Топ-100
Back

ⓘ Никита Станеску - романски поет, великан на романската литература. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објавува околу 30 книги поезија и спаѓ ..




Никита Станеску
                                     

ⓘ Никита Станеску

Никита Станеску - романски поет, великан на романската литература. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објавува околу 30 книги поезија и спаѓа меѓу најплодните европски поети. Неговите дела се преведени на многу странски јазици.

Никита Станеску е роден во Плоешти каде и завршува средно училиште пред да замине во Букурешт за да студира романски јазик и литература. Дипломира во 1957.

Станеску се венча уште во 1952 година со Магдалена Петреску, но следната година двојката се разделува. Во 1962 година тој се венча со Дојна Чуреа, а по точно дваесет години, една година пред неговата смрт, се оженува со Тодорица "Дора" Тарица.

Првата збирка песни Sensul iubirii "Смислата на Љубовта" ја објавува во 1960 година. Последната книга што ја објавува во текот на својот живот Noduri si semne "Јазли и белези", е објавена во 1982 година. Умира како последица на хепатит.

Трипати едноподруго ја добива наградата на Сојузот на писателите на Романија, а добитник е и на Хердеровата награда за литература во 1975 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1982 година.

За жал, умира релативно млад, зад себе оставајќи фигура на митски поет и можеби најзначајните поетски дела на пост-воената романска литература:

По падот на Железната завеса, посмртно е избран за член на Романската Академија.

                                     

1. Дела

  • Epica Magna - "Големиот еп"
  • Noduri si semne - "Јазли и белези"
  • 11 Elegii - "11 елегии"
  • Sensul iubirii - "Смислата на Љубовта"
  • Necuvintele - "Непрозборено"
  • Un pământ numit România - "Земјата наречена Романија"
  • O viziune a sentimentelor - "Приказ на чувствата"
  • Opere imperfecte - "Несовршени дела"
                                     
  • преку настапот на грчкиот поет Никифорос Вретакос, на романскиот поет Никита Станеску и на рускиот поет Евгениј Ефтушенко во катедралната црква Света Софија
  • награда Блез Сендрар Швајцарија, 1994 г. Меѓународната награда Никита Станеску Романија, 1996 г. Меѓународната награда на градот Трст, Италија
  • Училиште Михај Храбриот Училиште Жан Моне Училиште Спиру Харет Училиште Никита Станеску Фудбалкиот клуб Петропул бил основан во 1924 година и е најстар фудбалски
  • социопсихолог и социолог. 1944 Василиј Кандински - руски сликар. 1983 Никита Станеску - романски поет. 1992 Александар Тирнаниќ - српски и југословенски
  • Станковиќ - српски писател. 1914 Октавио Паз - мексикански писател. 1933 Никита Станеску - романски поет и есеист. 1955 Ангус Јанг - австралиски рок - музичар
  • Станковиќ - српски писател. 1914 Октавио Паз - мексикански писател. 1933 Никита Станеску - романски поет и есеист. 1955 Ангус Јанг - австралиски рок - музичар
  • социопсихолог и социолог. 1944 Василиј Кандински - руски сликар. 1983 Никита Станеску - романски поет. 1992 Александар Тирнаниќ - српски и југословенски

Users also searched:

...