Топ-100
Back

ⓘ Семјуел Морз. Семјуел Финли Бриз Морз - американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзеовата азбука. Мо ..




Семјуел Морз
                                     

ⓘ Семјуел Морз

Семјуел Финли Бриз Морз - американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзеовата азбука.

Морз е роден во Чарлстаун, Масачусетс на 27 април 1791 година и се школува на Универзитет во Јејл. Учи да црта во Лондон и станува успешен сликар на портрети и еден од најголемите национални уметници во свое време. Истовремено бил и добар вајар.

Во 1826 година станал првиот претседател на Интернационалната Академија за Дизајн во Њујорк. Во тоа време се заинтересирал за хемиски и електрични експерименти и инструменти и започнал со правењето на електромагнетниот телеграф, што целосно успеал да го конструира и комплетира во 1836 година, кога имал 45 години. Истовремено, со самото комплетирање на оваа иновација тој измислил и кодирана азбука, која денес е позната како Морзова азбука, токму во негова чест. На 4 септември 1837 година, во присуство на поголем број научници, Морз со успех ја демонстрира работата на телеграфот.

Во 1843 година, Американскиот конгрес на Морз му одобрува 30.000 $ за конструкција на телеграфска мрежна врска меѓу Вашингтон и Балтимор, Мериленд. Линијата е успешно инсталирана една година подоцна и официјално е отворена на 24 мај 1844 година, кога Морз ја испраќа првата телеграфска порака: What hath God wrought ".

Во 1850-тите, Морз бил многу познат како бранител на ропството во Америка.

Умира на 2 април 1872 година, во својот дом, на возраст од 80 години.

                                     
  • азбука Луј Брај за слепи лица која се чита со допир и Морзеова азбука Семјуел Морз која може да се види составена од точки и цртички но и која може
  • 1791 - роден Теодор Жерико, француски сликар и графичар. 1791 - роден Семјуел Морз американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти
  • време за првпат бил забранет турбанот а бил воведен фесот вид на капа Семјуел Морз својот првпатент за телеграф го добил во 1847 година во стариот Беглербеговски
  • пронаоѓачи ќе ги пронајдете Роберт Фултон изумител на паробродот Семјуел Морз телеграфот Ели Витни памук, џин и многу иноветни делови Сајрус

Users also searched:

...