Топ-100
Back

ⓘ Антички Македонци, здружение. Здружението на граѓани Антички Македонци од Богданци е македонска невладина организација чија главна цел е иницирање, унапредување ..




Антички Македонци (здружение)
                                     

ⓘ Антички Македонци (здружение)

Здружението на граѓани Антички Македонци од Богданци е македонска невладина организација чија главна цел е иницирање, унапредување и развивање на разни активности заради остварување на масовна афирмација на македонската историја и култура од античко време до денес.

Здружението на граѓани "Антички Македонци" од Богданци е со седиште во Богандци и е регистрирано на 26 јули, 1993 година врз основа на член 16 од Законот за општествените организации и здруженија на граѓани. Претседател на здружението е Васил Иљов.

Како посебна задача на здружението се наведува афирмирањето на тезата за континуитет на македонскиот народ од античко време до денес, како и истражување и проучување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес.

Во преамбулата на Статутот на здружението, стои дека една од дејноста на здружението ќе биде насочено кон преиспитување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес.

Здружението е против официјалната историска наука на Република Македонија и се бори за ревизија на историјата со поголема афирмација на тезата за директен континуитет со антиката.

                                     
  • 2019 - 08 - 11 Македонци слават Ден на македонското знаме Expres.mk. Македонски Хералд, бр. 5 PDF Скопје: Македонско Хералдичко Здружение јули 2011
  • наоѓал близу денешно Тетово, и е всушност, во урбанистичка смисла негов антички предок, од чиј назив подоцна е изведено и денешното словенско име на целата
  • гробишта кај селото Бања - каде се откриени и цели антички згради, и Градиште во близина на Спанчево. Антички скулптури и надгробни споменици се откриени и

Users also searched:

...