Топ-100
Back

ⓘ Џеремаја Кларк бил англиски барокен композитор и органист. Се мисли дека е роден во Лондон во 1674. Бил ученик на Џон Блоу во катедралата Св. Павле. Подоцна ста ..




                                     

ⓘ Џеремаја Кларк

Џеремаја Кларк бил англиски барокен композитор и органист.

Се мисли дека е роден во Лондон во 1674. Бил ученик на Џон Блоу во катедралата Св. Павле. Подоцна станал органист во Кралската капела. Го завршил животот со тоа што се самоубил се застрелал заради "жестока и безнадежна страст за преубава млада дама од виш статус". Пред да се застрела размислувал и да се обеси или удави. На работното место бил наследен од Вилијам Крофт.

Денес Кларк е најпознат по клавијатурното дело со наслов "Марш на данскиот принц" Prince of Denmarks March, популарно наречено "Волунтерија за труби" Trumpet Voluntary кое долго време му се припишувало на Хенри Персел. Композицијата е всушност преземена од полуоперата "Островската принцеза", заедничко дело на Даниел Персел помладиот брат на Хенри Персел, што е веројатно причина за забуната.

                                     

1. Дела

  • Миси и друга верска музика меѓу кои и 20 химни и неколку оди
  • Наградено дело: Марш на данскиот принц од "Островската принцеза", популарно наречен "Волунтерија за труби", околу 1699
  • Музика за чембало и органа
                                     

2. Надворешни врски

  • Џеремаја Кларк - слободни партитури на CPDL
  • Слободни партитури Џеремаја Кларк од проектот "Меѓународна библиотека на партитури"
  • Easybyte - слободна лесна партитура за "Вулонтерија за труби"
  • Слободни партитури од Џеремаја Кларк на Вернер Икинговиот музички архив