пат" Camino - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.
  • "На врвот од патот" - песна на полскиот поет Јулијан Пшибош.
  • "Пат" - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1957 година.
  • "Пат" Пут - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.
  • "Заскитаниот пат" - песна на полскиот поет Тимотеуш Карпович.
  • "Зимски пат" - песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1826 година.
  • "Крстопат" Encrucijada - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.
                                     

1.2. Патот како тема во уметноста и во популарната култура Патот како тема во музиката

  • "Автопатот по тихоокеанскиот брег" Pacific Coast Highway - песна на американската рок-група "Соник Јут" Sonic Youth од 1987 година.
  • "Тажниот автопат" англиски: Blue Highway - песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер Graham Parker од 1988 година.
  • "Пат за никаде" Road to Nowhere - песна на американската рок-група "Токинг хедс" Talking Heads од 1985 година.
  • "Долгиот искривен пат" The long and winding road - песна на британската поп-рок група "Битлси" од 1970 година.
  • "Судар на автопатот" англиски: Wreck On The Highway" - песна на американскиот рок-пејач Брус Спрингстин од 1980 година.
  • "Патот и небото" The Road and the Sky - песна на американскиот рок-музичар Џексон Браун Jackson Browne од 1974 година.
  • "Кралица на автопатот" англиски: Queen Of The Highway - песна на американската рок-група "Дорс" The Doors од 1970 година.
  • "Автопат" Autobahn - песна од истоимениот албум на германската електронска група "Крафтверк" Kraftwerk од 1974 година.
  • "Ѕвезда на автопатот" Highway Star - песна на англиската хард-рок група "Дип Парпл" Deep Purple од 1972 година.
  • "Автопат" српски: Аутопут - песна на македонската рок-група "Леб и сол" од 1987 година.
  • "Полицаец на автопатот" Highway Patrolman - песна на американскиот рок-музичар Брус Спрингстин Bruce Springsteen од 1982 година.
  • "Навраќање на автопатот 61" Highway 61 Revisited - песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1965 година.
  • "Автопатот 74" Hwy 74 - песна на американската рок-група Kyuss од 1991 година.
  • "Патишта" англиски: Roads - песна на британската поп-група "Портисхед" Portishead од 1994 година.
  • "Клуч за автопатот" Key To The Highway" - песна на блуз-рок групата "Дерек енд д Доминос" Derek and the Dominos од 1970 година.
  • "Патот Старфилд" англиски: Starfield Road - песна на американската рок-група "Соник Јут" Sonic Youth од 1994 година.
  • "Изгубен автопат" Lost highway - песна на американскиот кантри-музичар Хенк Вилијамс.
  • "Валкан спореден пат" Dirty Back Road - песна на американската рок-група The B-52s од 1980 година.
  • "Долгиот пат" - песна на македонскиот музичар Бодан Арсовски.
  • "Автопат до пеколот" Highway To Hell - песна од истоимениот албум на австралиската рок-група "АЦ ДЦ" AC DC од 1979 година.
  • "Автопатот Хилбили" Hillbilly Highway - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл Steve Earle од 1986 година.