Топ-100
Back

ⓘ Референдумот претставува облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата и ..




                                     

ⓘ Референдум

Референдумот претставува облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата или локалната заeдница. Референдумот претставува најзначајна и најраспространета институција на непосредната демократија во светот.

Плебисцит е организирано изјаснување на народот по некое прашање. Настанал во Стариот Рим како облик на непосредна демократија. Разликите меѓу референдумот и плебисцитот се мали, при што референдумот почесто се применува кога се во прашање законите, а плебисцитот е во врска со изјаснувањето за обликот на владеење или некое друго важно прашање. Граѓаните се изјаснуваат со да или не. Во поновата историја користењето на плебисцитот прв го вовел Наполеон со поставување прашање дали народот го прифаќа за доживотен конзул, односно дали се признава наследноста на царската титула во неговата фамилија. Називот плебисцит првпат е употребен за време на владеењето на Наполеон III кој во два наврата непосредно му се обраќал на народот во 1851 и 1870 година.

За разлика од плебисцитот за внатрешните прашања, плебисцитот во врска со меѓународните прашања е еден од начините за остварување на правото за самоопределување. Со плебисцит се одлучува по прашањето за суверенитет на државата во која ќе живеат граѓанните. Во извесни ситуации, плебисцитот претставува само потврда за анексија, на пример, или за веќе однапред донесена одлука.

                                     

1. Референдумот во Република Македонија

Во Македонија референдумот е уставна категорија регулирана со членот 73 од Уставот на Република Македонија. Референдум може да се распише по претходно гласање на мнозинството парламентарци или пак Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.

Формите на референдум се уредени со Уставот, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните од 2005 како и Законот за локална самоуправа од 2002.

                                     

2. Надворешни врски

  • Маја Арсовска, "Референдуми и граѓански иницијативи во Р.Македонија", 6.12.2016.
  • Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните
  • Гоце Трпковски, "Сите референдуми во Македонија", "Призма", 30.09.2018.
                                     
  • Македонски референдумот за независност - референдум одржан на 8 септември 1991 година, кој резултира со прогласување на независност на Македонија од Социјалистичка
  • Референдум во Општина Центар, 2015 - референдум на територијата на Општина Центар на 26 април 2015 година. Референдумот бил неуспешен поради тоа што не
  • 7 ноември 2004. Согласно Уставот на Република Македонија и Законот за референдум и граѓанска иницијатива од 1998, а по барање на 180.454 граѓани на Република
  • Референдум во Општина Валандово 2017 - референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Валандово на 20 август 2017 година.. Првично, Советот на
  • Референдум во Општина Дојран 2017 - референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Дојран на 23 јули 2017 година. Првично референдумот требал да
  • Референдум во Општина Босилово 2017 - референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Босилово на 3 септември 2017 година.. Жителите на Општина Богданци
  • Референдум во Општина Дојран 2020 - референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Дојран на 2 февруари 2020 година. Граѓаните на овој референдум
  • Референдум во Општина Ново Село 2017 - референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Ново Село на 17 септември 2017 година. Овој референдум бил
  • Референдум во Македонија 2018 - референдум на државно ниво што се одржал на 30 септември 2018 година во Република Македонија. Согласно конечните резултати
  • Референдум во Општина Богданци 2017 - референдум на територијата на Општина Богданци кој се одржал на 11 јуни 2017 година. Референдумот бил распишан