Топ-100
Back

ⓘ Сикорски УХ-60 Црн јастреб - среднотоварен хеликоптер со четири перки и два мотора изработен и произведен од претпријатието Сикорски. Сикорски го произведе моде ..




Сикорски УХ-60 Црн јастреб
                                     

ⓘ Сикорски УХ-60 Црн јастреб

Сикорски УХ-60 "Црн јастреб" - среднотоварен хеликоптер со четири перки и два мотора изработен и произведен од претпријатието "Сикорски". "Сикорски" го произведе моделот С-70 за Армијата на САД во 1972 година со надеж дека ќе биде избор на Армијата. Тој беше назначен како YUH-60A и беше избран како победнички хеликоптер во 1976 поразувајки го YUH-61 на "Боинг". Црниот јастреб влегува во конечна употреба во 1979, заменуваки го тогашниот UH-1 Iroquois.

                                     

1. Дизајн

Црниот јастреб има два ротора со по четири перки кои ги движат двата GE T700 мотора. Тој има долга и издолжена форма по условите на Армијата на САД за да може да го собере во транспортниот авион C-130 Hercules. Може да носи 11 опремени војници со целовкупна внатрешна тежина од 1.170 кг, а однадвор може да крене и до 4050 кг се однесува на верзијата UH-60L/M

Ова е практичен хеликоптер и може да изведува повеќе видови операции, како што се превоз на војници, воздушно војување и спасување на војници. Исто така има и ВИП верзија која се користи за превоз на значајни лица, како премиер, претседател итн. Хеликоптерот кој го превезува Претседателот на САД е наречен "Marine One". Тој може да носи 11 војници или пак муниција за војници на земјата. Црниот јастреб има развиено и голем број на електронски апарати и сензори, како што е ГПС, системот за глобано позиционирање.

Цената на еден Црн јастреб може многу да се разликува. На пример, цената на еден ваков хеликоптер од типот UH-60L чини 5.9 милиони долари, додека надградениот MH-60G Pave Hawk на Воздухопловството на САД чини 10.2 милиони долари

                                     

2. Операции

Хеликоптерот влегол во употреба за првпат со 101-та воздушна девизија во јуни 1979. Тој за првпат бил употребен во војна во инвазијата на Гренада во 1983 година, па подоцна во Панама во 1989. За време на Заливната војна биле употребени повеќе од 300 црни јастреби. Подоцна, во 1993, Црниот јастреб бил употребен во Битката за Могадишу, во Сомалија, како подоцна и на Балканот и во Хаити. Тие сѐ уште се во употреба во Авганистан и Ирак.

Црниот јастреб е исто така во употреба и во Колумбија, Израел, Мексико, Тајван, Турција, Обединетите Арабски Емирати и други земји.

                                     

3.1. Особености Главни карактеристики

  • Должина: 64 ft 10 in 19.76 m
  • Тежина празен: 10.624 lb 4.819 кг
  • Висина: 16 ft 10 in 5.13 m
  • Капацитет: 2.640 lb карго, вклучувајќи 14 војници, или 8.000 lb UH-60A или 9.000 lb UH-60L надворешен товар кој го крева.
  • Максимална тежина со која може да полета: 23.500 lb 10.660 кг
  • Ширина на трупот: 7 ft 9 in 2.36 m
  • Тежина наполнет: 22.000 lb 9.980 кг
  • Мотори: 2× General Electric T700-GE-701C, 1.890 коњски сили 1.410 kW секој
  • Екипаж: 2 пилоти
  • Пречник на роторот: 53 ft 8 in 16.36 m
                                     

3.2. Особености Перформанси

  • Максимална брзина: 159 kn 183 mph, 295 км/ч
  • Макс. висина: 19.000 ft 5.790 m
  • Сила: 0.192 hp/lb 158 W/kg
  • Брзина на качување: 700 ft/min 3.6 m/s
  • Растојание кое може да го помине со едно полнење гориво: 1.380 mi 1.200 nmi, 2.220 км со надворешни резервоари за гориво
  • Нормална брзина: 150 kn 173 mph, 278 км/ч
  • Полупречник во кој може да војува со едно полнење гориво: 368 mi 320 nmi, 592 км
                                     

3.3. Особености Вооружување

  • 2×.50 in 12.7 mm GAU-19 митралези
  • 7.62 mm 0.30 in, 20 mm 0.787 in, or 30 mm 1.18 in M230 топови
  • 2× 7.62 mm 0.30 in M134 minigun митралез или
  • 70 mm 2.75 in Hydra 70 ракети
  • 2× 7.62 mm 0.30 in M240H митралези или
  • ESSS помошните крилја може да имаат