Топ-100
Back

ⓘ Фазил Хисни Дагларџа - еден од најафирмираните и најплодни турски поети со повеќе од 60 издадени збирки песни до 2007 година. Иако учел во воена школа, започнал ..




Фазил Хисни Дагларџа
                                     

ⓘ Фазил Хисни Дагларџа

Фазил Хисни Дагларџа - еден од најафирмираните и најплодни турски поети со повеќе од 60 издадени збирки песни до 2007 година.

Иако учел во воена школа, започнал со пишување поезија уште од средно училиште. Неговата песна Yavaslayan Omur "Бавен Живот" го става во центарот на вниманието на турската интелегенција уште во 1933 година. Како офицер живеел во неколку градови во земјата сè до 1950 година, кога и ја напуштил армијата, по што работел во Управата за Печат и Туризам и Министерството за труд уште десет години. Некое време минал во Франција во 1952 година. Заедно со еден пријател ја основал книжарницата и издавачка куќа Kitap "Книга", чиј управник бил сè до 1970 година. Оттогаш бил безмалку исклучиво посветен на пишување поезија.

Дагларџа бил избран за најдобар турски поет од страна на Меѓународниот Поетски Форум на состанок во Питсбург, Пенсилванија во 1967 година и бил добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1974 година.

Неговата пуристичка употреба на турскиот јазик воведува една нова димензија во современата турска литература. Во своите песни тој обработувал мотиви од праисторијата на човекот и универзумот, теми со антивоен карактер, но и такви инспирирани од Турската војна за независност.

                                     
  • Седар Сенгор режија 1976: Еугенио Монтале режија, сценарио 1976: Фазил Хисни Дагларџа режија 1978: Џафра режија 1979: Ежен Гилвик режија 1979: Рафаел
  • калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и светица. 1914 Фазил Хисни Дагларџа - турски поет. 1914 Хулио Кортазар - аргентински писател. 1928 
  • калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и светица. 1914 Фазил Хисни Дагларџа - турски поет. 1914 Хулио Кортазар - аргентински писател. 1928 
  •  САД 1972 Пабло Неруда Чиле 1973 Еуџенио Монтале Италија 1974 Фазил Хисни Дагларџа Турција 1975 Леополд Седар Сенгор Сенегал 1976 Ежен Гилвик Франција
  •  САД 1972 Пабло Неруда Чиле 1973 Еуџенио Монтале Италија 1974 Фазил Хисни Дагларџа Турција 1975 Леополд Седар Сенгор Сенегал 1976 Ежен Гилвик Франција

Users also searched:

...