Топ-100
Back

ⓘ Борка Велески. Борка Јованов Велески – Горанов - македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на 20 декември 1951 година. ..




Борка Велески
                                     

ⓘ Борка Велески

Борка Јованов Велески – Горанов - македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на 20 декември 1951 година.

                                     

1. Помеѓу двете светски војни

Велески е роден во сиромашно семејство. Бил одличен ученик во основното училиште. Многу млад чита забранета политичка литература, поради тоа е исклучен од 7-ми клас на Прилепската гимназија. Се запишува на Воената школа во Нови Сад, но и неа не ја завршува па се враќа во Прилеп, каде се вработува во Монополот за тутун. Истовремено работи на одгледување тутун и е еден од организаторите на Здружението на производителите на тутун во Прилеп.

Во април 1938 година Велески е еден од предводниците на штрајкот на сезонските работници во монополот. Штрајкувале повеќе од 1.500 штрајкувачи, барајќи подобрување на материјалната положба. Штрајкот имал делумен успех, но по месец дена на Велески му е затворена вратата за ново вработување. Обвинет е дека во говорите пред штрајкувачите внесувал "политичка содржина". Затоа е уапсен, но наскоро и пуштен.

Последните две години пред Втората светска војна стекнува голем углед помеѓу граѓаните на Прилеп. Станува секретар на Здружението на произведувачи на тутун, преку кое произведувачите се борат за подобри откупни цени на тутунот. Велески бил повереник за откуп.

                                     

2. НОВ

Пред Априлската војна, често е повикуван на воена вежба. Од 1940 година веќе е член на Комунистичката партија на Југославија. Командата во која служел го открива и намерава да го предаде на Воениот суд.

По окупацијата, стапил во првата партизанска чета на Селечка Планина на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски командант, тој е војнички најподготвен партизан во четата. Обучува млади борци кои на 11 октомври го нападнаа Прилеп.

Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот одред "Димитар Влахов", во мај 1942 станува познат како Горанов.

Во непријателската офанзива од 14 септември 1942 година, првата чета на одредот "Димитар Влахов", со која бил и Горанов, е опколена на планината Мукос. Јуначки се борат, пробивајќи се од обрачот. Во таа борба многу партизани гинат. Бранејќи ја отстапницата додека партизаните се пробиваат, Горанов паѓа смртно погоден од митралески рафал.

                                     
  • 1920 - 1944 Орде Чопела 1912 - 1942 Борка Талески 1921 - 1942 Кузман Јосифоски - Питу 1915 - 1944 Мирче Ацев 1915 - 1943 Борка Велески - Левата 1912 - 1942 Рампо Левката
  • Ѓорче Петров Љубен Лапе Александар Ежов Благоја Корубин Благоја Талески Борка Велески Борко Лазески Велко Силјаноски Вера Циривири - Трена Дамјан Симитчиев
  • составена од борците: Илија Игески - Цветан, Трајко Бошкоски - Тарцан, Борка Велески - Левата, Лазо Филипоски - Лавски, Ѓорe Велкоски Стрелката и Киро
  • автор на првата книга за граматика за македонски јазик 1912 - 1942 Борка Велески народен херој на Југославија 1912 - 1942 Јордан Чопела, народен
  • Данчо Стојчески Мендо Бошкоски Подоцна на одредот му се приклучуваат: Борка Велески Ѓоре Велкоски Јоска Јорданоски - Сандански Лазо Колевски - Лавски Мара
  • Јавната општинска установа ЈОУ Градска библиотека Борка Талески Прилеп со своето организирано, високо - стручно и професионално работење претставува
  • составена од борците: Јоска Јорданоски - Сандански, Трајко Бошкоски - Тарцан, Борка Велески - Левата, Лазо Филипоски - Лавски, Ѓорe Велкоски Стрелката и Киро
  • автор на првата книга за граматика за македонски јазик 1912 - 1942 Борка Велески народен херој на Југославија 1912 - 1942 Јордан Чопела, народен
  • комитет на КПЈ за Македонија во состав: Бане Андреев, Лазар Колишевски, Борка Талески, Мара Нацева и Благој Јанков - Мучето, а нешто подоцна член на ПК