Топ-100
Back

ⓘ Барокот се појавува кон крајот на XVII век во Европа, во периодот кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е расцепкана и политич ..




                                               

Список на музички форми од епохи

Секое музичко дело има свој сопствен поединечен облик. Mузичките облици низ историјата настанувале и се развивале. Овде е даден списокот на сите музички облици форми и/или жанрови по епохите.

Барок
                                     

ⓘ Барок

Барокот се појавува кон крајот на XVII век во Европа, во периодот кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е центар на уметноста. Црквата била принудена да се спротистави на реформацијата, а промените во уметноста доведуваат до раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од затворените форми, архитектите и вајарите бараат нови димезии на изразување и создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и движење. Сликарите и понатаму во центарот на вниманието ги сместуваат религиозните содржини, но се во потрага за нови ефекти во третирањето на бојата.

Барокот го добил името по шпанскиот збор барок што значи бисер со неправилна форма.

                                     

1. Настанок на барокот и главни карактеристики

Основните карактеристики на барокот се согледуваат уште во ренесансните дела. Во одредена смисла барокот е негација на ренесансата бидејќи во себе содржи компоненти кои произлегуваат од средновековното христијанство. Најзначајни претставници на уметничкиот правец од ренесансата кон маниризмот и барокот неоспорно е Микеланџело Буонароти. Во текот на XVII и XVIII век барокот се раширил во Европа. Има зачетоци во сите сфери на животот, архитектура, сликарство, литература, музика. Тоа е последен универзален стил на Европа кој настанал во Италија и се проширил во Германија, Австрија, Франција, Холандија. Во сликарството елементите се прелеваат во илузинистички стил. Во архитектурата се појавуваат пластични елементи, а се употребува сликарството за да се емитираат елементи на градежништво сводови, ребра и сл. Барокот дава предност на асиметријата, заоблени облици. Елемент на барокот е движењето, динамичноста, што е спротивно на ренесансата.

                                     

2. Архитектура

Карактеристики на барокната архитектура се монументално и грандиозност како и нагасувањето на чувствата, со цел да се створи впечаток врз човекот. Црквите требале да бидат слика од небото на земјата, а палатите и замоците да репрезентираат богатство и моќ. Основа на објектите била елипсата или нејзините елемента, а чест архитектонски елемент е куполата. Се употребувале скапи материјали, злато, благородни дрва, како и боен мермер.

Претставници на барокната архитектура се Џан Лоренцо Бернини, Франческо Боромини и Гуарино Гуарини. Бернини е несомнено најзначајниот архитект кој ги изградил колонадите на базиликата Св. Петар.

                                     

3. Сликарство

Барокот се формирал од темата која го поттикнувала човекот да размислува и оние кои требале човекот да го допрат длабокот за да размислува за потребата на верата. Црквата со сите средства се трудила да ја задржи положбата која ја имала. Сликарството во барокот го развивал односот на светлината и сенките и тежнеел кон развивање на динамика која потенцира силна гестикулација и движење. Најзначајни барокни сликари се Микеланџело Караваџо, Дијего Веласкез, Петер Паул Рубенс, Рембрант ван Вијенс и др.

                                     

4. Скулптура

Во Барокот скулптурите се одликуваат со вознемиреност, буен волумен, и длабока моделација поради која се појавува контрастот на светлината и сенките. Вајарските дела биле декорен детал насекаде - во внатрешноста на градбите, во црквите, во дворците и палатите и сл. По тематиката, најчесто се обработуваат теми од христијанството, но чести се и портретските скулптури како и надгробните скулптури.

                                     

5. Поезија

Ова движење нашло свој одраз и во литературата, посебно во поезијата. Во прво време се нарекува маринизам, а поезијата маринистичка. Маринистичките поети биле мајстори на својот занает, во изразот постигнувале непредвидена звучност, а сликовитоста и музикалноста на стиховите достигнувале врв. Се пишувале љубовни стихови, а доаѓаат до израз обидите да се опејат телесните убавини на девојката, детално опишување на женската убавина.

                                     
  • Украински барок или Козачки барок или Мазепа барок е архитектонски стил кој се појавил во XVII и XVIII век. Историскиот и регионалниот стил на украинскиот
  • година. По завршувањето, внатрешноста на црквата бил изработен во козачки барок стил. Во 1769 година бил изработен дрвениот иконостас. По падот на комунизмот
  • гробишта за да по десет години биде изградена и црква во класичен украински барок стил. Во 1809 година била изградена камбанерија околу црквата. Во времето
  • била разрушена а на нејзино место била изградена нова црква во украински барок стил. Во 1752 година црквата била осветена. Во 1934 година, црквата била
  • црква која се наоѓа во Киево - печерската лавра во Киев, Украина. Христијанскиот храм бил изграден во периодот од 1696 до 1698 година во стил на барок
  • црква била изградена нова црква од градежен материјал во класичен украински барок стил. Во 1893 година било решено и оваа црква да биде разрушена, а на нејзино
  • помеѓу 1991 и 1997 година. Црквата е посветена на Света Троица. Таа е изградена во стил на барок Во нејзина непосредна близина се наоѓа камбанерија.
  • христијански храм бил дизајниран од страна на Осип Старцев, во стил на барок Црквата била изградена во 1696 година, а била позната по своите блескави
  • амати, гварнери Барокната музика го добила името според шпанскиот збор барок што значи бисер со неправилна форма. Музички форми во што во барокот ги
  • Блиските и Далечните пештери. Црквата била изградена во 1705 година во стил на барок Двете порти околу црквата биле изградени кон почетокот на 20 век. Едната
  • конвексност вдлабочено, испупчено и општата разиграност на масата. Барок - baluka значи перла, се е богато и китесто, треба да се потврди моќта

Users also searched:

...
...
...